Заборавив да го прашам најважното. За колку денови се готови резултатите од д-димерите од трансфузија (државна или градска) и дали само таму се земаат или стигаат и кај гинекологот што ти го издал упатот?
Јас со првото си ги преседев дома дека се роди во август со температури +40 степени во Скопје и да сакав не можев до 8 навечер да излезам, а клапнати со мм сами немавме сила во 9 да се шетаме. Јас се водам по тоа како ни одговара така. Ако си закрепнат и не си исцрпен не гледам зошто да дремеш меѓу 4 ѕида дома. Ако немаш сила седиш дома дури се опоравиш, време кое и медицински и културолошки изнесува отприлика 6 недели. На бебе може само да му прија воздух, ништо повеќе.
Поготово на кафенце покрај езеро, мераци. И јас не сум за тој муабет ама луѓево само за шубе да ти пикаат се родени Па и јас тоа викам. Не по кафиќи на затворено, негде покрај езеро надвор во кафиќ Не ти го зедоа млекото хахаахахаххаахаха Имам таков муабет слушнато, навечер ако шеташ може некоја да ти го земе млекото хахахахахахаха. Живи глупости, дали да се смее или плаче човек Никако, затворени во бункер хахаахаха Ко ќе излезе надвор после ќе му е тешко да се привикне. Јас 2 дена од дома да не излезам и кога ќе излезам се осеќам ко будала додека са се прилагодам ко у бунило сум првите 15мин хаха
40 дена да не испаѓаш од дома и да не примаш гости, алишта на бебето никако навечер спружени оти нз што, ако некој ти дојде и има менз да ти каже оти ќе се нафрли бебето, на испраќање никако чао да ти кажат оти ќе ти запре млекото и ред други работи ако ви текне допишете.... добра работа што сме 21 век па не треба да переме пелени за повеќекратна употреба ( кој ги измислил пелениве за еднократна господ здравје да му даде) хахах... друга работа свекрва ми повеќе пати кога се слушаме нешто за ручек и одма ќе ми рече гризни си го прстот како да и кажам аман жено за ручеци ич не сум стрвна
Не излегување од дома 40 дена и не примање гости се повеќе заради здравјето на бебето и на родилката, да не се пренеси некоја бактерија или вирус, јас така знам. Другарка моја во Шведска кога се породи го извадивме бебето и на кафе излеговме, му се појави конјуктивит на бебето, едвај го исчисти. Не си играјте со овие работи, инаку фала богу дека воздух ќе му прија на бебето, ако имате дворче не гледам причина зошто да седите затворени во четири ѕида ама мешање во луѓе уште првите дена, па да ми го креваат да ми го лигават никако нема да дозволам. Впрочем отсега ме фаќа нервоза оти старите учени се да ги шлакаат децата по лице, да ги гњават, јас срам не срам од старт ќе му речам не сакам допири по лице и да ми го креваат уште очите неотворени.
тоа да @Cvetce_ ама и за тоа има решение ќе си кажеш не сакам да го бацувате обавезно миење раци, еднаш два пати па ако нема разбирање ќе се повиши тон имам другарка што кога и се роди бебето на сите што идеа им даваше маски да носат .... сепак со договор и разбирање се се решава......
Знам, ама зошто да ни е нас незгодно за нешто што сами треба да се свесни. Знаете старите какви се, ќе не сфатат поинаку. Плус моментално живеам со свекор и свекрва, свекрвата е супер ама на моменти знае досадна да биди, па тек кога ќе се роди бебе, немаат осет некогаш стварно.
