Како медицинско лице можам да кажам дека во бременост се намалува границата на хемоглобин и долна граница е 10.
Па нели се гледаш какви глупости се изнатреска? Имала низок хемоглобин, па уште на трансфузија на крв ја прати, а хемоглобинот нормален, дури накај средина. Ти на секој пост изиграваш доктор овде, а којзнае што школо имаш и дали. Ај губи се исфрустрирана една.
Кажи и на самопрогласената докторка на форумов. Дека најмапетна е она, докторите можат вода да и носат. Секој втор пост и е солење памет.
Секоја лсбараторија има различни референтни вредности. Еве ти пример дека пола од докториве ништо не им кажале на пациентките. И мене ми викаше нормално е да се покачени леукоцити за на крај да испадне на бебето да се пренесе. Па да ми лежи бебето дополнително во болница, од “стручниве доктори”. Ако во судство е 2% верување, во здравство 0%.
Не се карајте само за џабе. Тука сме да си помогнеме една на друга. Не е страшно железо и хемоглобин до граница ако си веќе 36/37 недела. Ама ако си 25 до крај имаш уште 15 недели. Па и природна склоност имаат жените кон анемија. Може да биде голем проблем а ништо не кошта да се корегира со суплемент. И така пиеме со 20 витамини на ден.
Покачени леукоцити и во бременост и кога нема бременост се показател дека има некој воспалителен процес инфект само зависи како одредени доктори ги толкуваат во зависност од висината, за некои др 12 леукоцити се нормално за некои не.
Не знам кој не знае да чита или имаш дислексија. Од таквите ко тебе доктори пишала. Ја не сум доктор, ниту сум пишала дека сум. И јас бев од памет извадена кога ми беше 10 хемоглобинот, и сите доктори што ги прашав, а не беа баш малцр, ми рекоа дека ми се нормални параметрите за бременост. Него, сите доктори бубрези да јадат, Фениксашицата најпаметна овде.
Затоа и патиме од неписмените доктори. Што само поклончиња сакаат, хипократова заклетва зе лепе очи дале. Не може еден да мисли дека е оке, друг да не е. Па на крај да биде голема работа. Еве погоре, пола жени имаат искуство за жал лошо од такви доктори. Фала му на бога за исклучоци како Ќаев, што се. Иначе ќе ме породеа во 34та, неписмените.
Девојче, стварно имаш проблеми. Гледај реши си ги сама. И дефинитивно научи да читаш. Ти кажувам мал број примери, не и реков јас на нејзе дека ќе прима крв, кажувам општо. Еве до мене цимерката од таа причина примаше. Со царски породена. И научи бе што се наводници. Ајде секое добро сега. Тоа и е проблемот, не може сите доктори различно да кажуваат за иста работа. Не дај боже да тропаш на тие врати, мислењава ќе ти се поинакви. Поготово што расчитај низ темиве, на колку им се десило, лекарски глупости. Ако тебе така ти одговара, не значи дека е правилно.
Добро, сега затоа што ти си имала негативно искуство со доктор, ајде на сите да им ги земеме дипломите. Дискусијава започна бидејќи упорно убедуваш жена со нормална крвна слика дека има низок хемоглобин. Тука и завршува. Немам што да се натегам со тебе. Но, не си лекар и немаш поим од медицина како и јас и не можеш да делиш медицински совети на форум, врз основа на своја фрустрација врз медицинските лица. Што не се породи дома сама тогаш
мислам дека е срамота докторите константно да се на јавен линч, неповрзано со дебатата, ако нечиј пристап не ти одговара секој има право да отиде кај друг доктор. Сепак се тоа луѓе што дале минимум 12 години повеќе на образование од нас и секако се покомпетентни. Медицината не е егзактна наука за 5 доктори да ти кажат исто мислење, во медицината 2+2 не се секогаш 4, секој доктор освен што ја разбира теоретски медицината се потпира и на своето искуство. Гледаат секој ден многу пострашни работи и некогаш пресудуваат дека одредена состојба не е алармантна, некогаш и ќе погрешат, како и секој од нас што греши во својата работа. Ама мислам дека е многу нефер да се линчуваат докторите постојано. Дека има и некомпетентни, од типот некои лекари од примарно здравство, неспорно, но затоа имаме можност да смениме 2 пати во годината матичен лекар ако некој не ни одговара. Во однос на хемоглобин, и јас сум цел живот анемична па и во бременост и можам да се согласам дека никој доктор не се испотресол за мојот хемоглобин од 115 на референтни граници >120. Едноставно телото пумпа 2 пати повеќе крв од вообичаено се носат сите хранливи материи кон бебето, за тој пат да го поминат хранливите материи потребен е кислород кој се врзува со железото, што значи нормално е вредностите да бидат намалени. Суплементација, појачана исхрана и се тоа е во ред, меѓутоа дека е алармантно за граничен хемоглобин / железо, не е и нема потреба да се шири никаква паника.
