Пијте многу течности за да го исфрлите вирусот Ама многу. Јас зимава за малку ќе настинев, чувствував како грлото почнува да ме гребе. Пиев многу лимон и топла вода, праврв гаргара со сол, прегорен шеќер. Станував во 2ч па во 3ч за да правам гаргара и да земам топла вода со лимон( и мед кок смее). Мислам по 5-6 кг телности внесував и не дозволив да ми се влоши ситуацијата. Ова беше во пероод кога почна вирусот со многу кашлање и температура и немаше кој не беше настинат.
Фала ви. ќе пробам со септанасал, инхалации до физиолошки, и сирупот до кромид и мед. напраив сеа некој "лек" со кромид лук , па ќе видиме. Со помин на сите да ни е
Здраво на сите Сакам да прашам дали сте имале искуство со проширени каналчиња на бубрезите кај бебето околу 23та недела.
Дали некој знае сетов шишиња од ананас за новороденче дали е од пластика се? Не можам да најдам во опис. И дали се исплати да се земе?
Мислам дека се пластични бидејќи се во виолетова кутија, а стаклените се во зелени кутии ако не се лажам.
Јас сум со ИВФ и немам седнато дома на работа си одам и си функционирам и мислам дека тоа ме оддржава. Јас ако се затворам дома ќе попуштам психички. Ако ти е лесна работата и немаш потреба од бед рест подобро е мислам јас да одиш
Мене докторката ми дозволи фервекс или тајлухот, се изненадив, мислев само парацетамол смее. А гледам тука доста прашуваат и никој нема спомнато за овие ефикасни прашоци
Сега баш ги гледав на страната на Зегин веројатно овие се пластични, на оние во зелена кутија си пишува стакло и таму се 3 шишиња и една цуцла лажливка за 2600. Утре планирам да купам ама не знам дали да земам вака комплет или само едно шишенце.
Искрено јас не знам колку ви се исплати да купувате вакви комплети од шишиња затоа што не знаете дали ќе користите шише воопшто. Јас со син ми ич не користев, цицаше и не научи да пие од шише. Имав 1-2 земено ич не ни памтам, ама џабе беа секако. Едно да имате за почеток мислам доволно е. Ќе купите ако ви треба
Не се препорачуваат другите супстанции што ги има во тие прашоци, освен парацетамол. Немој све да испробувате, прочитајте. https://www.drugs.com/pregnancy/acetaminophen-pheniramine-phenylephrine.html
Во принцип не е дозволено, ама јас исто бев настината и ништо не користев, кога му кажав на докторот рече дека не требало да се измачувам, дека еднократно користење не штети од тие. Демек има мајки на терапии константно што се забранети во теорија во бременост па не може да не ги пијат..
Истово го мислам ,за првото купив стаклено на baby love од 120 мл чисто да имам ,за лажливка пишав ми даде роднинава. Лажливката остана така од шише после 3 м се научи некојаш одмолзено ама не сакаше баш после 10 м негде почна да пие вода и сок од такво до кај 15 м и тоа и тие на baby love беа само сменивме во пластично пошо ги акаше од земја.
Пишав и во Доење, и не знам дали ова е за тука, ама очајна сум. Бебе е родено на 2ри април, некако таму ми го хранеа многу, по 60мл му спремаа, млеко имам, не да ми истекува по облека, но кога се потеглува има. Бебе на моменти јаде по 10тина минути само во целост, далиможе од толку да де најаде и некако ми е мрзливо , многу време го молам за цицање. Пред
Моли го, не се откажувај. Биди упорна штом имаш млеко. Не е лесно да цица, треба да се помачи. Не тече млекото лесно како од шише.
Дефинитивно е потешко да цица него да пие од шише. Но на почеток затоа се тие чести прегледи за да се види дали и колку напредува бебе. Моево цицаше и по цел саат ќе повлече 3-4 пати, ќе заспие, па пак и така со молење може и цел месец. Ако сакаш да доиш и мислиш дека имаш млеко само биди упорна. Ако не напредува доволно ќе ти кажат. Ама кај нас некогаш претеруваат со тие препораки за дохрана. Во странство имам другарки никогаш не им спомнале дохрана, се чудеа дури. Исто така ако некогаш се сомневаш во доењето, напредувањето, имаш нелагодност, топло ја препорачувам Јасна. Ќе ја побараш во темата за доење. Мене ми помогна со положбата за доење, ме охрабри да ги тргнам силиконските брадавици и оп детево мое почна одлично да цица и напредува.
Како можам да дознам кој доктор кое време е на ЦТГ? Треба упат да земам но не знам кој доктор кога е на смена.. и како оди постапката за без врски и да не си на договорено со некој конкретен доктор
Сакам да ве прашам за мислење ако може да ми одговорите. Се одлучив за пораѓај во систина, само уште незнам кај кој доктор, најверојатно ќе е Палчевски. Е сега што е попаметно да одам кај него на втор скрининг па да си продолжам со прегледи и пораѓај или да одам кај Димчев за втор скрининг па да го барам докторов за пораѓај понатака. Матичната ми ги кажа и двајцата као Димчев за скрининг и совет за ако треба серклаж, а Палчевски за пораѓај и втор скрининг. Јас немам никакво искуство со докторите од систина, ако може некоја да ми помогне.
Работата со цицањето е шо не можеп да измериш никако Ама некогаш во 10 мин ќе се нацица,некогаш со саати ќе дреме ,некогаш за 5 мин ќе бара пак се е тоа нормално мајка се додека качува тежина и полни пеленки нема гајле