Дали на вас ви паѓал во време на бременоста малиот притисок да ви е до 57? Многу се плашам пишете ми ве молам.
Да? Мене да кажам еве 110 со 57 кога одмарам и многу сум исплашена во моментов 6ти месец сум бремена. Фала ти многу
Ова е истото само за текстил. Другото е за површини мислам дека. Барем јас така ги користам дома. Не знам под кое име се во Мк во Дм. Инаку јас имам baby nest се мислам дали да го исперам во машина…?
Иначе пред бременост каков ти беше? Јас сум со низок притисок и така, 70 со 40 две бремености истерав. Третава, ми се качува малку до нормален, ама кога ми доаѓа нормален едвај функционирам, за мене е висок. Не се секирај, касни си нешто солено, земи си фета со крекери и немаш гајле.
Не се плаши, притисок варира. Низок ти е што е нормално, напиј се кока кола и ќе се крене. Поубаво низок, високиот е лош.
Ај дека не може уште една да ме цитирате за муабетов . У реду е, еве јас, @ginger и @cocopuff сме во тешка заблуда, а сега нека продолжи дискусијата во друг правец ако може. А за тоа што сѐ “не можат” матичните би расправала на долго и широко, но тоа во друга тема и прилика .
Јас за сега немам ништо купено, се спремам здравје после еден месец да почнам. И не знам дали би купила baby nest, но доколку би купила би го испрала на деликатно перење програмата.
На поклон го добив инаку немав во план да земам. За новороденче кога не мрдаат многу ќе врши работа за во дневна кога ќе сакам да ја заспијам пример.
Навлаката ќе ја исперам искрено, и ќе се суши неколку дена, а незнам сунѓерот тоа доле што е дали нешто ќе го прскам... секако ќе ставам непопустлив чаршав и обичен чаршав.
Не сакаат е подобро да се каже... има некои што не прават проблем иначе другите што викаат неможе.. несакаат затоа што Господин матичен гиниколог зема дупла партиципација за нас како трудници, а општиот да му ги врши обрвските, истото го мислат и за матичен стоматолог затоа и се бунат да дадат антибиотик кога имаш потреба за заб нешто. Да разјасниме. Иначе све се може кога се сака.
Честитки, жива и здрава нека е. Летоска купивме душек за нас, многу силно мирисаше кога го ставивме (јас тој мирис си го викам "мириса на ново", ама навистина ми беше неподнослив). Душеци и кревети чистам така што прво посипувам сода бикарбона, прскам вода со прскалка, оставам неколку часа, темелно смукам, а потоа со парочистач, имам дел за поминување мебел. Иако само површински чисти, на гарнитура и стар душек, успешно сум вадела и флеки. На истиот начин, со две-три чистења го тргнав мирисот од новиов душек, па здравје така планирам да чистам и бебешки душек. Средства ми е многу шубе да користам, бидејќи нема како да ги истргам после. Не сум сигурна обична правосмукалка колку успешно може да го извлече тоа што ќе навлезе внатре. Супер опција е чистење со тие смукалките за водено перење, некои такви имаат и пареа, ама засега немам, а многу сакам да си купам. Јас зедов за тироидната, и на упатот пишуваше следење на нормална бременост, баш како што пишува на упати од гинеколог. Не ја паметам точно бројката /шифрата, ама дефинитивно беше исто.
57 кога ми беше доле 1ви и 2ри триместар имав симптоми на висок притисок. Еднаш ми се спушти 67-35. Мислев готово, хеморагија. Што е најтрагично, пиев и кока кола и кафе и џабе. 2 саата ок, после пак... нарколепсија. Кола ми беше страв да запалам, не возев. сега крај на 6ти, почеток на 7ми сум, го оправив нешто од нешто. Вчера дури 110/55 ми беше. Топ! За низок сите доктори креваат раменици и оноа, ќе си трпиш мајка, што највеќе ме нервира. Ама и да не си трудна, за низок притисок реално нема некој лек. Особено на промена на време, мислам умирам цел живот. Се е џабе.
@ginger со каков парочистач? Сакам да купам некаков така колку за флеки/дезинфекција, но не знам каков
Јас имам Karcher sc 2 easy fix premium. Пред 5 години го купив, околу 11 000 ден. Најтопла препорака, има додатоци повеќе и со него чистам и кујна, и вц, и под, плочки, фуги, мебел, исплатлива и многу квалитетна машина. Сега можеби има и нови модели, не сум видела во скоро, но сметам дека за кој и модел да се одлучиш од Karcher e подобра опција од други на пазар, заради додатоците. Сега пред некој ден кај српски блогери видов рекламираа Karcher правосмукалка за перење на мебел, се вљубив. Не сум проверила дали ја има кај нас. Баш на муабетов ќе ѕирнам утре.
1001% ти гарантирам дека не смее општ матичен доктор да дава упат со дијагноза за бременост. Тие матични што ви давале со таа дијагноза или врска немаат од работата, или се многу храбри, или не се сопственици на ординацијата, па баш ги заболе ако им дојде инспекција и им лупнат казна, а од друга страна лаб можеби не забележале дека не е упатот од матичен гинеколог па ви поминало, или и тие толку си ја знаат, државно е па не ги удираат по џебот е тие што ги удираат по џебот убаво си имаат научено правичници, закони и како правилно треба да се работи. Може мислите дека знаете се, ама не знаете, затоа прво убаво информирајте се пред да ширите дезинформации.
Јас со висок завршив пред два часа на оделение ми ставија инекција чекаа да се спушти притисокот па да ме пуштат дома, така да од низок притисок не се плашете, високиот е лош во бременоста, утре имам многу испитувања се надевам дека ќе биде све во ред барем 9 месец да влезам