За Германија, 32ра недела сум и уште ме гледаат вагинално. Мора ради грлото на матката да се измери. Нема ризик од инфекции, да има нема да не прегледуваат така. На доктор одиме да се лечиме или да се спречи инфекција не да се фати. @EnaEnA30 лошо те информирале за Германија, имам ехо секој месец од 24та недела на секои две недели. Цтг, 3 скрининзи со НИПТ тест и додатни испитувања се покриено од здравственото осигурување. Платив само 17 евра за полот преку крв да го дознаам и 18 евра за токсоплазмоза. Толку. @Baby Girl123 се сложувам со тебе. Овде се оперирав од ендометриоза за еден месец останав трудна. Во државна на гинекологија сакаа да ми го вадат левиот јајник пошто мислеа дека имам рак ради високи тумор маркери…среќа што не се одлучив во Мк да правам операција.
Се согласувам со тебе. Бремена 22ра недела во Германија. Контрола на секои 4 недели, два скрининзи до сега со НИПТ тестови. Секоја контрола правиме анализи на урина, крв, крвен притисок. Се запишано во матична книшка Вагинално ехо до 16та недела, после тоа абдоминално. Првиот скрининг ми беше вагинално, па потоа на абдомен. Се е покриено од здравството и не сум платила до сега ништо. Следно ми е за гестациски дијабетес за кое не ни ми текна да прашам, самиот матичен води се што е потребно, тоа што не не оптоваруваат со испитувања дополнителни (доколку не се потребни) се поради тоа што трудниците не треба да имаат дополнителни стресови, колку поопуштено толку подобро.
Да така си е. И кај мене е исто. Тие ќе ти кажат кога треба за гестациски можеби на следен преглед ќе те известат. Би требало во 30та уште еден скрининг да имаш, јас имав, не дека се сомневаше докторката на нешто туку чисто превентивно. Мене ме гледа сеуште на вагинално ехо ама тоа си е може до пристапот до самиот доктор како преферира. За токсоплазмозата јас сакав да си направам бидејќи чувам мачки инаку не е задолжително затоа платив плус дека по моја иницијатива.
Znaci devojki prepukav za sladoled kade da go prakjam maz mi hahahha, ima li po benziskive ili mnogu e rano ushte. 17 nedeli raat si bev, nemav nekoi zelbi za hrana posebno ama vecerva mislam deka ne mozam da izdrzam vekje
Прееска возејќи и мене ме спука желба за сладолед, застанав во палма, земав две топчиња и продолжив да возам по партизанска со корнетот во рака ПРЕУБАВ
Јас цела зима јадев сладолед по 2 пати неделно, не знам што ми беше со сладоледот.. а и јас не сум имала некакви посебни cravings.. Има и на бензинска, и во маркет само гледај убаво рокови.
Хахаха ти желба за сладолед, јас желба за компот Никогаш не ми паѓало на памет за компот, но пред некоја вечер ми влезе во главава компотот. И се јавив на свекрвами и викам ми се јаде компот Душава нашла дома едно јаболко ми сварила и етеја со тенџерчето на врата Колку ми дојде слатко мислиш најголем обожавател на компот сум
Феникс нормално ли е еве скоро една недела уште ми траат болките. Кога мирувам буквално како ништо да не ми е, а треба да станам борба од болки и при движење исто како да се распаѓам, а во спиење мака ми е што само стомакот ми тежи да се вртам како болки да имам. Почнува паника да ме фаќа, преглед имам дури за недела дена, се мислев да одам порано …
Да, за жал цела бременост траат. Не е ништо лошо да знаеш. Не се улежувај многи, боли повеќе од тоа, и од многу седење боли. Поминува тек после пораѓај. Во бременост го има па го нема, се до крај.
Еве јас да се пријавам скоро месец ми траат,почнаа околу 17 недела,буквслно ме направи нефункционална ни да можам да одам ни да седам ни ништо,само лежев дури и тогаш некогаш ме болеше,пиев магнезиум по 200 мг,но ништо не помагаше. Последна контрола во систина докторот ми ги препиша неуробион форте и почнав да ги пијам има подобрување за нијанса болката ми се намали но тука е.
На бензински нема уште. Ако си од СК Во Веро и Тинекс има а и во поголем Кит го , и во жито има Редовно си јадам сладолед
Девојки здраво, Во рана бременост сум (6 та недела) со инвитро, но рано утрово кога станав на гаќите забележав кафеав исцедот, на бришење немаше. Испаничив и го контакирав докторот, тој ми кажа да не си грижам, да продолжам со истата терапија што ја користам, само ми додаде плус магнезиум (Tocorelax forte), и да испитаме Д-димери, хемостази, прогестарон и естрадиол. Ме земаа крв и чекам резлутати. Дали некоја имала слично искуство? Денес цел ден ќе одмарам и ќе лежам, се надевам се ќе биде во ред.
Многу честа појава во рана бременост, секоја втора има, јас два пати имав. Не е страшно, пиј терапија и одмарај.
Лелее јас се дупнав јадејќи сладолед цела бременост. Дека матичната ми е во центар, од преглед во Ескимо. Тие ме научија и штом ме видеа дека идам, ајдеее денес кој вкус хахахха А летото, по цела кутија лапав. Во Кам имаше преубави вкусови. Ова кога имав одобрение за благо.