Нека ти бидам инспирација,еве го молам веќе може да искочи да го гушка мама,ама неее и тоа со зрела 3ти степен постелка се храни добро и не планира да искача
Здраво женски! 38+2 сум, не осеќам ништо од контракции или такво нешто, но некако имам болка од десната страна горе високо, како до желудникот. Од што би можело да биде?
Можно е да притиска бебчето, ако е поставено со ноџињата горе Јас некогаш имам чувство како да ми е желудникот во грч А како си со енергија? Јас 38 сум денеска и душа немам во мене Вака сум неколку дена, скоро недела
Дали се додека не ми се спушти стомакот надоле нема да бидне пораѓајот за брзо? 37+4 сум, бебка е веќе големка 3200 ја мереа минатата недела и наместена е со главче надоле одамна но некако се уште високо ја носам и клоцањето го осеќам бајаги горе а ретко по некое буткање со главче во бешика. Не осеќам ни чести лажни контракции, ептен ретко, чепот не сум приметила исцедок како да паѓа. Дали ради се ова значи дека ќе си терам до краен термин? (Се надевам не и денови плус)
Многу веројатно од бебчето да ти е само претпоставувам не е постојана болка? Мене редовно ме клоца горе деновиве 37+4 сум. Исто така пред да ми се приоди во вц по голема нужда редовно ме здоболува нешто во стомакот ваљда од цревата што се испобутани од нозете на бебчето..
Ќути, до вц да појдам и се задишувам. Сега пржев месо за да направам ручек абе мислиш на маратон сум била Сеа да одморам па да ги излупам компирите, па пауза, па да ја наредам мусаката и така... До 5 додека да дојде мм се надевам дека ќе е готова хахаха
35та недела, грло 4см минатата недела. Нели е многу за неделата? Дали има шанси да не се намали до крај, ме фати паника, мислев дека ќе е до кај 3 најмногу
Редовно го Редовно го мерам се движи 135 некогаш преку ден ама претежно е 120/70 па и 60, до сега два пати ми се има случено така да е висок, денес бев на контрола, понеделник ќе треба пак да испитувам димери ако се покачиле уште повеќе дефинитивно ќе бидам со клелсани, а за притисокот докторот рече битно ми беше што немаш протеини во урина, само некако неможам да се воздржам да нејадам благо глупости како што ми рекоа гладна сум многу
Има шанси де. Имаш време. И мене ми беше така, баш таа недела. Др баш искоментира на стажантот, види какво убаво грло по книга. Ден пред 39 та недела веќе бев породена. Денот пред пораѓај ми кажа др дека има време, за 3-4 дена да идам. Ама отидов ноќта/ рано сабајлечки во 4 , за после 4 саати да сум породена. До вечер може да ти се скрати. Тоа не се знае.
Не значи ништо. Може и за 4 саати од сега да си породена. Може и утре да бидеш породена. Чепот јас не го ни видов кога паднал.
Дечки ке пишам овде . Најактивни сте Таман да почнам со Дабростон, добив циклус Минатите два месеци еднаш ми дојде на 21ви ден , сега ми дојде на 19ти ден. Овулации најверојатно нема..... Естроген е висок . А и другите хормони не се баш најсјајни Зборев со матичната .....ми рече да следиме овулација сега . Пошто у меѓувреме гуглав....ја прашав дали е можно заради хормоните и краткиот циклус, да станува збор за перименопауза, ми рече Да. Се преплашив. Незнам веке што да правам... Можно ли е ? 36 години полнам сега. Башка се обидуваме за второ ....