Кога лежам ништо не ме боли, само кога ќе станам. Сега читав за тие болките од лигаментите што се тегнат, ама тие ми беа порано кога имав баш подоле, сега од двете страни ме затега стомакот долж цел стомак ме затега
абдоминалниот зид може да се иритира од нагло ширење и таква болка / нелагодност причинува. Ако почне да те боли и во мирување или да ти се многу силни болките појди на дежурен за да се успокоиш
Искрено јас би отишла ,т.е и отидов четвртокот имав таква болка првин средата вечерта во кичма и нанапред а после четвртокот на работа ме заболе и стомак од горе надоле како цело бебе да се поместуваше испаничив и бев одма на гинеколог грлото беше ок ама сепак ми даде утрогестан и мирување. За да не се паничиш најдобро нека те видат па дај боже ништо да не е.
Што е со стомачниов вирус,се исцедив скроз,ни Линекс помага ни ништо.. Сеа испив активен јаглен па да видиме. Докторов ми вика Смекта да земам да пијам ама па пишува не е дозволено у бременост. Искуство некоја?
И јас бев минатата недела со стомачен, дури имав 3 дена и температура. Мене лично Пролајф тие шишенцата многу ми помагаат. Смекта прашокот општо го знам дека е добар за дијареа и потврдувам. Не се напив сега бидејќи немав дома, но да имав ќе се напиев. Ако доктор ти кажал смее, тогаш напи се. Пиј вода, чај, сок, супа што можеш. Јас едвај уста отварав ама пиев колку можев.
Девојки... Јас вчера и денес сум со розевкасто два три часа и прекинува... Утре сум на конторола па би сакала да немам трауми да му речам на докторот да останам одреден период (сега би требало 6недела бидам) претходно имам два спонтани кои започнувале со кафеаво... Ова е розево Терапија пијам Фраксипарини, Утрогестан, Метилирана фолна и Прегназон ... Имам тромбофилија и многу се плашам не знам од каде иде тоа розево... Конкретно сакам да знам дали некоја членка има лежено во Битола на гинекологија сега брзо дали има услови мислам хигиенски да се измиеш да се средиш.. Докторот рече не е страшно се надева се ќе биде во ред покриена со терапија се што треба..
Хорор е стомачниот, јас минатата недела три дена од кревет едвај станував, грозница, температура, дијареа, гадење со киселини, и некои такви ужасни болки во желудник како грчеви. Еве ме 7 дена подоцна уште не сум 100% опоравена, уште си имам гадење, повремено дијареа и грчеви. Пиев јаглен само, парацетамол за темп и фамосан за киселините (најмногу ми помогна од се).
Не знам баш како е со вртење од страна на доктор, моето беше со глава горе (пред 30та недела) и баш го прашував докторот дали смеам да правам некои вежби ги гледав на интернет демек за полесно да се сврти, и ми рече не се препорачува, демек така можело да се заплетка во папочната врвца. Ама ако го прави тоа доктор би требало да е во ред. Моето само се сврте околу 31-2 недела
30та е уште рано, мојата цело време беше со главата надоле цела бременост на секое ехо, не знам што и текна сега во 36та недела да се сврти… вежбата се вика indian bridge мислам дека е јога вежба. Инаку еден од ризиците е и дека може да се замота во папочната и при мануелно вртење од страна на доктор ама они ќе следат на ехо во моментот и на цтг ако се случи нешто одма ќе ме породат. Мада јас сакам да одам на сејф опција да не си играм со природата ако бебе се сврти само добро ако не царски и тоа е тоа…
Јас од старт бев цело време за природно, и кога ми кажаа дека ако не се сврти ќе мора царски, некако се исплашив, а докторов вика ми бараат царски без никакви индикации за да си пројдат "полесно", ти си се исплашила и си викам ништо, ќе биде како треба да биде. Он вика и во 37-8 знаат да се наместат со главче долу, а очигледно и обратно, не знам што да кажам
Леле и мојата од 24та недела е цело време со глава надоле спремна… како бе во 36та и текна да се преврти зарем имаат место ја па си викам 30та влагам неделава готово да не ја мислам наместена е од рано…
Јас на 4ти април бев на контрола беше надоле, за 3 дена се свртела… докторот рече имам многу плодова вода и си има простор да се врти а и многу е активна. 2 пати ме прашаа во клиниката дали ми е второ бебе зошто било многу активно. Прашав и за плодовата вода и за мрдањето ми рекоа не може да е лошо.
Девојки можеби ова е пишувано тука но во моментов ако некоја знае и може да ми пише многу ќе ми значи Прв пат сега боцнав клексан Сестрата вчера ми покажа на лево рамо т.с. под рамо од надворешната страна баш под вакцините Таа вчера кога ме боцна баш болеше и не се поду Денес дали нешто јас згрешив не знам Ја аплицирав иглата поткожно и малку побавно шприцав и не ме здоболе Ама ми се поду како пајак да ме каснал баш исто така ко отечено мозолче бледо и од околу црвено и сега гледам една капка како да истече од боцнатото и еве и по 10мин е како потечено местото Сега претставувам не е страшно една капка да истече ама ова другово ќе се абсорбира? Или треба подлабоко иглата да ја боцнам Денес изгледа грешка ми е боцкањето замина дозата денес... Прашањето ми е Дали вака ви се случило кога се боцкате дали е нормално или не? Дали ќе се абсорбира? Утре можеби подобро да одам пак да барам помош од сестрата Вчера вечерта плус имав главоболка и малку вртоглавица не знам дали од клексаните Ќе видиме сега како ќе биде
Нормално е да се подува некогаш. Само немој да го пипаш или стискаш. Остави го така ќе си помине.. Подобро е побавно да се аплицира за да не боли. Некогаш може и некоја капка да истече. Јас ги стсвам во спојлер. Полесно и побезболно ми е
Дали е нормално надуеност и гасови да имам, 6та недела ми е. Повремено знае и вртоглавици да ми се прави
На почетокот мислам дека скоро сите се чувствуваат потечено После 12нед поминува тоа Вртоглавица може да ти паднато железото или ако пиеш терапија некоја
Фала ти Еве малку спласнува полека Мислам дека само капка на почетокот излезе Не го допрев за да се впие Уххх ајде ќе научам здравје мора што да правам Само да биде се ок
Zenski dali nekoja ispituvala ddmeri i aptt vo Avicena? Znam deka e privatno ne moze so upat, ama dali gi priznavaat.