На гак? Хаос е на цтг, јас таму вистински доктор немав видено мислам цел 9 месец, кој стигне тој те гледа. Постапката е таква без врски, одиш и кај кој се погодиш, кај тој си тој ден. И после одиш кога ќе ти кажат, нема упати како што памтам.
Утре сме на педијатар, затоа што не пуштија петок, па утре ќе одиме. Се нема искакано затоа се плашев, и ѕвонев ја прсшсв и рече дека можело и по 2 3 дена да не кака, а кога цица подригнува и на пампрес има само измочкано.
Доено бебе може дури и повеќе да не кака. Не ми текнува колку точно мочкани пелени требаше да има, тоа е побитно да се следи.
Димчев за втор скрининг дефинитивно е најстручен за тоа. Мене тој ми стави серклаж кога сите велеа дека нема потреба и се чудеа зошто серклаж ама еве се испостави дека во трет триместар многу ми помогна. Инаку за серклаж мислам најстручен е Панчевски. Јас искрено би одела со Панчевски за серклаж и водење на бременост а Димчев за скрининзи ако веќе одлучуваш за Систина. Со Палчевски немам искуство.
Vtor skrining onoj vo 22 nedela kolku sto znam pravat samo Dimcev i Petrovska. Za poragjaj ke go baras posle toa spored mene taka ti e najpametno.
Ќе може некоја да ми објасни, млекото го чувствувам само додека цица бебе, како печење, инаку не. Или како всушност се чувствува тоаа?
Втор скрининг во Систина прават сите доктори специјалисти по гинекологија и акушерство што и водат бремености и пораѓаат. Јас правев скрининг кај Дракулевски кој воедно ми ја води и бременоста и на кој му верувам. А како најстручен конкретно за скрининг викаат дека е Димчев. @Ariel.20 со било која варијанта нема да згрешиш, двајцата доктори за кои пиша си ја знаат работата.
Две години доев, 6 месеци ексклузивно, никакво пецкање не чувствував, ни дури го доев, ни помеѓу сесии. Ни имав големи гради, ни тврди, ни млеко на претек, само бебе на цицка кое напредуваше супер. Сакам да кажам го следевме бебето, не мене. На почеток пратиш пелени, после и активно голтање и секако напредок. Првите денови може да е мрзливо ако има жолтица, не го оставај долго да не цица, бидејќи тоа уште толку го изморува и само ќе спие. И да не сака ќе му понудиш пак и пак. На почеток имаат мало желудниче, големина колку орев им е, у никој случај од одма 60 мл не може да испие. Ама баш поради тој мал капацитет треба многу често хранење. Извинете за офтопик дами .
Не се секирај. 2-3 дена е нормално. Моето по една недела не се какаше. Штом ќе се нацица, само ќе се тргне. Некогаш за 2-3 мин, некогаш за 10, 15......Ако е мирно, си спие, си мочка, нема потреба за грижа.
Мочканите се бројат какано ти кажале подоле над 10 дена може да не е. Таман ќе го измерат ќе видат напредок ,ти сепак нуди и почесто. Подобро да не чувствуваш ,наеднаш надоаѓање може мастит да направи не ти треба тоа. И јас ретко осеќав мислам второ месец имав така од едната да цица од другата да си тече инаку сум немала други симптоми како тешки гради ,шприцање ,болки и сл. Еднаш само грутка имав ја разбив под туш. Е да топли облоги помагаат за повеќе млеко.
Не прават само Димчев и Петровска, прават сите доктори, но овие се најизвикани Конкретно јас одам кај Корнелија, кај нејзе ги правев скрининзите и минатата бременост и оваа. @Ariel.20 кај Димчев обично сите ги прават скринизите, имам неколку другарки шо водеа бременост кај Палчевски, дури и он сам ги препраќаше кај Димчев на скрининг, така да оди си кај Димчев, па после прегледите терај ги кај Палчевски, неколку другарки го имаат истиот матичен и он ги препраќа кај Палчевски во Систина, ваљда соработуваат, ама океј генерално сите се задоволни. јас кога се пораѓав со првото, цимерката он ја имаше породено, доаѓаше доста често да ја види.
Мислам е тој Др Симеонова пред да ме пушти од Пин, рече секој вторник од 11ипол сум во ординација. Така пишува и на распоредот.