Ич да не секираш. Веќе 7 и нешто месеци се боцкам, се навикнав. Не можеш да згрешиш. Фаќаш доволно дебело месо со два прста( значи мек дел да не е мускул) и под агол ид 45 или 90 степени полека ја боцкаш иглата. Битно е по спликација да не претискаш. Јас пред да ја удрам инекцијата гледам да ги извадам меурчињата воздух, некој вика дека со клексаните не мора да се вади воздухот ама јас за секој случај. Некогаш ако погодиш некој капилар знае и малку крв да потече( ама многу малку) Топла препорака ти е споилер, во рака е најтешко сам да ја удриш инекцијата и најмногу боли
Јас еве сама 15ти ден се боцкам на почетокот не згрешив ама еднаш болеше и реков ајде ништо е ама помодре ко модринка и после на другата страна се боцкам.. Која недела си? Со тромбофилија ли?
Времињата на хемостаза се на долна и под долна граница Имам неколку генетски мутации на тромбофилија И покрај ова Др Јани не ми имаше дадено клексан терапија па еве после скоро месец од тој преглед матичната виде некои промени во постелката и ми рече веднаш да почнам со клексан Сега веќе 19нед стигнав Ми покажа сестрата еднаш вчера ама еве денес малку различно ми изгледа дека сама боцнав Ќе се научам претставувам Да инаку боли во рака ама тоа е
Не не. Тоа е над колковите. Ти прикачвам слика. Јас до 4 месец во стомак ги ставав ама после малку потешко одеше и најдов на нет дека може во спојлер
Па ова изгледа многу полесно Плус не можам некако сама да шприцам на рамо На стомакот полесно може да се фати со двете раце Ќе прашам утре дали смеам па ќе пробам така Фала ти многу за совет
Ќе боцкаш под 30 степени агол, и најдобро ти е стомак кај што имаш салце, рака боли многу повеќе барем мене. Јас сум 25та недела и боцкам од почеток во стомак. Си пуштав и крв на почеток и модринки имав, сестрата откако ме просветли за аголот не сум утнала, ни крв ни потечено ни модринки. Во бут ми рече не, не се апсорбирало, рака од надворешната страна на висина на бицепс или стомак најдобро.
Не ти е добро боцкано, ја боцкаш во кожа, со мал агол од 10-15°аголот, затоа ти се прави мозолче, треба да ти е субкутано од 45-90 степени. Не можеш сама со едната рака да се боцкаш во другата, ако не се фатиш со другата рака на местото кадешто ќе боцкаш. Ако веќе ставаш во рака подобро некој друг да те боцка.
Не, бев кај матичната, нема ништо се изгледа ок. Се сомневам на тотема ампулите да ми имаат направено грчеви и многу гасови, втор ден ги пијам, сега видов дека може да предизвикаат подуеност и гасови и тоа бо најчестите симптоми. Имал некој друг ваква реакција што ги пиел? Гледам во упатството и дека може да се адаптира времето на пиење согласно дигестивна толеранција.
Ако веќе се боцкаш сама пробај во нога, јас на почетокот се боцкав во стомак после почнав во нога. Се навикнав ок ми е, плус два пати дневно де боцкам. Кога има некој ме боцка во рака кога сум сама во нога. Ми објасни докторот каде и горе доле плус минус ке менуваш
јас имав минатата бременост, исто цела недела јаглен пиев, линекс нишо не помагаше, па ај смекта, па на крај ентерофурил, секако на се пишува дека не дозволено во бременост, ама ако ти кажал доктор напиј се.
Здраво женски. Некоја да има мака со песок/камче во бубрег. Втор пат неделава ме фаќаат ренални колики, дури и цел желудник и абдомен ми се згрчува :/. Урологот ми кажа само течности повеќе, ако не е воспалено не препорачуваат ништо ама болкава е многу лоша и иритантна. Некои природни алтернативи?
Јас оваа недела почнав да ги осеќам тие болки тапи во препони при стани седни … крај на 29та недела. Пијам магнезиум ама попладне пак си почнуваат наутро кога ќе станам намалени ама ги има сепак… изгледа од тука почнува веќе тешкото
Нема да е добра абсорпцијата и ефикасноста на лекот како кога е субкутано администриран лекот, затоа треба да се внимава на аголот. Тоа што ти се јавило мозолче и црвенило околу значи дека не е добро администриран и дава локална реакција.
Пијам само пролом вода, неколку месеци веќе, менувам знам и од чешма да се напијам и обична флаширана ама 90% пролом 1.5л некогаш и повеќе.
чувствуваш некоја разлика? ќе земам и јас утре ако не, гледам и јас околу 2литри да пијам, немам мака со мокрење ама грчевиве ми е страв да не испровоцираат контракции кога се грчи цел стомак
Боцкај во стомак најлесно е и најмалку боли. Мене често пати знае да ми протече капка крв, не е страшно тоа. Тоа што ти подрипнало така можи да е реакција од клексанот, мене црвенило ми се јави на првата боцка. Ако приметиш често така и главоболка кажи му на матичниот да те има во предвид. Инаку не се секирај иглата се става скроз на врвот подкожно, сигурно е аплицирано како што треба.