Искрено незнам, мене ми побараа во Ремедика кога останав да лежам, и докторката им кажа дека сум на два три дена само, не сум за пораѓај. А денеска на цтг кога бев видов им стои, крвна група, инфективен панел, крвна слика, документи што се потребни за прием.
Инфективен панел се испитува предоперативно/пред пораѓај. Мене во Систина они ми направија, не требаше унапред јас да правам. Така е и во државните институции. Прашајте си таму кај што планирате да се пораѓате за најточно и дали ги важат резултатите правени на почеток од бременост.
Da? Jas samo razbrav 36ta nedela baraat bris za streptokoka i toa napraviv bash denes. Ja prasav matichnata nesho drugo vika ne ne samo ova i so rezultat vo sistina kaj doktorkata. Nitu pak tamu mi spomnaa neshto plus.
Ќе ти направат таму сигурно во припремата, не чепкаат они посебно операција ако немаат инфективен панел, на сопругот за спермограм исто во ремедика му бараа. Сепак мора да се знае хив, хепатит се преносливи преку течности.
Здраво! Јас имав крварење и хематом во 13та недела од бременоста со синот. Се породив спонтано три дена пред крајниот термин. Пиев терапија и магнезиум во големи количини. Претежно мирував што беше предизвик зошто ќерка ми имаше само три години ама никако кревање и долгорочно стоење, напорна физичка активност и сл. Си ја отседев поштетно втората бременост и избегнував секаков стрес. Постелката ми била ниско, во смисла го прекривала грлото на матката со делот кој што е богат со крвни садови и затоа била осетлива. Јас не знаев дека така било, гинекологот тоа не ми го кажа на последната контрола со ехо и дека тогаш треба малку повеќе припазување додека да напредне бременоста. Потоа како расте бебето и се шири матката и постелката како балон се дуе и се подигнува тој дел богат со крвни садови и не лежи веќе над грлото на матката и е помал проблем. Имав вина дека можеби сама сум го предизвикала крварењето со имањето однос или со физичка активност ама докторите ми рекоа дека не мора да било тоа причината. Дека некогаш некои работи се случуваат и ние не можеме да ги спречиме и дека најдобро во ваква ситуација е да се опуштам, да си пијам терапија и да си мирувам. Така да опушти се, не се замарај со премислување и со што би било кад би било. Искрено не ни знам што се случило со хематомот потоа, рекоа се намалил на следната контрола, потоа на наредните не се ни сеќавам дали се гледаше воопшто или едноставно не го сметаа за проблем. Ова беше многу одамна и син ми е сега тинејџер повисок од мене Затоа само храбро. Ова сето ќе мине и верувам дека се ќе биде како што треба понатака
Mnogu vi blagodaram devojki, isto i jas sum so since 3 godini, edna bremenost so predvremen poragjaj vo 25ta i izgubeno dete i sega taka malce sum vo grc celo vreme ...
Јас имам правено во 16та недела кога правев серклаж во Систина, таму и ќе се пораѓам, па треба да имаат веќе во систем. На следен преглед ќе прашам дали се прави истото и пред самиот пораѓај уште еднаш, некако пологично ми е сите тие испитувања да се направат покасно во бременоста, во припрема за пораѓај како што спомнаа погоре.
Фала на одговорите, ќе прашам следен пат, па ако му треба инфо на уште некој ќе споделам тука (за Систина конкретно).
Важат, ама друг ми беше муабетот. Да ти кажат дали ти сама треба да си ги направиш пред пораѓај (што ми е тешка глупост) или они на прием ќе ти направат.
направив глупост играјќи со кучево ме удри со нога во стомак викнав од што ме заболе,болка кратка 3-5 секунди и толку сега ми е мисла дали е се во ред 19 недела а на преглед сум тек за 2 недели, дали да одам утре или да не паничам толку
Јас мислам дека се прави 32 и плус пред пораѓај. Пошто доколку има некаква инфекција да може да се третира на време. Пр ако се прави пред пораѓај само нема време за амтобиотик.
Душо, за хепатит и хив правиме муабет. Едит: Тоа се вируси преносливи преку крв и телесни течности, ако се боцнат докторите да примат постекспозициона заштита - серум, вакцина или антиретровирусна терапија. Исто ако мајката е позитивна на хив, да се превземат мерки да се намали ризик за пренос на новородено. Затоа се прават непосредно пред пораѓај, бидејќи во 9 месеци некој 9 пати може да се зарази.
Да, верувам дека они ќе направат ако треба и нема да ме вратат на државно да одам да правам, не се секирам ич за тоа. Ме интересираше повеќе дали ќе ги правам истите испитувања што веќе ги имам правено кај нив во 16та недела или не