Обавезно ќе поминам, фала ти. Јас во друго Ваикики гледав, само маици со Мини Маус и девојка му на Доналд Дак најдов, и по некоја кошула. Ужас избор кај нас од трудничка облека . Шубе ми е вака онлајн сега, не знам број да си погодам. Имаат ли некоја табела, нешто?
Во кое х&м најде златна? Последно во Дајмонд ко бев ми рекоа ја тргнале трудничката колекција, оттогаш не сум влезена, во Сити мол исто немаше.
Па ова што го земав јас не беше стриктно трудничка колекција, имаше два три модели фустани како звончиња широки, таман за со стомак. Го земав од сити мол ама го имаше и во Дајмонд. Исто од таму си земав и две пократки исто широки за со хеланки. инаку вакики точно како што напиша членката погоре во еаст гате.
јас бев четвртокот за бебешки и така нешто за мене во ист гејт ... немаше ништо во H&M, во ваикики се наоѓа по некој фустан имаш и во синсеј,reserved не влегов. а од страницата затрудници истите работи ги има на shein па ако имате некој во странство да ви порача и да ви донесе (белки за брзо ќе можеме и ние да порачуваме од нашево државиче). Утре влегувам 22нед дали ви се случува некогаш некои денови послабо да ги сеќавате бебушите нз што филм ме мавна дека послабо ја сеќавам иначе во четвртокот бев на втор скрининг во систина кај Гордана се беше во ред ... кај матичната треба следнава неделава да отидам на контрола.
Мене баш деновиве ми беше така, помалку ги осеќав, еве ги денес назад во акција веројатно е нормално некој ден повеќе некој помалку
Од кој месец ги осекавте бебуши да мрдкаат повисоко горе,мене цело време кога ми мрда е ниско доле или од страна ниско а веќе сум 24 недела.Или тоа значи дека ниско го носам бебето? И сакам да прашам дали се потите доле,јас од памет се вадам веќе со денови претходно немав така како мокро утоп цели гаки,дури на пижамите мокро
Јас пиев хеферол од една испиена доза железото од 7.3 го покачив на 17. Некои од хеферолот имаат мачнини, јас ги пиев навечер пред спиење со Ц витамин и не сум имала мачнини, а за еден месец ми го покачија железото. Инаку хемоглобинот ми беше ок само намалено ми беше железото.
Хаха јас не купувам од мм сите маици, тренерки, пижами ги носам. Си гледав додека идев на раб ама еве скоро два месеци дома лежење и до крај лежење и толку, не било речено да прошетам со стомак. Ќе чекам да се породам па лето ќе биде ќе купам неколку фустанчиња поширок модел и флајфлот од пеко и ќе терам така
Во помаливе градови ич ништо нема од трудничка облека. Уште терам во старата, издржав и со палтата уште се копчат, ама за две три недели не верувам. Баш гледав во ваикики ништо нема, некои растресени цветни фустани што ич не ми се свиѓаат. И обични широки блузи. Од онлајн нарачки скоро никогаш не сум погодила облека, освен тренерки, а сакам фустанчиња, убава бермуда... Се надевам ќе донесат. Ве читам за варосување, и мене ми се врти тоа во глава и многу сакам, ама кога ќе ми текне колку чистење и бришење има, се премислувам. 5 години не е варосано, не пушиме, и чисто е, ама сепак од прашина и сл... Ако не, доволно ќе им биде усисување на ѕидовите и ќе поминат на редот.
Најдов некоја слика ама седната колку онака да ѕирнете од фустанчево од ваикики на кратки е тесно долго со крагњиче, јас овие две недели ви викам со џемперче мн ми се свиѓа како стоеше имаше разни боички
Тардиферон таблети мене многу ми помогнаа после спонтан кога искрварев премногу и железото ми беше 4. Исто и хемоглобинот ми беше многу паднат, со една доза се вратив во нормала. Ги има во Грција и се некои си 2-3 еур. Ама ако најдеш аптека што може да то заврши работа и што носат од страна, јас така направив, околу 300 ден ми испаднаа. Мислам дека може и во бременост да се конзумираат ама исконсултирај се секако со лекар ако планираш да ги земеш, инаку ептен препорака за нив.
Vo Bunjakovec butik za trudnici Eva. Kupuvav pred nedolgo vreme pantaloni, farmerki, bluza I kosula. Nisto posebno ne se, skapi se ama ima da sa odbere nesto. Imase I fustanctancinja . Vidi I na fb stranata so nudat.
Породилно ќе ти биде отвореноод ден на пораѓај. Не откако ќе ти заврши одмор, па после тоа, а веќе породена да си. Ќе си преќинеш одмор, па чувај си деновите откако ќе ти заврши породилното.
Да ми беше предходната година кречено, немаше да се бафтам со хаос куќа и кречење во 8 ми месец и 50 степени надвор.