И јас во 38ма недела закачив ешерихија па пиев антибиотик последната недела пред пораѓај а никогаш не сум имала уринарна инфекција. Премногу се чести во бременост.
И јас исто, моментално користам стар одмор, а очекувам пред термин да се породам, па не би требало многу пред пораѓај да ми дојде да отворам.
Мојава докторка ми вика со алмацин ќе пробаме да ја средиме 10денови по 3пати дневно доза па ќе направиме контрола, ако не бива ќе смениме антибиотик до 34/35 да сме чисти за пред пораѓај … ешерихија имав еднаш пред 4години… со болки со мокрење на 5минути со страшна болка, дури качив и температура 37 со 8 ми текнува … исто со снтибиотик за недела дена се среди … ама ќе ја памтам засекогаш. Сега не осеќам никаков симптом искрено … вечерва дали од автосугестија прв пат кога мочав осетив како тежина некоја го почнав антибиотикот па да видиме шо ќе се дешава
Ве читам за парична помош и налетав на овој дел " Вкупниот просечен приход на семејството на мајката по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на користењето на правото и во текот на користењето на правото е понизок од висината на минималната нето плата утврдена за претходната година. " Значи има и што ги одбиваат? Пример ако мајката не работи,ама таткото зема висока плата - повеќе од минималната. Малце ми е чудно баш сите да добиваат или јас нешто не сум разбрала. https://ehelp.mk/mk/dyn-content/ednokratna-parichna-pomosh-za-novorodenche од тука го најдов.
Еве Chat Gpt што ми даде како објаснување.Јас во последно време се овде си прашувам и најточни одговори добивам.
И јас бев ваква скоро цела бременост, без некои потешкотии, ем 41 година Во 9-ти само потешко станував од кревет и ме болеше една точка во кичмата, друго ништо посебно.
Ќе го прашам ако може од понеделник наместо во 12:40да се боцкам во 14:30тогаш ќе е дома сопругот, ако неможе во нога ќе се боцкам
Колку што разбрав 26000 ден даваат ама приходите да се минимални а за 20000 ден не ги гледале вкупните приходи така? Или скроз имам погрешно разбрано хаха
Така е, 20000 следуваат сигурно за второ дете од фондот за здравство, а за 26000 се од социјално ама има ограничување според примањата. Плус од општина се зима, ама тоа е различно во секоја општина.
можеш да поместиш саат два, па дури и да преместиш за вечер ако поише така ти одговара. јас цело време поместувам, некогаш ако искачам порано ќе се боцнам, некогаш покасно. проблем е тие два што примаат, па треба да имаат 12 саати размак
Клексанот и општо антикоагулантни инјекции се ставаат секој ден во исто време. Не е проблем 15 минути или пола час порано подоцна или некогаш да поместиш тајминг ама не е во ред нон стоп да поместуваш. Дејството му е 24 часа на една инјекција па затоа.
Јас прв пат слушам за овие 20.000 од фондот за здравство, земав 26000 од социјално, а никој не ме праша за примањата.
Јас па обратно немав слушнато за тие од социјално, тука прочитав. Секако ќе си прашаме ако има опција, секако дека ќе си аплицираме за 26000
Женски од кои цуцли земавте за почеток .. ги гледам бибс и филипс авент да имам барем две си викам за на почеток. Имате искуство?