Кралици јас се породив, супер поминав царски со спинална и одлично беше. Ви посакувам на сите лесно да поминувате! ♥️
Кога ти е термин? Знам тоа време во септември кога јас за мене се сомневав на вонматерична и ти пишуваше дека те исплашила матичната дека нешто не е во ред. Баш ми е мило дека се супер испадна. Иста недела сме така?
од што сѐ може кај нас, затоа ни се случува деновиве ова што се случува . Инаку да, јас во бременост бев на боледување заради вирус и општата матична ми рече дека 1. не смее да ми даде упат со шифра за бременост, зошто таа НЕ СМЕЕ да прегледува бремени жени во врска со нивната бременост, туку одиш кај неа ВО БРЕМЕНОСТ ама заради друга мака (кај мене беше стомачен вирус и си бев со шифра адекватна за тоа). 2. Зошто од дете одам кај неа, ми вели дури и да ти издадам противзаконски упат со шифра за бременост (Z34, Z35), во лабораторија нема да ти е валиден зошто е издаден од општ матичен. Ама искрено од ништо не сум изненадена и верувам дека издаваат особено доктори вработени во туѓи ординации како што напомена.
Се ни се може и сите повеќе знаат за се од лицето што е компетентно за таа работа, ќе прочитаат вака на форум или рекла казала муабети и после матичен што си ја врши работата како што треба ќе го прават неписмен.
Како да ти кажам.. Не е моја работа да се информирам и да ја знам работата на матичните и да знам за каде можат да даваат упати, си има надлежни, па нека си се оправаат. Дали треба кај и да влезам прво да кажам “Добар ден, дали е во ваша надлежност тоа и тоа?” Уште да ги прашам дали смеат да прегледуваат. За да соберат што повеќе пациенти чуда прават, знам. Никој од нас не шири дезинформации овде туку изнесува факти од секојдневието ни. Ако прочиташе поубаво една две страни наназад, ќе видеше дека веќе се разјаснивме со членката дека немале право да даваат, ама ете, имаше и ти не знам каква потреба да се вклучиш во дискусијата да ни дообјасниш. Можеше на пример и објасниш на членката што ја почна дискусијата дека матичниот гинеколог не и дал упат за уринокултура, туку и рекол да го копира и испрати СТАРИОТ наод, дали тој има право да и издаде упат и колку пати во тек на бременоста.
Само вие неколку членки имате право да се вклучувате во дискусија на темава?? Не гледам причина зошто не би се вклучила во дискусијата, најкултурно споделив мислење, а за возврат вие безобразно и иронично реплициравте на моето мислење.
Jas sum sega 33 nedela termin mi e pocetok na maj, ama ova sega so pritisokov me isplasi, inace da na pocetok se vodese vonmatericna ama za sreka ispadna kako sto treba, ovaa bremenost mi e skoro cela stresna se po nesto izlagat dali e toa do godinite ne znam
Ќе биде добро ајде до тука догуравме ќе биде и до крај. И мене ми е термин почеток на мај. Со лесно ти посакувам.
Хахахахах wow да и ова е исто такво. За површини е ама ќе заврши работа и за текстил. Само да не му смета мирисот на бебушот, знаат да мирисаат малце јако.
Ако го има кај нас во Дм, ке го пробам прво на нашиот душек Секако има време, се надевам бебуш ке си почека термин во јуни, па до тогаш можеби и ке изветрее миризбата
Се надевам не очекував да кренам притисок 160 / 90 ми беше па се спушти на 140/100 ме пуштија да си одам со 125/80, сега треба да испитам протеини во мокрача и на крдиолог треба да одам, дај боже убаво да поминеме, ти посакувам со лесно да се помине, да се догура до крај и здрави и живи да излезиме сите
Ќе биде, само позитивни мисли. Под надзор си, следите ситуација, и другарка имаше висок притисок и пред и за време на бременост и се породи во 39та недела. Не се плаши
И јас бев вклучена во муабетов (ненаметливо и без намера да правам некого неписмен, ниту да ширам дезинформации) споделувајќи искуство. Навистина, одејќи кај матичната не ја прашав дали смее да издаде таков упат, со таква шифра, жената сама ми го даде. Во пораките погоре исто така спомнав дека после прегледот си платив вообичаена партиципација, не ми го уважија како од гинеколог. Инаку, нејзина е ординацијата, има над 30 год искуство зад неа, но никако не тврдам дека постапува исправно и по закон. Само го споделувам искуството. Да бидам искрена бидејки прв пат имав ваква ситуација не ни претпоставив дека е противзаконски.
И онака имам низок притисок, но сега во бременост често ми паѓа и 80/50. Само ми се спие, но тоа е тоа. Ќе се издржи уште малку