После 13 месеци пост-породилно, повторно две црти утрово.. После сум на преглед да се утврди бременост
Мојата не какаше по 10 дена до година ја цицав ниту шише сакаше ниту друго млеко, а пелени мислам дека беше 8 да има во текот на денот ама не сум сигурна
Прашање, колку е нормално да се потиш, кога дојдов од болница еве секоја вечер се пресоблакам еднаш до два пати.. нешто ме буди и сабајле исто станувам со мокра маица и коса. Леукоцитите ги испитав во сабота, 15 се малку спаднале, денеска завршувам антибиотик. Настинав више два три дена сум со настинка. Незнам дали е поврзано потењето со настинкава ( не пијам парацетамол немам температура) или со леукоцитите. Искуство ме интересира дали некој толку се поти? Да не си правам филмови. Дојдов со килажа 80 кг од болница сега сум 78.6 за недела дена. Плус што сум на диета за шеќерот. На крвнат слика утрински на гладно ми беше 4.5
Ни јас не знам дали е нормално, се прашувам исто, ама во бременост се потам многу повеќе од вообичаено (а претходно скоро ич). Потењето е навечер, претежно кога се будам за во вц сум испотена и морам да се забришам. 3-4 пати сигурно ми се случи да бидам утоп со се гаѓи и маица, пижами, буквално се, морав да се пресоблекувам.
И јас се потам повеќе од вообичаено и мислам дека е сосема нормално на толку промени со хормоните. Дури самата пот мириса поинаку, посебно под градите. Чекај да видиш како ќе се потиш со доењето
24 полна недела, синоќа за прв пат стомакот ми се собра цел на една страна, осеќав како да е стегнато тука, прво си помислив дека цело бебе се премести тука, ама сега си викам да не беа од тие лажни бракстон хикс контракции? Траеше околу минута. Вакви ли се?
Може и бебе да се има поместено, мене вака ми се правеше а и сега знае да си се намести на една страна. Не знам како уште има место тоооооолку да се превртува, 30+2 сум веќе.
Мене вака ми се правеше во првата бременост, исто мислев бебе дека е, ама ко почнав на цтг сфатив дека се контракции. Е сега може е комбинирано од движење да се провоцираат плус.
Веројатно пак е индивидуално. Мене првата бременост ми се правеше вака а на ниедно од 100те цтг-а немав контракции може па така се погодувал моментот. Како и да е не е за секирање и да е бебе и да се лажните контракции се е нормално.
Да, да, лажни беа кај мене, не ги чувствував, а одеа преку 60, сите се чудеа таму . Спојлер Али затоа после вистинскитеее
https://www.facebook.com/share/r/1638XEF5dG/ Еве еден профил со исто добри совети. Пиши што кажаа на педијатар
Ова од видеово исто ко една сестра после пораѓај да ја слушам. Ко и реков дека скоро саат ми е на цицка, па ко крена да вика како тоа не требало така аууу. Требало макс 15 мин. на една, па уште 15 на друга и толку, проблем ќе сум направела. На прашањето “Каков проблем?” не знаеше да ми даде конкретен одговор . Еве уште не го знам точниот одговор, години поминаа .
Кај мене одговорот беше дека ќе се запушеле каналите на другата ,со тоа шо мене ми беше кажано 10 мин Ама педијатарот кога слушна вика тоа се глупи совети ти гледам упорна си на мајчино млеко да ти е а таму има само едно правило ,,Кога сака,колку сака" и по него само се водев.