Еве ќе ти кажам еден пример. Кај еден приватен гинеколог кај што одам (и пред бременост) обавезно бара празна бешика пред преглед. Ама без исклучок. Додека да појдеш, да почекаш ред, невозможно е да не ти се сомоча. Некни бев пак кај него на прв скрининг. Пак истото, се измочав додека чекав, кога влегов пак ме врати назад во вц за секој случај. Еве од кај да знам дека жените кои мочале пред мене се чисти, без инфекции и сл... Во умов се тешам дека ако толку лесно префаќа нешто од мочање, веројатно нема да го бара тоа. Сестрата не влегува после секоја пациентка да дезинфицира. Сепак е доктор, и тоа најпрочуениот во градов. Другата недела сум пак на втор скрининг. Сакала нејќела ќе морам пак да се измочам тамо.
Па и тоа на торч што ти излегло дека имаш прележано е во ред. Тоа било некогаш во животот, може на 5год може на 20 бидно поминало и битно не ги лежаш тие инфекции сега откако си бремена... За пренаталниот ако сте во финансиска можност направете. Како и да е уште ти е многу рано, оди прво на прв скрининг па ќе одлучите
Се што е од 38ма ги рачунаат термински бебиња. Мислам дека те тера заради сомнежот за гестациски. Само заради тоа. @NewMember23 Мене ми даде во 25та да испитам ддимери, и тоа на моја иницијатива, според нејзе ако имаш уредна бременост немало потреба. Ама јас за мирна глава си направив.
Девојки ај да ве прашам. Со првото сум царски породена. Сега за второво би сакала да е природно. Дали кај нас се нафаќаат природно после царски? Во систина би сакала да се пораѓам, незнам ни кој доктор да го барам за да прашам.
Одбегнувајте да седнувате на тоалет било кај пријатели, роднини блиски а не па во јавни мести не знаеш од каде што ќе закачиш... ( јас и пред да останам бремена а сега само дома седнувам а секаде на други места од висина )
Ќе се слушнам јас уште еднаш во понеделник да се консултирам со докторот. Ако нема штета (знам дека не би ги препишувале ако има штета, но мислава ми е дека сум 38 ) , само корист ќе си ја примам. Вчера како што напоменав мислам него дека највише може и да му е ради претходната бременост, сака да си е со мирна глава. Вчера исто му реков ај да раѓам во вода и ми рече со тебе не ризикувам, одиш само со царски. Да имаше живо здраво дете друг муабет ќе правевме
Ne odam po javni toaleti posebno sega vo ovaa situacia . Vo poznati luge bev. Aj bidna. Nema valjda nisto. Nemoze covek da se dopazi. Ama ke napravam uriaren status I kultura.
Ајде ајде, мајки стануваме. Мора да сме пред се храбри, ако паничиш за одење во вц кај другарк што ќе се случува па кога ќе дигне прв пат температура, кога ќе треба да останеш сама со бебе зошто сите ќе имаат обврски, кога ќе нема да сака да фати да цица, кога ќе плаче со саати а нема да знаеш зошто … еден куп предизвици има пред нас.
Сега ако паничиш, кога ќе се роди бебе, што ќе правиш? За една бременост, ако е се во ред и е уредна бременост, паника и ситничарење до детали за се не ти треба. Не треба паника и во други состојби, ама таму може има лоша историја , па паниката до негде е нормална. Чекај бебе кога ќе се роди, 71561526 предизвици, грижи, немоќ во некои моменти. Смиреноста е најдобриот лек за се.
Имам пријателка така првото царски,второто природно,разлика 4ипол години супер помина она.. Мислам дека ако е помала разликата од 2год мора пак царски,за поголема разлика има простор за размислување..
Баш читав(пошто сум исто паничар левел 1000 во бременост ) дека во бременост некој хормон бил поизразен кај некои жени и ја правел жената да биде попретпазлива, повнимателна како некој животински инстинкт кој останал кај човекот. Дури и заморот што го чувствуваме е инстиктивна хормонска реакција како не би превземале ризични активности во бременоста.Така да, нормално е, прв пат се соочуваме со овој преубав процес кој освен преубав е и голем предизвик. И не се чувствувај лошо што паничиш, не има милиони такви кои паничиме Дај Боже секогаш паничењето да ни е напразно
Јас водам бременост во Систина, исто сум царски со првото, сега за второво прашав ми рекоа дека статистички штом не сум се отворила првиот пат 95% ќе е пак царски (ова по книга). Ако почне спонтано ќе тераме спонтано, ама провокации се контраиндицирани.
Ми се сфиѓа литературата што ја читаш . Скроз така. Дешавка од пред некој ден, мм купил бурек, дури да седнам јас тој пола го изеде, ко го пробав беше кисел и не го јадев. И ми вели јас ништо не осетив, твоите сетила ради бременоста се х10 од безбедносен аспект. Исто и со мирисиве, од километри осеќам. Чудо е природава .
37ма. Ама еве сите 3 ги носам исто. Од почеток до крај високо и на крај уште толку се качуваат место да се симнат. Секако сум царски, ама ме стискаат и ги тегнат од горе и тоа знае да потрае. Тоа е сеа. Ќе се издржи крајот. Киселини немав ни јас такви ужасни како со претходните, ама ноќе не можам да спијам на десна страна ако не излижам таблета за киселина. Среќа уште малку остана. Уште неам торбица наместено, утре здравје. Среќно вселување во новиот дом, од смеа и среќа да не куртулите. И ние планираме селење во нов дом, ама многу тешко се наоѓа овде.
Баш…природата е прекрасна Ух, јас сум ти едно душкало… прво мирисам па пробувам И пред бременоста бев паничар ама со бременоста се надминав Мада што вика маж ми … а има ли жена што не е паничар