Оф бе .. иначе кога те боли при движење одиш до максимална толеранција и потоа попушта. Ми се случи пред некој ден да немам мрднато од дома некое време, едвај станав едно сабајле од кревет и едвај одев, па вртев кругови околу зграда со болки дури не ме попушти. Втора бременост ми е и мене, првата лежев два месеци и ептен сѐ ме болеше, само движење му е чарето. Ама штом е таква работата кај тебе, не знам што да те советувам. Ете пробај со магнезиум, ама мене ич не ми помагаше, а по 1200мг пиев претходната бременост. Исто земи и појас за трудници, мене колку толку ми помагаше.
Не е задолжително мерењето. Во странство зошто не го мерат на пример. Јас денес бев на преглед и ја прашав докторката дали мерат овде, бидејќи кога бев во Мк ми мереа, таа ми рече тука не се мери бидејќи повеќе инфекции може да се фати со самото мерење. Секако дека го пратат и ако има нешто сомнително тогаш се превзема. Во предходната бременост јас не ни знаев дека се мери, ни еднаш не ми измерија и фала Богу немав ни стрес во врска со тоа. Што повеќе читаме сами си ствараме паника а реално нема потреба. Се знае, уредна бременост нема што да се бара само нешто. @Ladyme како си?
Истото и мене ми го кажа др. Димчев. Јас инсистирав и тој рече дека нема потреба. Рече као сега мериме и толку. Вика ризикуваш само да создадеме некаква иритација или инфекција. Дури и инсистираше само абдименални прегледите да бидат од тогаш па натака. Сега сум кај др. Котларова и таа го потврди истото.
Добро сум мирувам, добро е грло се одржава. Искрено мислам дека на скриниг треба да се измери грло, и ако е намалено да назначи ако се океј тогаш е добро. Има многу трудници со спонтани во рани недели од што се отвориле. Рана диагностика значи и во третман на истата. Мене на прв скрининг Данева ми го мереше и др Афродита во ремедика, и на втор исто. Вагинално ехо не е ризик за инфекција. Се користат ракавици, кондом. Никој од вагинално ехо во нормални услови нема да фати инфекција незнам зошто докториве шират такви информации. Да било така немало да го користат тој метод.
Јас со син ми кога бев трудна имаше случај во блиска околина со пораѓај во 6 месец поради скратено грло, нормално дека збудалев и го прашав матичниот, рече ако имало нешто не во ред или сомнително се гледало и со обичното ехо..
Баш ми е мило, одмарај. Инаку тој метод не се користи во бременост нели, само првиот преглед е вагинален. Не е исто кога правиме преглед кога нема бременост и сега, ризично е и затоа и се пазиме повеќе. Ракавици и кондом исто не е 100%, на самото пакетче пишува . Не знам, така ми кажаа денеска, намерно прашав. Сигурно не им одзема многу во работата, па да е тоа причина ама ете. Нека кажат членките како е во Германија, ова за во Италија зборам.
Прв скрининг цел ми беше вагинален, Данева е мн добар доктор и професор на Гак и мислам еден од тие најдобрите за дијагностика фетална медицина. Др Афродита исто само така можеше да го види убаво мозокот на бебето во таа преспектива за да види како се развива. Нема нигде докази за тие размислувања. И искрено мислам дека имаме мн квалитетен кадар овде, што ни го бара светот. Мн интелегентен народ сме, само немаме развиена земја да инвестира во развој на медицината.
Исто и јас неможам ни да одам ни да седам ни да лежам и ноќе кога се вртам од една на друга страна осеќам дека боли. Бев малку поактивна деновиве викам ке попушти со движење ама не,се бетер станува. Ке појачам магнезиум па ке видиме.
И кичма и срамната коска двете ме кинат. Абе чудна работа ова со првата бременост ме болеа ребрата таму накај 7 месец изгледа како растеше стомакот така болеше повеќе. А сега 5 месец сум а стомакот ко 7 да сум ми е,не ме боли таму ама еве ова доле..
Еве ова само од себе почнува да боли и само од себе прекинува како ништо да не било,без разлика дали сум испила магнезиум или не. Со движење претерав деновиве ама морав натаму наваму по болници дека примав венски антибиотик,ке мора секако да лежам,со мало дете дома како ке биде ке видиме. Од кај го зема појасот? Дај пушти линк нешто да ѕирнам да земам и јас,од кој си задоволна?
Исто и мене др Гордана во Систина ме гледаше вагинално на првиот скрининг причината беше што бебе не мируваше за да го измерат смешки беше.
Во четврток влегувам 26 недела и засега немам никакви болки( да напоменам дека активна сум на работа, по дома, шетање за викенди нон стоп) а и си спијам најнормално. Ти како се чувствуваш?
и јас водам бременост кај др. Афродита, на втор скрининг абдоминално ми измери цервикс ама беше 49мм, веројатно ако беше на граница ќе ми измереше и вагинално за попрецизни мерки. Матичната пак, секој преглед и вагинално ме гледа уште од 12та недела за да измери цервикс. И апсолутно се согласувам дека нема смисла муабетот за инфекции, поголема шанса има инфекција во сопствениот тоалет дома да фатиш отколку во болнички услови, со стерилни ракавици и кондом. Многу ме иритираат споредбите Македонија со други држави во однос на водење бременост. Тоа што во Германија, Норвешка и Франција се прават едвај 3 ултразвучни прегледи, другото е само доплер да се детектира фетална срцева акција, не значи дека тамошниот пристап е подобар, туку дека не го оптеретуваат здравството со прегледи, односно за заштеда на јавната каса се случува тоа. Кај нас се бесплатни прегледите, еднаш на 4 недели, здравството е преоптоварено баш од таа причина што има пречести прегледи, но, според мене така е подобро бидејќи има можност за рана детекција на многу аномалии. Затоа и статистички на Балканот има многу помалку бебиња родени со хромозомски абнормалности отколку на запад.
Кога сме кај инфекциите безразлика дали зборите за вагинални или уринарни,јас мака мачам уште од првата бременост со бактерија во мокрача што докторите викаат дека е болничка бактерија и најверојатно од негде од прегледи сум ја закачила,зошто претходно никогаш немам лежено во болница освен кога се породив ама тогаш веке си ја имав.. Значи таква бактерија дома не сум можела да фатам..
Тотално не се согласувам дека има ризик со вагинално ехо, односи како имате? Секој мониторинг е важен, мојата докторка во Систина ми мери цервикс на 4недели
Од Зегин го зедов пред 4 години негде, ич не памтам каков беше го немам пакувањето, ама задоволна сум. Иначе го зедов со извештај од специјалист со минимална некоја партиципација, ако имаш можност нека ти препишат да не фрлаш пари.
Немој да се иритираш безпотреба те молам. Не направив споредба само кажав што ми кажаа на преглед. Не споредувам стручност. И овде може да се оди на приватни прегледи, цената е иста како кај нас. Прегледи и овде има на 5-6 недели бесплатни секако и не е дека на инка слушаат како работи срце . И да, дома сигурно има повеќе инфекции од болница
Секоја медицинска манипулација носи ризик од инфекција и тоа со посебна категорија - болнички бактерии, кои у суштина се отпорни на све и свашта. И само да лежиш во болница е ризик од истите - ќе ви каже секој нормален доктор што прочитал поише од мини скрипта во тек на студии. Интрахоспитални инфекции се една цела наука.