Со првото дете немав баш вакво нешто, сега се мислам да купам, совет? Би сакала да се склопува бидејќи немам мн место во собата, ако веќе сте имале или планирате да купите дајте совет треба/не треба и освен од андреј компани кај би барала на друго место?
Во Локо Кроко го гледав истото. Едно што е прескапо, друго што е мноооогу мало. До 3 месеци едвај ќе се капи бебе во него. После ќе треба ново да купиш И јас бев за вакво, ама кога видов колку е минијатурно, се откажав и си купив стандард обично коритце. Другарка моја купи вакво од кеф, на 4 месеци позајми од Братучетка коритце, оти не го собираше бебето веќе.
Честитки нови мамички , Нека ви се живи здрави бебињата ! Да ве радуваат многу и да ве орават горди родители! Нема поубаво нешто од тоа да се породиш и да си ја земеш среќата во раце! Трет пат го осетив тоа уште повозбудливо е! Ја гушкаат ја бацуваат Син ми ја вика бембенцеее мало е коса има оче има носе има малецко е бебето убавини многу е сладок и тој е батко сега А за дадата да не правам муабет само бара да ја држи вика имаш ти сестричка сега милинааа Фала на сите жени за честитките сите да си дочекате ваква радост ! И да си родите колку што си сакате дечиња
Јас пак кога ќе видам вакви работи на сталажи многу несигурни ми делуваат. Исто и оние колевките плетени на дрвено постолје а преубави ми се за изглед. Јас сега за креветче ми е дилемата, дали да земам дрвено стандардно или вакво нешто, ама ова пак ќе ми користи до неколку месеци, после пак ново треба да купам. Се мислам оти за кратко време треба да се пакувам за Германија и да можам да си го земам за таму
Транспортно купи си тогаш, ќе си го спакуваш тоа, воопшто не зафаќа место а понатаму може и како игрална
Транспортно е добра опција затоа што се пакува лесно и не е тешко за пренесување.. јас земав од Локо Кроко околу 5.000 плус душек ке земам. Од страна се отвара и како што кажа @gwenst ке си го користиш како игрална за понатака, на моево се спушта и предната страна. Вака ми се гледа убав квалитет па ке видиме
Моето е од енци менци, и сум презадоволна. И предност е што кога нема да ти треба веќе, можеш одма да го собериш и да не фаќа никаде место
Ми испадна пломбата на забот.Многу беше уништен претходно скоро цел заб ми беше пломбиран со мало делче мој заб што имаше.Е сега цел заб ми е отворен и не ме боли но знам дека со јадењето кога ќе почне да се полни ќе почне да ме боли. Што да правам да идам овие денови да ми стави нова пломба,дали е дозволено да се прави 23 недела сум
И јас сум 23 та недела и веќе 2 недели си поправам заби. Само напомени на заболекарот дека си трудна.
Ај и тука ќе прашам поактивна е темава, со менувањето на сатот боцкаме еден час покасно инекција од денес или ? Точно боцкам клексан во 17 часот секој ден
Ако примаш по една на ден не е проблем кога ќе ја боцнеш.Ако се боцкаш 2 пати дневно или примаш Аспирин таб да има 12часа разлика.Дали 30 мин или 1час покаснк или порано не прави никаков проблем.
Јас примам една на ден и ќе си терам по ново време сега. Ако пиеш Аспирин запази да се на 12 часа разлика
Јас боцкам клексан два пати на ден. Во 10 и во 22 и си останав на исто.. дали е правилно или не незнам ама у целата паника вчера шро не се осеќав добро сабајле не ми ни текна на тоа. Можеби сабајле требаше да се боцнам пола саат покасно за да ми се изедначи колку толку ама бидна
Аспиринот го пијам на 10 часа разлика со клексанот, Јани ми рече и 6 сати разлика е доволно. Јас ќе се боцнам еден час подоцна денес за да ми биди таман времето, не е многу разлика еден час, ама ќе си терам вака
Мене ме фати 2 пати. Првиот пат 15 дена ме држеше, 8 дена не спуштив температура и на крај завршив на инфузии и антибиотик, вториот пат една недела, полесно поминав. Температура ако имаш и на 5часа земај парацетамол, инаку многу чаеви, лимон, мед, супи, ѓумбир и инхалации( со фиталп капки правев јас) За кашлица побарај сируп на природна база дозволен за трудници, јас пиев алпенкрафт, многу ми помогна. Брзо оздравување!
Обавезно ќе го прашам, сабајлето ми зедоа крв шекерот беше 4,8 па ми дадоа да се напијам па пак ме боцнаа беше 4,9 и толку ама за секој случај ќе прашам
Zdravo feminki, 30w sum i denes bebceto bas i ne mrda, dva pati osetiv ama blag udar. Dali e normalno, bidekji prethodnive nedeli e dosta aktivno, malce sum zagrizena