еве една ситуација во која сум моментално... ми го нудат монтажното креветче на золва ми од децата ( им го слушнала муабетот на мм и свекрва ми) и ми се јави и се заблагодарав и и кажав дека е рано уште 5 месец да зимам креветчиња и дека уште нз дали медијапан или такво монтажно, не минат ни 2 недели пак овој пат да ми го носат дома пак и викам вака и вака ако ти смета остај го кај свекрвата и денеска пак се јавува свекрвица да каже дека креветчето е спакувано и нејзе истиот муабетот рано е да си дојде мм па тогаш дали ново креветче, количка и слично полека тогаш да се спремаме и ми искоментира она мислела дека не треба да се трошиме за ново креветче кога веќе имаме од золва ми да напоменам дека они живеат во друго помало место оддалечено од нас 30 мин и пак кога ќе одиме нема креветчево да го шетаме на крај може моите ќе сакаат да купат или ние да се купиме ама очигледно кога ќе дојде мм ќе мора да пресечеме
Се согласувам.Треба многу да се внимава, еден обичен вирус за возрасен за бебето може да е многу лош. Кој колку сака нека се лути. Најблиските секако знам дека ќе внимаваат, а подалечни роднини посети таму после 3 месеци. Кој разбира- разбира. Кој не разбира- тоа му е.
Некогаш од што сакаат да поможат и напорни стануваат. Ама стварно, истите дешавки се и кај мене, јас цело време се молам да ми излези визата за приклучок на семејство за Германија до термин, моментално таму ми е сопругот, инаку ќе скренам тука. Знам дека се од голема помош кога ќе се роди, дека ноќите се тешки и заморни со новороденче, ама од тоа пусто мешање повеќе имам страв.
Ич да не се устручаваш, фала ви мн, ќе си купам имам мерак или ете твоите ќе ти купат. Тоа ако мислиш за одмор негде да ти се најде ок. Јас си купив со мајками уште во 3 ти месец крњветче и и кажав на свекрвами изреагира лошо демек не се купувало така толку рано демек ете таму на крај една две недели пред пораѓај. И после идеме за белград да купиме количка ми вика а од јатрвата количката ( таа со дете 7 месеци беше тогаш второто) и викам она си купи и јас сакам да си купам колчика. Ок ок демек.. таа не се нуди јатрвата оваа се нуди во туѓо име. И сега јас во ремедика лежам они на мм му нуделе стерилизатор и нишалка како релаксатор...двете не се нивни стерилизаторов од другарка нејзина а релаксаторов како нишалка не работи механизмот така да го нишаш од братот на јетрвата. И му викам на мм ај пријатно сега у ремедика ја лежам со тоа ќе се оправам, не ми треба ништо све ќе купам. Мене они 7 месеци телефон не кренале да прашаат што правам тоа ми е незнам како да ви кажам бесмислено . Сум растена во средина каде мн сме биле блиски сите во фамилијата.. сите ми јавија да прашаат како сум овие не ги разбирам во ова време на технологија абе смс една немора ништо др. И ич не се устручавам да ги одбијам а незнам може и со тек на време ќе ми помине ама сега у хормониве толку ме боли тоа и само чекам да ме дирне свекрвата со некој муабет ќе и кажам убаво.
@nice-girl и да го земеш креветчето. Кажи дека ќе остане кај свекрва ти, кога ќе го чува бебето да има каде да спие. Плус за одмор ако одите исто може да ти се најде. Со бебе трошоците ич не се мали така да складирај кај свекрвата. И да си купиш се што ти е мерак за бебето ако имате финансии. 40 дена и јас мислам се за мајката да се навикне на бебето. Да одмориш после пораѓај. Уште гости и чистење ти фали кога ќе бидеш будна секои 2 саати. Правете си како ви одговара. Има голема разлика меѓу традиција и религија.
