Цела девојка е со 2кг, срценце, мисли на тоа дека пороѓајот нема да биде толку болен зошто не е бебе од 3ипол кила и дека ќе дојде лесно и брзо на овој убав свет. Немој да си вознемирена те молам … јас се би дала порано да си ја гушнам и да не ја чекам до јуни… мене па ме убива ова чекање уште 2последни месеци
Еве истото и јас со брисевите. Еден доктор вика на 6 недели. Еден вика нема потреба. Неможе да нема ама нели треба да им се верува.. најди средина и направи си брисеви. Јас за две недели сум на гак, кај ќаев и како ке ми каже он така ке направам. Ако ми рече зимаме брисеви ок ако рече и он не па ок, немам памет веќе
И јас те помислувам цело време. Но знај дека си во безбедна недела, бебче има тежина и ќе бидете добро. А за пораѓај, остави и не мисли. Природен процес е тоа и тогаш и жената добива сила да издржи се. Телата ни се создадени за да можеме да го издржиме тоа. Секако ако може да се олесни со епидурал , распрашај се и побарај. Ќе бидете добро
Срце ми кажува дека нема да родиш сега Јас навивам 33 гн да ја фатиш т е мислам дека до 33 нема да се породиш Знаеш и сама и 1 час подолго во меше е плус за бебето а не пак ден или недела Така да колку повеќе издржите толку подобро Машала и убава тежина има бебе Ајде пушти си филмови некои емисии некои јутуберки гледај луфтирај мозок и издржи јуначки
Леле не мисли на тоа кога бебе ќе реши да излага и ако е наместено за природен пораѓај брзо ќе пројде.Кај мене болката беше кога се отварав да беа посилни болки ама се издржуваа.Одкако ми рекоа те носиме родилна сала се помина брзо .Кај нас со скретено грло процесот на пораѓај е лесен и брз барем има нешто добро во тоа.Мој совет слушај ги на пораѓај док кога да стискаш и лесно ќе биде.Јас на ММ му реков уште 10 ќе ти родам ако вака лесно се пораѓам .
Лејди се ќе биде супер, храбри женски сте вие двете Праќаме сила и позитивна мисла сите од тука, и те чекаме со добри вести.
Бебушот е преместен кај подобрите бебиња ,стабилен е 1200гр .Сега чекаме да порасне и скроз да се тргне од кислородна подршка.
лејди отварам денеска по 100 пати само да прочитам дали имаш вратено, те молам без паники се ке помине после на ова ништо нема да се сеќаваш оти ќе ја имаш до тебе највредната смири се чим си таму под контрола те следат изрелаксирај се изгледај нешто може ќе се предомисли за испаѓање ќерето да си почека уште малце.
@Ladyme те мислиме сите и ти ја испраќаме најпозитивната поддршка и љубов. Верувај дека бебка ќе биде супер, машала голема женска. Ти си храбра мама, ќе биде се супер. Те чекаме да пишеш.
Кои витамински препарати ги користите во бременост ? Јас до сега пиев Фолна и Магнезиум но денес ми ги прекина матичната и ми препорача Новолак но може и било кои други. Ваше искуство и со цениве гледам се скапички некако
Жени, може ли втора доза Полигинакс во 14та нед? Со првата доза некако не се повлече кандидава, а матичната оваа недела не ми е тука...