До пред скоро користев само Павловичева и доста добро ми ја хидрираше кожата, вчера ги купив путерот за тело и маслото од Алверде, преубаво мирисаат и добро се аплицираат на кожата, топла препорака од мене. Алверде општо цел асортиман им е топ, за малку пари добиваш квалитетни препарати, башка единствени креми се со природни состојки, немаат ништо штетно.
Не и е низок хемоглобинот и е 12. Мене на минатата КС ми беше 10 и рече дека е нормално да е за нијанса намален ради бременоста.
Ме плаши што и во спиење имам тежина, пример да се свртам на друга страна осеќам притисок, грч ниско под стомакот и морам неколку пати да одам во вц за малку да се стабилизира таа тежина. А дур да станам церемонии, неможам да се исправам ме боли, ме боцка, ме стега, налет. Да се надевам дека и мојава појава е нормална дур да отидам на преглед да ми потврди лекар. Фала ти за одговорот
И јас поминувам низ истото, вчера плус ме болеше стомакот од десна страна ама како од надвор да ме болеше, како да се имам удрено. Станување, вртење хорор ми беа. Зголемив магнезиум на своја рака, до сега земав по 2 сношти уште едно се напив, па да ви кажам сум спиела ко топ. Дали е случајност или не не знам ама ќе пијам по 3 до контрола.
Јас кога спијам на лева страна конкретно, ме корне стомакот од лева страна... дали на бубрег ми лежи не знам. Ама не можам ни на лева страна ни за грб да се подзавртам. Само на десна страна ми е океј. И така и спијам. Некоја мака ваква имала? Како се справивте? 16та недела сум
Колку членки пишаа дека поминале исто јас никако да си прифатам дека е скоро нормално, таков некој страв ми се стави у глава дека нешто на лошо иде работава, едвај чекам на контрола да отидам Која недела си, обично таму кај што бебето најмногу ме клоца тоа место ми е поболно во тек на денот како што викаш како од надвор да боли, а преку ноќ цел долен дел од стомакот ужас со грч и болки. Пијам магнезиум на солгар два пати по едно уште од 15та недела и неуробион форте веќе еден месец ама некако не ми помага за овие болки ќе морам да променам нешто
Да, во Систина ми кажаа дека е дозволено и јас конзумирам прво витамин Ц па после една лажичка мед и семе, следните два часа да не се конзумира млечен производ
Пробај да го смениш магнезиумот, мене тој на Солгар воопшто не ми одговара, пијам на фармамед прашок што е. Скоро 25 недела сум, за брзо сум на контрола па ќе ја прашам и за појас, не знам дали смеам на своја рака да купам а ќе прашам и за болкиве. Колку и да е нормално друго е кога доктор ќе прашаш, малце и психички делува. Иначе за страв не си сама сите сме исти ама ќе издржиме.
Референтните вредности види ги. Низок и е. И тебе ти е низок, и да се намалува со бременост ама не треба така да ти е, вклучуваат суплементи за да се крене.
Ќе мора да прифатиш. Јас на одмор бев и бев спремна да се вратам на тие болки, единствено што ме тешеше беше што бебе се растураше од клоцање. Ќе видиш и на преглед дека не е ништо, не се улежувај, тоа полошо влијае, или седење многу, смета ептен. Цела бременост имав, затоа и те советувсм да не се грижиш, ме качуваа на царски ја болки имав такви, ме породија и магично ги снема.
За мажи е 14 минимумот, а за жени 12. Неа и е 12.4, значи во границите. И понизок да и е, нормално е бидејќи е бремена. Ако не е железото под нормала сосе хемоглобинот, не даваат ништо. Последна кс правев пред месец ипол, 5 доктори прашав, истото ми го кажаа. Да не се правиме попаметни од нив.
Cera Ve јас користев за хидратација таа за тело ( незнам дал има различни) конкретно ми ја препорачаа и гласеше крема за измазнување на сува и груба кожа ( од колена надоле нозете беа многу суви и многу иритација ми се правеше од депилација) и после милион креми и што не само тоа ми помогна . Нозете ми светеа хаха така да доста се добри и верувам дека ке помогне. Убаво ме потсети ке си земам и јас скроз ја имам заборавено, моментално користам само Weleda
Пробај магнезиумот по 2 наеднаш да ги пиеш да не го делиш на две дози. Јас го пијам навечер по 2 исто на солгар грчеви што имав од што расте матка ги снема, само бебуш го осеќам сега на моменти.
Хахахаха, абе женска не треба да е на ниска граница. Ништо од параметрите не е убаво да е на ниска граница. Никој нормален доктор нема да ти рече супер е, ќе ти појача суплементи, утре може царски ќе биде, се губи крв ќе треба да прима плазма. Не е убаво ни бремена ни кога не си да е низок хемоглобинот, нит па на граница. Сите доктори тоа ќе ти кажат. Што доктор ти рекол такво нешто жити се кажи да не идеме кај него.
Taka mi kazaa I mene sega koga se javiv deka so tri bickanja se kao najtocni rezultatite....panke vidam zdravje ponedelnik