Претпоставувам прво дете ти е. Ти го знам меракот. Со првото дете многу купувавме со маж ми. Претерано многу. 80посто беа непрактични прескапи глупости. Алишта кои не стигна никогаш да ги износи оти не знаевме колку купуваме. Огромни кошари, нишалки, се и сешто. Бебешките работи се брутално скапи. Со овој памет се ќе земев од друг. И нас ни дадоа малецко креветче од оние до 6 месеци, колега од маж од работа го понуди, и тоа ми беше преискористена ствар. Сите работи ги дадов и јас на кој што му требаше. Секако се селевме и не можев се да земам со мене, ја земав само количката и креветчето. Комшивка овде ми даде хранилка одма ја прифатив за бебето. Ќерка и голема, ми даде една огромна дрвена куќичка за кукли за ќерка ми. И пак големи пари трошам на децата, маж ми особено не знае колку купува и колку скапо купува, парите пак за нив одат ама практични работи од други супер се наоѓаат. Со првото дете шетавме од 7 дена. Надвор на сладолед покрај море. Кафето во рака и во парк, ја видоа луѓе и ја држеа и ниедно дете не ми е растено во стаклено ѕвоно. Второто ретко го вадев оти не можев. Прво што јас имав многу болки и долго опоравување од царскиот, друго што бебето никако не сакаше количка, а беше големо бебе не можев да го носам во раце. Што дека преседавме дома кога ќерка ми од градинка носеше вируси и со неа си прележувавме сите не само бебето. Ништо нема да им биде и да ги види и допре некој друг. Сепак за гости дома не сум. После пораѓај најмалце што треба е служење гости дома.
Навечер ако спружаш алишта бели до 40 дена од бебето, поминувале самовили. Леунка не смее да излегува кога ќе се стемни, а детето воопшто Конјуктивит внука ми имаше, душичка не можеше очињата да ги отвори. Иначе да напоменам дека до 40 дена ни она ни снаа ми мрднаа од дома. Дома само мајка и и сестра и идеа, значи само домашните, никој др. Јас првите 2 недели не планирам да примам никој и не планирам да излегувам, мислам дека малце ќе ни треба време на закрепнување и адаптација. Ама што би рекла свекрва ми тука кај нас сите идат на виѓе, како не ќе ги примиш? Идат бебето да го видат не тебе. Епа жено нека одат кај тебе, сите ќе си знаат кога ќе се јават дека кај мене нема доаѓање, а за детето цел живот е пред нив и пред нас, добредојдени се во секое време ама штом излезам од болница не. Ќе ми се збираат тука комшивки и пријателки од свекрва ми, зашто ептем се чеслии хахахаха Се знае татко ми, браќата со снаите, мајкаму, сестра му и толку... Не се расправај, маж ти нека им пресече. Кога ќе одлучиш и кога ќе побараш ок, ама да ти наметнуваат нешто со сила, не благодарам. Мене брат ми ми се јави и ме праша, сакаш ствари од внук ти да ти дадам за бебето или не. Му реков сакам. Снаа ми културно се ми имаше испрано, се спакувано во вреќи, тоа што ме бендиса задржав другото се во црвен крст. Башка и многу алишта имаше со етикети што не стигнала се да му облече, тие зедов си ги исправ и така... Значи праша, се сложив, донесе, а не на сила да ми ги тапоса само па да се чудам И јас од тоа мешање само барам некако начин да купиме стан да се преселиме. Сега од кога ќе се роди бебе знам дека ќе ми се претплатени, ќе неможе чоек да одмори и ќе ми кажуваат што треба како треба и што се прави Со свекрва ти ќе се преоптеретуваш, не биди будала. Гледај ти и детето да сте во ред, нејзе ма чест нека и служи што не се јавува. Само незнам како не и е за внучето да праша ти ако си небитна. Тоа дете од синот и е, ти не го донесе од кај мајка ти. Незнам што да кажам. За комшија ќе разбереш па ќе се јавиш а не за домашен. Ти го имаш тој проблем, јас па обратно. Мене стомак да ме заболи и да разбере, 100 пато на тел ќе се јави да неможеш да одмориш. Некогаш на безвучно го ставам тел и ако не и крена ете ја на врата цела задишана, успаничена, зашто не ми креваш, ќе ме умреш, реков нешто ти се десило недај Боже, ајде да одиме до на болница хахаха. Верувај по раат би била да сум на твое место, да не ме прашува од колку овие тортури и негативизам
