Прашај да се смени терапија, види прашај замена кој ти е, Мене мико пенатран 3 вагиналети ми ја средија таму во декември кога бев 16та недела. Пад имунитет најмногу.
Денеска почнав со цтг 36 нед сум и два дена, на цтг се покажаа болки ме прашаа дали ги осекам јас ништо не осекам, јас се испаничив ама читам тука дека и кај други така имало па се породиле 40 некако се подсмирив
Каква јака контракција имав и неколку помали, не ги осетив. Без еден ден, 39 та се породив. Па и во сигурна недела си, не паничи.
Зошто да паничиш, јас едвај чекав да влезам во 36 за да се породам, а и сега се надевам макс до 37, не можам ни да замислам до 40, скроз би полудела. колку кг е бебето?
Јас ги сменив Новалак за Премама Дуо. Огромни се Новалакот, ми сметаа на желудникот. Тој е составот на сите пренатални. Премамата ги пиев и во прва бременост и незз дали беше од нив баш ама косата ми растеше ко луда
Здраво на сите Денес од кога се прибрав од работа чувствувам блага болка најдолу на стомакот. На моменти кога ќе пробам да се фоксирам на нешто не ја осеќам болката, не е постојана и не е силна. Бремена сум 19та недела. Дали има место за паника, дали сте се соочиле со вакво нешто?
Инаку за боцкање на клексаните денес успеав некако на левата рака сама со десната Аголот ми бил погрешен вчера Појдов да ме види сестрата и ок бев За боцкање на клексаните во стомак или нога ми кажа дека за трудници не било така препорачливо ми рече како мислам да боцкам ама дека така знаела таа дека во рака било најдобро
Ако не е јака болка не би требало Можеби ти треба мирување ако си се преморила и магнезиум обично сите пиеме ако не земаш пробај може ќе ти опушти
Магнезиум пијам од првиот ден кога дознав дека сум бремена по препорака на докторот. Денес на работа носев обични фармерки, копчето го држев одпетлано додека работев седејќи, можеби и затоа осеќам ваква болка.
Ќе влезеш во шема. И со десна и со лева да боцкаш. И модрица да имаш немај гајле. Лом бев во рацете некогаш. Ама битно ги ставав. Во нога дека ми беше стегнато месото/ мускулот, неможев да аплицирам и една модрица што имав, еден месец ја носев на мене.
Od prv den do 26 nedela se bockav vo stomak, sega vo but. Pa ddimerite mi se sekogas regulirani. I doktorite vikat vo stomak najbrzo se absorbira
Јас фармерки обични од 10-11 недела не можам да носам, а кога ме стега нешто така ниско болка знам да имам, независно дали сум бремена или не. Носи малку полабави алишта па види.
Крајно време е да се подновиме. Дали можеби знаете каде се продаваат труднички алишта во Битола и Охрид, освем во Ваи-кики?
На 31. 03 беше 2476 сега не знам колку е, дека така неспремна ме фати паника си реков ако ме задржат затоа се испаничив битно ми е плуќата да му е развиена па нека излагат кога сакат
Имам пишано и порано, кај десната страна поточно тука имам болка како нерв некој, значи не е мускулна болка привремена туку си стои цело време, само некогаш не ја осеќам, некогаш при наведнување малку а еве сега дури се туширав ногата ми беше подигната, некое време кога ја спуштив вриснав од болка како да ми прелапна нешто во задникот. На нет од тоа што најдов пиши sciatica nerv На матичниот му кажувам не се замара, ми вика можи не е поврзано со бременоста, можи и лигамент од шо шири карлицата Се плашам да не станува се полошо оти 6 месец допрва влегувам а болката две месеци тука си е. Некоја со сличен проблем, кај да се обратам, дали во бременост се дозволени некои доплери да ме види стручен доктор или да се помирам со болката
ова е ишијас и мене чат пат ме фаќа се јавува во бременост поради променето држење на телото магнезиум пиј 2 пати на ден сабајле вечер
Пишував и јас за истово пред некој ден. Болката е од бременоста и се работи за ишијас или на англиски sciatica. Не знам како може гинекологот твој да не знае. Јас мака мачам исто веќе 2 месеци, и во првата бременост ме фаќаше ама не волку како сега. Сега има денови кога така ќе ме стегне мислам со саати осеќам болка после. Ќе ме штрекне наеднаш дури имам и плачено од болка. Бебето е така поставено, карлицата си се шири и општо таа вдлабнатина на грбот во долниот дел е поизразена во бременост и се тоа допринесува да кај некои се јави притисок на тој нерв. За жал нема лек, пиј редовно магнезиум, избегнувај седење на тврдо, барем мене ми реагира на тоа. Има некои вежби за истегнување, побарај на јутуб. Јас бев и на масажа ама немаше никаков ефект. Некои од вежбите пто ги правев ми помагаа колку толку. Побарај и пробај може ќе си најдеш некоја вежба што ќе те опушти малку барем.