Н Ненормална работа баш ми е жал кој знае како се имаш чуствувано во тој момент кога ти го рекол тоа без осет се доктоеиве наместо прво да провери барем сега све имаат на компјутер зошто си дојдена тој од памет зборит, мене на почеток што не ми викаа вонматерично ваму е заглавено таму дојди да го најдиме да го извадиме, замислете да појдев сега немаше да сум бремена 32 недела
Не спијам добро, се ме боли на вртење, не можам да седам -ме боли грбот, не можам да лежам - ме боли кичмата, не можам да пешачам -ми тежи стомакот, во последно време секојдневно и главоболка имам а притисок добар. Ве читам за депилација, мене ми забранија ради спазам на матката и страв ми е на интима, до кај се стигнам се депилирам сама по раце нозе а долу не се ни гледам веќе еднаш мм ме среди со машинка за шишање и така ќе тераме до пред пораѓај тогаш ќе појдам на козметичар. И така, се на се само апетитот ми е добар ама еве кај е мај јуни, уште три месеци предолги
Денес бев на контрола 37+5 денес. Мисла ми беше не бев отидена цел месец. Буцка тежи 3135 кг. Едни образи што има се стопив. Рече докторката дека се е во ред и засега нема знаци за пораѓај уште било високо. плацентата мазна чиста . плодова вода доволно таман. Рече ќе тера уште . Ај ќе видиме до кога барем овие два дена за породилно да фанам до 12 да држи ама мислам дека ќе оди и повеќе. Си викам можеби заедно ќе славиме роденден јас сум на 25 термин ми е 26 И така ми се намири душата стасав да се средам и бебуш да го средам за болница и сега само можам да си уживам и да чекам, мада од уживање тешко ни се оди, ни се седи а ни се спие веќе. @medena147 јас дури денес гледам дека си се породила оваа оретходна недела не бев активна многу. Баш те помислив дека те нема ќе те тагнував што направи до кај си А ти веќе си се излеснила, Нека ти е живо и здраво бебчето! Големо да расте, како сте ? како помина? @Lady Maria И ти се излесни конечно, нека ти е живо и здраво бебчето. Чекам да пишеш како помина на сета паника и страв
Тоа е, Господ да не чува. Јас сум презадоволна од матичната па и од др. што ми ја води бременоста од сам почеток и свесна сум дека сме многу и неможе да памтат се и секогаш се да им текне,ама па коа ќе речат не читајте по форуми, епа ако не читав немаше да дознаам тоа што тие го испуштија. Сум за да не се опреретуваме со се и да не читаме и веруваме се што ќе ни испадне на нет или по форуми, ама и те како може корисен совет да добиеш ако знаеш правилно да ги селектираш информациите. Од друга страна исто и те како коже да ти се оклучи некој тригер,сосема рандом читајки нешто трето, така да се што е умерено и паметно употребено треба да се користи.
Klocnovi izigravaat. Imam majcina, spored nea si gleda ama ova beshe na pocetok. Posle 12,13 nedela da ne mi ja dade, ic ne se secavam tocno Baraj da ti meri da ne si na misla
Здраво, поактивна е темава, а и гледам сте пишувале за депилација.. Јас претходно користев Лумеа и немам нешто влакна по нозе за депилирање, но за интима, надусници, веѓи ми треба средување веќе Да препорачате добар салон во околина на Козле, Карпош, Тафталиџе? Фала ви однапред!
Бев и до кај матичната. Да не ми кажеше вика, немаше ни да посумјам, се е одлично вика. Уствари дојдовме до заклучок дека е од напињање што имам запек и утрогестан едно навечер и дабростонот 2х1. Многу ми се учина хормони, ама тоа е
Ако @A94 поарно да си слушнеш повеќе мислења да си бидеш мирна.... а за запекот не зборувај коза не ми е рамна
Консултирај се со матичниот околу дозата, можи малце ти е. Инаку природна појава, се тегнат лигаментите, боли.
Баш од движење повеќе уште повеќе ме боли,сеа ке ми забранат и движење заради плацентата,по втор пат плацента превиа..
Мене докторката ми рече магнезиум 400мг / две од солгар наеднаш да не ги делам сабајле навечер - провери ја грамажата на твоите
Мене ме уби таа срамна коска од болки,почна од 17 недела еве 20 сум не поминува и тоа константна болка да неможе човек да функционира,си плачев некогаш од мака,матичен вика нормално е ќе боли и не ми даде ништо.Инаку некои ги боли само на седење и кога одат повеќе поминува а мене напротив,неможам нога да померам од болка,ниту да седам ниту да спијам Јас пијам од пред некој ден неуробион форте по препорака од доктор од систина и може имам за нијанса малку помалку болка. Инаку страшно е со таа срамна коскаИ магнезиум земав по 2 во ден на now од 200 мг и ништо
Слободно Ана пиј по 4, две сабајле две навечер па ќе осетиш подобрување . Секоја жена има различни потреби. Јас моментално ми зголемија денеска пијам 1400 мг рачунај 7 таблети од 200 now. Јас болка не осетив бременоста освен кичма некогаш што си имам мака од претходно.