Хаха, јак опис. Си имам вибрации и јас. Како мускулни фасции, како играње на мускул. Ама ова е баш инаква сензација, и бидејќи непозната досега, си реков ај да прашам.
Кога се породив, од што ме клукаа со се живо и диво, многу високо железо и хемоглобин имав. Ми ги прекинаа сите суплементи и ми рекоа контролна крвна слика за две недели, и ако не е спуштено да дарувам крв. Ама се спушти, али прекинав се што примав да пијам.
Целосно те разбирам. Кај мене иако добро заврши, јас сум полна гнев кога само и мислам на тоа што го поминав. И разбирам дека има грешки во секоја професија. Дека и докторите знаат да згрешат. Ама едно е кога доктор со најдобри намери прави погрешна проценка, а сосем друго е да се игнорираат очигледни индикации што го читам и во твојот случај. Ме породија во скоро 42ра. Месец дена надносено бебе, големо бебе, оштетена матка, руптура, тежок царски од кој се опоравував со месеци. Само и само поради инсистирањето да биде природно. Многу сум гневна, ама тоа е. Бидете здрави и живи сите и дај боже само убави работи да се раскажуваат на темава.
Јас сакам да ви пишам на сите едно големо благодарам што одвојувате време и енергија тука да споделите нешто свое, ве читам и многу по информирана сум дефинитивно оти кога немаш поминато некое искуство некој пат убаво е некој да слушнеш како поминал што правел Е сега секој треба да е свесен дека е на својот пат и нормално за сѐ да се консултира со доктор Ама Пак ќе кажам Да не беше форумов и сите што ми одговориле на моите пораки и прашања баш некогаш навечер кога немаш кај да се обратиш, не знам како ќе сум се смирела Многу совети многу ми помогнаа тука што сте ги пишеле Особено што во прва бременост стварно ко изгубен германец се чувствувам а верувам дека многу се така Никој не го оспорува трудот на докторите ама некогаш од многу работа и пациенти забораваат да кажат нешто а ако не знаеш што да прашаш нема да ги потсетиш Така да според мене навистина е позитивно е ова со разговорите овде а секој на крајот од денот сам си одлучува што ќе примени
Девојки, се породив и јас, денес си ги запознав моите две лепотици 37+3, царски си ги родив двете карлични бебиња, едната 2.650 гр, а другата 2.750 гр. Само во сала ги видов, ќе чекам утре да ми извадат катетер и да ме станат, па потоа ќе ми ги донесат… Пресреќна сум
Amin. Site da ne cuva I mene me porodija vo 41 I nekoj den Zivi I zdravi da ste. Samo ubavini da ve sledat
Девојко ниеднаш не цитирав твое мислење ако можеш да приметиш а ако извртувам зборови тогаш зошто се пронајде во нив? Само реков дека некогаш во некои ситуации подобро е да се преќути, не е потребен коментар и мислење. Баш ми е мило што членката не си ги сфати вашите мислења при срце и убаво од твоја страна што и се извини.