Мислам дека како што одминува бременоста ги нема тие удари јаки, кај мене некои денови само ко да се преместува, а некогаш баш се осеќа удар. Сега веќе почнав да ја осеќам долу глава кога ја врти. 35та недела сум јас. Штом осеќаш тегнење нема простор за паника и неа и е веќе тесно внатре па затоа и нема јаки удари.
Здраво како сс справивте со ова и што ви рекоа. Јас немам таму но на лицето од двете страни на слепочниците веќе недела дена вените ми се познаваат многу. Незнам дали е нормално и дали треба третман, јас и клексан примам. Се плашам да не можеби и поради него.
Горниот график го означува пулсот на бебето. Добро е што осцилира кај тебе, а просечната вредност на пулсот не надминува 160 откуцувања во минута. На бебето му е супер Најдолниот график покажува дали имаш контракции. Кога оди тоа над 20 значи имаш. Тие шпицовите ги покажуваат контракциите, односно контрахирањето на матката. Ама штом грлото не е почнато да се отвара веројатно не се вистинските контракции. А и да сметале дека ќе почне набрзо, веројатно ќе те запреле таму. На било каков знак и чудно чувство, најдобро да те видат, не чекај. Подобро без потреба да појдеш на доктор три пати, отколку дома да седиш со триста мисли. Среќно и ти посакувам лесен пораѓај, те прочитав 38/ 39 недела си. Јас сум 37+2
Кога е со 3 боцкања, се прави испитувањето со 75mg глукоза, а кога е со едно со 50mg. Поверодостојно е со три боцкања, затоа што се гледа како работи метаболизмот, како организмот го преработува шеќерот, колку добро. Ако останува шеќерот во крвта, односно не се преработи доволно во организмот по еден и два часа, не е добро за бебето, а ниту за мајката. Пред тестот со 75mg треба да не си јадена минимум 10 часа и да не се воздржуваш претходниот ден од ништо, да си јадеш најнормално, за да не се исфалшира испитувањето.
Прашувам зошто гледам сите правите со три боцкања. Мене ми е цел живот шеќерот после 12 саати фаст 4.7. И минатата, а и оваа бременост правев еднаш околу 26та и баш прашував за три или две боцкања и сите ми рекоа дека е битен тој по 120 минути. Дури минатата бременост на гладно ми беше еден милистепен над границата и ми рекоа ништо не ти е, нормално е, ако јадеш ко дупната да се покачи. Којзнае.
Вчера кога се вратив од кај матичната, имав како менструални грчеви долу ниско, се додека не заспав од утрово ништоо...
Овој коментар воопшто не е смешен туку навреда за оние кои имаат скриен шеќер. Не мора да значи дека јадеш како "дупнат" ако го имаш. Точно е дека причини за појава на скриен шеќер во бременоста можат да бидат прекумерена телесна тежина пред бременоста и неправилна исхрана со многу шеќер. Ама други причини можат да бидат родилката да е постара од 35 години, да има блиски роднини со дијабет тип 2. Ама може за тебе пак ќе си бидат они криви. Ти ако не сакаш никој не може да те натера да направиш тест ОГТТ, ама неговите резултати се најверодостојни. Оној кој ќе ти каже нешто друго треба сам да се информира. На крај краева секоја трудница одлучува за себе и за своето бебе. Ако сакаш да се информираш зошто се прави еве ти објаснив ама од јаде ко дупната коментари воздржи се! Едно некултурно друго навредливо е.
Исто, првите три па и 4 месеци ништо не јадев, ослабев 3 кг, сега ги вратив нив и уште 2-3 сум здебелена. Не сакам последниве два да направам беља зашто и со поголема килажа почнав. Туку женски седми месец се влегува со 27 или 27 полна? На различни информации наидувам.
Тебе дојдов да те ѕирнам до кај си. Баш се израдував. Живи и здрави да сте. Гушкај бебле сега и уживај во новата улога. Имај лесно опоравување. Јас се породив во средата рано на утро.