Таа грешка душо, живот чини некого. Така да не е баш така. Далеку од страшно, баш и пишав суплементи дека ќе и дадат. Не реков дека е на смртна постела, и баш ја прашав дали била настината. Толку беше муабетот. А во секој случај не е убаво да си слабокрвна, ете од себе го знаеш тоа. Затоа примаш суплементи. Суплементите се витамини, не е ништо страшно. Еве баш прочитај, има многу членки што примале заради низок хемоглобин.
Затоа што плаќам здравство да ме лечат ко човек, не ко крава и куче најдено на улица. Затоа што не треба на мене да се учат. Делам совети од свое искуство, не од ракав. И да несебично делам и сакам да помогнам колку можам на било која членка, како што ми помогнале на мене. И ти ја направи цела фама, јас нај нормално и пишав и никаде не ја испаничив, и реков ако треба суплементи ќе и дадат.
неспорно, повеќе искоментирав за начинот на кој ги осудуваме докторите. Во твојот случај како што разбрав, никого не чинел живот таа грешка и на крај се добро се завршило. Мислам дека немаме претстава колку комплексна наука е медицината, колку субјективна, мултифакториелна. Тоа што кај тебе можел да се доноси плодот уште 4 недели, тој пристап кај друга жена можел да има фатален исход. Ќаев во твојот случај превземал ризик. Другиот доктор проценил дека и 34та недела е безбедна недела и дека е подобро 2-3 недели инкубатор отколку фатален исход. И најверојатно и тоа да се случело ќе било се во ред на крај. Затоа не може ние од страна да се правиме паметни, зошто низ нивни раце поминале илјадници жени, илјадници компликации и верувам и ним не им е лесно во 3 сабајле да проценат која е најбезбедната одлука имајќи ги во предвид сите овие жени со кои се сретнале. А те разбирам и тебе зошто на своја кожа, субјективно ги гледаш работите и си исфрустрирана со што и како можело да биде. Но, тоа не значи дека докторот за други 10000 жени нема да процени правилно и да донесе во даден момент правилна одлука. Секое тело, различна историја и различна приказна, исто и секое бебе.
Епа не, Ќаев не превзема ризик. Туку виде како што треба. Тука е разликата. Пак ќе кажам, секоја чест на исклучоци, како него. Кои се ретки за жал.
Секако жената имаше нормален хемоглобин и не и беше на никаква граница. И суплементите не се од ракав да се тресат, па земи ова, земи она. Дујат и имаат шеќери, повеќето од нив.
да, но кај некоја друга жена и Ќаев направил грешка некогаш во животот. Исто како што Димчев кој изминативе 30 години важи за најдобар дијагностичар направи грешка кај мене во првата бременост. Дали јас сум исфрустрирана? Да. Но, дали можам да му го побијам целото искуство и сите добри проценки што ги направил кај други жени? Не. Тоа сакам да го кажам, константно ги напаѓаме, секој од нив направил и ќе направи грешка. Но, на крајот од денот па секој од нив во мал милион наврати направил добро дело и спасил човечки живот. Дека никој од нас не сака да се вбројува во лошата статистика, факт, но, дека многу од нас се вбројале и тоа е факт и јебига, лоша среќа.
Можеби не е задолжително не знам, ама сепак треба и да се мери не викам дека треба да се мери доста често или на секој преглед ама еве гледам членки кои немале симптоми а имале проблем со тоа