значи при крај си и ти Јас спремив торбици се е спремно и алишта за испаѓање од болница дури. стасавме некако паника како ме маваше мислев нема да се стаса ништо. Фала многу и вие да си се средите што поскоро Денес 38+3 уште нема ништо . се си мислев ќе биде деновиве.
Чим си сега спремна со се кога сака нека биде важно со лесно , те чекаме за брзо да пишеш дека си се олеснила
психички не сум , ми прпа некако секоја болка шо ќе ме фане си мислам баш сега ќе биде си викам леле не сега почекај уште малку хахахх не ме страв од пораѓајот толку од тоа како ќе се справам со три деца и маж. Посебно син ми ме плаши како ќе реагира на бебуш ќе љубомори сигурна сум
Ќе биде кај и да е И јас немам спремно торбица а и за во плодност не ни треба. Планирам да земам само полнач, дезодоранс, чешел и некоја шминка останатото за излегување мм ќе ни донесе дента. Пред да идам ќе му ги наместам мојте и на малиот стварите
последниот месец е најзафркнат ќе биде ама кога знак прашалник ви неизвесност, во исчекување.... Само си викам ноќе да не биде да се наспијам . одморена да одам на пораѓај Со другиве две се ноќе ми беа во ниедно време 02 и 02:30
Јас па само се плашам вода да не ми даваат хаха од тоа, и шиењето да стават анестезија ако е природно. Друго све ќе преживеам така мозоков ми вика, сега кога бев ремедика и викам на едната сестра донеси аман две три шишиња вода, дека мали што е ова цела вечер пиев и еднаш звонев за вода и таа сестра едно ми носи ја гледам хахах викам у себе ох пак ќе треба да ја викам. Многу пијам вода душава како да ми е пресушена. Само ме плаши дане е шеќерот, ќе видиме во вторник.
аааа не на 12 сум била осигурана хахах. ама и на 15 да било пак ќе фаневме породилно додржа ќера ај шо не даваат ништо за трето барем ид породилново да и зачуваме некој денар .
Да, знам ми остана тоа во сеќавање што те читав, и сега те гледам пишуваш аа викам браво за двете издржаа. И вселени и породилно, тамам ќе се роди и фаќате пролет за шетање и топличко време.
Нема више од владава за трето дете? Што мислите на муабетите дека до 40 дена не се излегува од дома? Кај можам 40 дена дома да седам, поготово сеа сонце кај ќе фати Витамин Д да собираме хахах
Не даваат ништо за 3то за жал , во врска со 40 дена да седиш дома додека надвор пука сонце ќе се збудалам јас така ајде да дува ветер,да врне океј разбирам вака ем бебуш ќе биде на воздух и ќе си спие поубаво а ти порелаксирана.
Јас со првото дете излегував. Барем по еден круг воздух да не фати. Ако чекав 40 дена требаше цело лето дома да останам А и сега планирам да излегувам здравје. Априлско бебе ќе биде, па кога ќе дозволи времето в количка, еден круг и тоа е.
Можеби би внимавала на среби со луѓе додека е мало, заради заштита од вируси и сл. Ама да седам дома толку време не. Покрај езеро на чист воздух, пола саат-саат, сигурно ќе биде многу подобро за бебињата отколку затворени в стан.
Јас од една недела ја изнесувам и тоа декемвриско бебе е.. Прво морав заради големата да ја носам на школо,второ и да не беше така пак немаше да издржиме дома 40дена. Кај мене сите ја видоа,држеа,испаѓав и ноќе и фала му на Господ се си беше океј
Според обичаите бебе не смее да го види никој до 40 дена.Ако ти е дворот затворен или не се гледа од кај комшии,улица можеш.Јас барем така знам.Ти не смееш ноќе да испаѓаш,дури за првото ми викаа пушти ролетни мракот да не ме видел(млеко ќе сум немала) хаха сега ми е смешно Јас ништо ништо не правев,бебе од 1 недела во трговски,надвор,сите го видоа па буквално ништо не и беше.. Првото дете го чувавме дома 40 дена,навикнато само на нас па после 40 дена кога почнаа гости- хорор ни беше..гости во дневна,јас и она во спална,се плашеше,вознемируваше од луѓе.. Затоа за второво реков од одма со луѓе,шетање..и немам проблем ни на гости да отидеме ни да ни дојдат,ни во гужва.