Киселините ти прават така, малку ориз варен со сол само, двопек, нешто посуво, немој и овошје на гладно има овошни киселини во него мене све ми сметаше на почетокот. Помали порции почесто да може да свари желудник.
Да и сосема нормално е, се спремаат за доење. Сигурно ти се и барме малку поголеми, моите барем се, еве втор пат истото.
Мене како струја болки од старт и на периоди попуштаат, имам мали и цврсти гради и сега вените се покажаа и малку имам странично некоја стрија се појави. Нема кожата тука и потенка е, колку и да мачкам еве на друго место нигде ништо ама тоа е. Градник не носам , освен за преглед.
И јас сум со помали гради, ама памтам кога излегував од болница со првото, фустанот што мислев да го облечам не ме собираше во градите среќа имав 2 опции хаха И моите се со стриички ама брзо избледија и скоро да не се познаваат за разлика од тие на стомакот. Имам и една вена точно на средина на градниот кош сега е баш онака изразена.
Исто, градник не носам освен кога излегувам имам поголеми гради и баш мислев да не грешам што не носам градник и кога сум дома, да не ми свиснат ...
Почеток на бременост имав само гадење. Не повратив ич. Некои 10 дена траеше тоа. Ама затоа веќе од 8 ми додека се качам на бокс, си повраќав. Што киселини, што притисок од бебе што правеше.
Здраво девојки, На ананас имате солидни попусти за колички и транспортери во моментов доколку сте во потрага. Има и промо код FAST5000 (би требало сѐ уште да е валиден) за уште -5000 попуст.
Докторкава ми препорача идеос ама во аптека ми кажаа не смеело заедно со магнезиум на пример сабајле магнезиум навечер идеос е сеа јас пијам 3 пати на ден магнезиум по 200 мг и незнам како да комбинирам или да си земам посебно калциум обичен. И онака сум дежурна слуќба по цел вечер уште па и без магнезиум навачер да се оставам и журка А за муабетот со цицките до сега на секој преглед без прслук си одам милина си се научив така и по дома ама сега веќе затоплува и ке мораме да се стегнеме малце
Се породив и јас во понеделникот вчера си дојдовме дома, првата ноќ лудници. Се префрлам полека во тема бебе, па продолжуваме со збунетоста Ви посакувам на сите успешна и лесна бременост и ви испраќам многу љубов
Стрикно за идеос се однесувало тоа а зошто незнам.. имам слушнато за витаминиве ама незнаев дека имало правило за конзумација. А вака како што ги земаш ти секако може ама сега докторкава рече ради тоа што примам два клексани идеос се подобри
На тема цицки имав мали и цврсти, веднаш по трансферот почнаа да се зголемуваат, до тој степен што се плашев дека ќе пукнат. Купив неколку поголеми градници ама и јас најчесто сум без, немам потреба како силикони да сум ставила сум Ама мислам е грешка што не носиме, дан ни свиснат ептен си велам? После 20 недела некако попушти тензијата во градите, големи се ама не пред пукање. Туку мене и друго ме мачи, пупките колку тацна од филџан ми се, задебелени, како трошки низ нив. Такви ќе останат и после пораѓај?
Супер им е понудава, само штета што имаат рок до 04/2025, нема да стигнам да ги испијам така им пишува на страната.. Дали им се намалува дејството доколку се пијат во мај? Некако ми е шубе да пијам баш сега со поминат рок.
Јас на почеток ни гадење ни ништо ама затоа сега почнува забавата. Иначе за киселини пробав со живо какао малку и повеќе ме држи одколку се друго што имам пробано.
Ептен малку јадам по повеќе пати кај од што не можам, кај од гадење што имам. На почеток ништо ама баш ништо сега станувам и одма од ништо ми се гади. Се имам пробано за киселини ама џабе, а притисне бебе на желудник одма се враќаат. Сега за сега најдолг ефект кај мене има малку живо какао па ќе видам до кога ќе трае и тоа