од кај 13-14 недела допиј си ако имаш од фемибион 1 јас така направив имав за уште една недела па ги земав фемибион 2
Дали е нормално подолго време ако седам да осеќам болка во вагината ( не знам како да објаснам внатре некако) и кога мокрам исто осеќам, ако се раздвижам ништо не ми е ... Скоро 17 недела сум (16н 6д)
искрено преку телефон никој не може да ти гарантира се додека не те види, некогаш и ние пациентите сакаме преку леб погача, очекуваме бидат роботи да прегледува, да одговара на повици и сл може едноставно заборавила човек е се случува. Требало чим имаш болки кај матичниот да отидеш на преглед не да чекаш толку саати. Јас за мене да си кажам стрикно немам лични броеви од матичната и таа од приватно, ако треба нешто или имам некој проблем (како последно што си добив удар од кучето) веднаш отидов кај матичната и тоа без да се јавам.
И мене таква болка ми е долу кај пубичната коска Изгледа е нормално во онаа недела 17 Како што читам тука од сите имале помалку Или повеќе болки Се додека не се големи и непрекинати и кај стомакот не би требало да се страшни.
требало да појдеш на дежурно за да си се чувствуваш спокојна . Во секое време има дежурен лекар и во сите приватни и Гак / Чаир. Искрено, јас не мислам дека треба некој да ни одговара на нас и да ни е достапен 24/7. Сепак тие луѓе си имаат работно време и обрт на пациенти и секако приватен живот. Како секој од нас што се соочува со потешкотии на дневна база и тие исто имаат и родители и деца и пријатели итн и е многу неблагодарно да очекуваме да ни бидат достапни 24/7. А и кога плаќаме во приватна болница не му ги даваме на докторот парите туку на болницата, тие работат на плата такашто аргументот “кога плаќам” е сувишен. Следен пат кога имаш било каква грижа појди си на дежурен, ќе те прегледаат, ќе си бидеш спокојна дека е се ок.
Мој совет, ако сметаш дека е добар доктор/ка не менувај, ако сметаш дека не е, смени. Ама за тоа дали ти вратил/а на порака не треба да менуваш. И јас имав ситуација со крварење и пишав на докорката (нели да не сметам не знаев дали е на работа) кај која одев тогаш на приватно, ама не ми крена. Си отидов на преглед… дури вечерта ми се јави и ми кажа дека била на планина, не видела дека сум пишала. Што е во ред, јас да одев кај неа на приватни прегледи и плаќав за прегледот, ама не плаќав за таа 24 часа да ми одговара на пораки. После тоа сменив доктор ради други причини, и секогаш кога ќе пишев, иако не беше често одев со тоа дека ако сака ќе пише, ако не не. Муабетот ми е дека ние за нас сме едни, ама размислете дека на докторите секоја од нас им пишува… Имам другарка педијатар е. Кога ќе и пишам за нешто за моето дете, знае да ми се јави дури другиот ден. И сама ми кажува, имам 100 пораки на ден, веројатноста да те промашам да ти одговорам е голема. Така да ѕвони. Не велам дека се преголеми очекувањата да се одговори, ама ако не се одговори според мене не значи дека треба да се смени доктор особено ако е квалитетен, небитно приватно/државно. Така барем јас мислам.
За матичните некако повеќе ќе разберам оти сериозно се оптоварени и сл Ама за приватен имаш избор Нека не ти дава број или нека напомене дека треба прво да се јавиш кај сестра или да ти пишел не може преку тел дојди на преглед толку Оти реално и нив сигурно им се прави гужва и одговорност имаат не е лесно Само можел со друг начин да ти каже
Јас сум презадоволна и од услугата и од целиот тим кои што се грижеа за мене. Се породив природно но со компликации ... прво бебе ми е :/ докторите направи се за мене и сестри многу се грижеа за мене , секој дневна посета од страна на лекар педијатар сестри ме известуваа и за бебето и мене да ме видат.
Др кој си го одбрала на приватно па и на државно да е не е во ред да збори на моб. додека тебе те прегледува на ехо и уште по не ок е да не одговори на пораката па макар било "дојди да те видам" Од муабетот според мене треба да си најдеш друг др кој би те следел.
Честитки мајка,да сте живи и здрави Кога можеш ако сакаш пиши искуство за породување во жан митрев. Колку е цената за спонтано/ царски рез,искуство со докторите/сестрите,од која недела почнуваат прегледите таму и сл.
Девојќи да ве прашам дали сте осеќале како тупкање баш внатре во вагината? Претпоставувам дека е бебето, пошто малце го осеќам веќе, 17+5 сум. Дури си ги потстискувам нозете ептен непријатно, не памтам со првото како беше.
Ај ќе пишам во оваа тема пошо сме тука најактивни, прееска се чув со матичната и да закажам преглед да ме види затоа што веќе скоро 4 недели не сум била, ме прашува која недела си и кажав 20 та дека ќе бидам наредната, вика не си за преглед веќе е време за скрининг да си закажеш, а јас мислев да си закажам скрининг за 22 ра. Што мислите? дали е океј 22 ра за втор скрининг?
Да, од 18 до крај на 22 недела се прави скрининг. Впрочем, докторот кај што го правев првиот скрининг, ми кажа дека од 18-20 е еден а од 20 до 22 друг тип, односно морфолошко следење (ако е овс вистински израз - не знам). Ми рече во 18 немаш потреба да доаѓаш оти имаш пренатален тест и се е во ред со прв скриниг, дирекно во 22 недела. Ми закажа за 22 +3. Можеби некоја членка подобро ќе знае да објасни што е разликата меѓу овие два прегледи.
@Anaroz1 со тебе зборевме и за крвна слика, однос хемоглобин - железо. Баш вчера ја правев, пред скринингот, резултатите се следни: Предходно хемоглобинот 10.3 - сега 10.7 Предходно железо 21 - сега 23.6. Повторно зборев со општа матична, ми рече со витамините да продолжам, без железен суплемент.