Снаа ми од братучед ми рече јас може минимум 5.000€ имам заштедено од што имам земано ствари од други за двајцата. Од сестра и од другарки, братучедки, сите и се блиски. Брат ми исто, тој не се расфрла, се на сметка му става од кога е роден внукот, 100ден да му дадеш, он ги збира и на сметка. Ние за родендени крштевки, сите најблиските пари сме му носеле, се на книшка му ставал. Зашто претерано многу имаја ствари од блиски. Не дека не му купуваја и они си имаја мерак, си го дотеруваја ама 70,80 % го пораснаа со алишта од други. Сега веќе порасна, нека е жив и здрав, ништо не му фали. Сега више све ново му се купува, нема више носени алишта 8 години ќе полни , сметката полна , ич не се замараја што не се алиштата марка и со етикета, битно го обезбедија за во иднина колку толку
Детето и мајката се осетливи првите 40 дена мајката крвари, рана ја боли, изморена, доење, молзење, ненаспана ... Дете се адаптира на нова средина... Плус надвор не знаете кого ќе сретнете ради бактерии, вируси и слично, за новороденче е опасно. Поради таа причина не се ни оди кај новороденче...нормално домашните. Со осет. Јас сум и против да се бацува новороденче без разлика баба тетка нема бацување додека пркне. имам видено многу неубави работи и тоа ми е како златно правило за било чие бебе. Бактерии, расипан заб, херпес и сл што за возрасен може да е безопасно ама за новороденче баш и не е така наивно. А во двор зошто да не. Не личи како што ги гледам у мол ги носат у гужви, тоа не отворило очи уште во овој свет, не знае кај се наоѓа...ќе шета у мол... За шетање има време не ни бега шетањето да е се ок и со мајката и со бебето ќе има денови за шетање. Сепак секој си знае за себе и своето дете. Ова е само мое мислење.
Јас не испаѓав само до двор воздух да не фане. оти не знаев кај терам буквално Баш поради тие причини што ги наброја, уште не сум дошла при себе од пораѓајот не пак да шетам. Гости идеа моите најблиските мајками таткоми, браќата . кога си дојдов при себе шетавме колку можевме а и со бебе колку можеш комотно да шеташ реално му се цицало се покакало грчеви низ нос ќе ти испадне шетањето . со ќерками шеткав повеќе она мирна беше ама син ми беше лош посебно во кола беше пискот. дури после година се навикна во кола. и не ми се одеше нигде со него
Тоа е во ред, да. Ако не се осеќаш добро или бебче ако е немирно и сл, нормално дека дома ќе седиш, има време за шетање и се. Мене ме нервира тоа што се наметнува дека мора и сл, дека ако излезеш ко кој знае што ќе се деси. Нормално сите сме си совесни за нас и за нашите најмили. Нормално дека ќе подизлезеш ако се може, на воздух, не дека ќе го носиш по дискотеки Здравје секој си знае најубаво и према околностите кои ни налагаат ама дека МОРА тоа иритира кога ќе кажат Исто така ако има настинка и после 40 дена нема да излезеш. Не е стриктно, поминуваат 40 дена и јуриш по улициве хаха
Пак зависи од мајката ии од детето. Ако се породила лесно и се осеќа дека може нека шета ... сум имала шанси да видам од блиску што се дешава , шиена не може да седне сирота, само со влошка меѓу нозе и цури крв...кај ќе оди или со гости да седи. Дете не и фаќа цицка, распослана со цицките на мегдан. Дете кенка сака а не може да фати цицка ... Секогаш правиме како мислиме дека треба и како е правилно. Еве јас не сум излезена од дома неколку месеци. Првин инвитрото па после кога дознав дека сум трудна не ми дадоа да шетам, па хематом и окапав со лежење. Се се издржува, само за убаво да е. А за тоа дека МОРААА под дифолт од старите, разберете ги дека си веруваат во тие работи, не значи дека за се треба да ги послушате. Ама не биле и будали порано, има работи што се навистина паметни и од старите кажани. Сите викаме не веруваме, не сме суеверни ама не постои некој што не се поплукал за скраја да е или не се поместил од место да не го фати и него и сличногризни јазик