Јас од наредната недела влегувам во 30та и се се надевам дека од 34 недела ќе ми дозволат да се движам за да одиме заедно со мм да изнакупуваме се. Мада поима немаме што треба. Битно знаеме дека сакаме се да е од природен материјал(тоа што може). Викам малава сега гајле и е како е облечена битно да е чист памук и да и е најудобно што може. За кречење не можам да замислам 5-6 молера да ми шетаат по дома. Чисто е ќе направиме убава генералка и верувам ќе биде се ок
Се ќе биде во ред, ко имате веќе кречено летово ич не ни мисли на тоа, секако ќе се исчисти генералка. И јас појма немав шо треба за купување, нешто прочитав овде, нешто во продавница кога бев ми кажаа што ми треба најосновно за почеток. За облека не се ни замарав премногу секако првите недели не планирам да ја шетам надвор освен во двор нели ако е убаво времето, после за шеткање ќе купуваме и онака дека прво бебе јас немам ни представа што ми треба и колкаво да земам. Уште некои ситници да купам и после ако фали нешто го праќам мм и решен проблем. Во моментов најбитно ми е да се намонтира неделава креветче да се испере се и да чекам да се породам. Кај сите да биде се во ред па и кај мене и со лесно да се породиме, живи здрави тоа е најбитно.
Јас во болница бев го запнав среди сам двете соби и ходник измачка нешто еден ден свекорми дојде му помогна. Од болница бирав боја на телефон хаха ми сликаше од дуќан. Викнав фирма една ми ги зедоа теписите ги испраа и ги вратија. Со мајками ги испраа транспортерот, количката и навлаката за душекот све се исушило. Јас испаничив реков ако се породам барем да средат дома. И сега алишта од понеделник планирам да исперам. Даска за пеглање немам асолна една од рамстор купена ради реда ни се пегла на неа, како да не е рамна никаква. Понеделник ќе го пратам да земе во карес гледам ги читав убави се.
Ти благодарам. Јас бев ваква со првата бременост. Скрос се исто правев. И тогаш бев со ивф, и сега сум. Но, сега сум многу поопуштена. Работата ми е прелесна, а и не мора да одам секој ден на работа. Затоа и се одлучив да го прекинам патолошкото боледување. Имам дозвола од двајца доктори. Но, сепак сакам да слушнам искуства од трудници кои одат на работа. Многу ќе ми значи.
Девојки препорака за суплемент за железо? 24 недела сум со близнаци, железото стигна до 9, 7.6 долна граница а хемоглобинот под долна граница е. Петровска препорача со храна да се проба ама еве три недели поминаа и продолжи да паѓа. Кое брзо делува и не прави констипација? Фала ви
Одев на работа и возев секој ден до 32 недела без проблем. Работата ми е седечка, 6 работни часа, времето ми помина ептен брзо. Немаше шанси да седам дома цела бременост, ми требаат обврски. Секако, зависи и од бременоста и типот на работа. Од 8ми месец веќе станува потешко со отоци и спиење ама до тогаш барем моето искуство е дека со одење на работа бев порелаксирана, ми годеше дружбата со колеги, мењав мозок не мислев глупости.
Хемоглобин за 5 дена се качи од 103 на 125. Храна појачав месо риба напоредно секој ден, брокула, цвекло рендано, домат, јајца варени. Железо од now имам пијам по едно и плус во пренатас има 25 мг. Плус метил б12 по едно. Ц витамин по едно од 1000ка.
За железо најефикасни кај мене се покажаа Тотхема ампулите, брзо го качуваат железото во комбинација со ц витамин. Само многу ми беа грди, и ги прекинав. Продолжив со Хемовит, сега Ферогрин, ама овие само ми го одржуваат железото околу 10.5, не паѓа, ама не се ни качува. Јас сум 34+3, работата ми е канцелариска, седам по 8.5 саати и веќе ми е мачно, едвај издржувам. Здравје, уште следните 2 недели планирам да одам и кога ќе влезам во 9ти одам на одмор па после и породилно. За купување, овој пат купив многу малку алишта оти имам се од синко, и од внуката, се ми е спремно и наредено во фиокарот уште од пред 2 недели. Купив и од аптека некои работи, ми останаа уште некои ситници само, здравје ќе ги земам оваа недела. Од големите работи, имам се од синко, креветче, лулка, количка, транспортер, релаксатор... Е само име немаме уште за девојката, и не знам каде ќе се пораѓам - најважното...
Тебе баш те мислев денес. Јас веќе два дена кај шо лежам забегав крај. Положба не можам да најдам ,се нервирам кога малата бара нешто од мене (да шетаме пример прееска плачеше за надвор) а не можам па мисли ќе ме фатат грди ќе станам до тоалет ќе се задишам викам враќај се назад и тоа кај мене грлото е ок ама имав болки и беше мнпгу спуштеноонака стомакот ептен доле го осеќав тој ден. Си викам има жени како тебе со во болница лежење со инфузии па издржуваат шо се занесувам јас. Теписонот ќе се смени кај нас веќе 5 г е со шминки,со флеки од јадење ,слајм и сл не ми се исплати да го перам од оние лесните е. Ќе си земам друг таман и поголем. Преперувањето и разместувањето пљачки ме плаши. И пеглање секако оти на нозе треба да сум ако не фукнам сушара за да не пеглам Е тоа и мене ми треба за да не мислам на глупости да одам на работа и со првото така до 37 ма па одмор ама сеа еве во 30 та реши да ме исплаши па мирување
Се тоа пијам и јадам, се надевав дека ќе се качи малку ама продолжи да паѓа. За две недели сум на контрола, ми е страв да чекам до тогаш да не падне уште повеќе. Ќе видам тотхема или now да земам да се стабилизира малку. Фала ви.
И кај мене тотхема добро делува, сега железото ми е 20, јас ампулата ја мешам со цеден лимон и така го пијам па не е мн гадно за да се проголта
Некоја да била скоро во Reserved дали имаат од трудничката колекција или им е само онлајн? Или каде можам да најдам убави фустани ко за на работа, значи не некои цветни ко за на плажа оти само такви наоѓам? Отпаѓа опција да земам поголем број оти во рамена сум тесна и на ништо не личи .
Не знам дали сум единствена со диареја после суплемент за железо Иначе јас сум задоволна од Сидерал (сега пијам и фолико и обичен) ама си имам мака со столицата.
Мене ми беше на долна граница со исхрана и со тотхема ми се крена, требаше да продолжам по една тотхема секој втор ден ама од нив како уште повеќе киселини да ми се прават и ги баталив. Гледам да е само со исхрана сега брзо ко проверив во ред беше 13 некаде, а 6 е долна граница. Пробај со нив и плус исхрана
Влези во ваикики во east gate има онакви прави долги фустанчиња на кратки во стело, ептен убаво стојат си земав неколку. На кратки се, јас со џемперче тенко на копчиња ги носам овие две недели на работа
Zatrudnici.mk од инстаграм нарачував, разгледај . Брза им е доставата. Јас фармерки земав од таму топ се па верувам дека и другото е ок. Гледав и бебешки алишта продаваат, ептен слатки фустанчиња ставаат