Што смеам за болка во грло (поточно тешко голтам, немам други симптоми) и исфрлање на шлајм 36+3 сум. И уште едно прашање дали некоја практикувала од 9ти месец да јаде урми и пие чај од лист од малина, има ли ефект за полесен пораѓај? Ептен ми е мака на гладно урми да јадам а и чајот не е нешто нај.
Јас во првата бременост јадев ако добро се сеќавам по 6 урми на ден (3 после ручек, 3 после вечера) и пиев чај од лист од малина, со тоа што за него имаше некој специфичен начин на конзумирање, од типот дека после 30та се пиеше една чаша на ден, па после 3 мислам или обратно, па на крај последниот месец требаше да отстои 24 часа, па да се пие. Имам некаде точно запишано, ама треба да побарам. Јас имав лесен, прелесен природен пораѓај, без епидурал. Верувам дека и телото соработуваше, може ми се посреќи, ама сакам да верувам дека и чајот и урмите имаа влијание. Не знам каков ќе биде овој пораѓај, ама дефинитивно ќе го практикувам истото како и во првиот.
Ми стигнаа резултати од уринокултура enterococcus.. 75.000 е сконцентрирана.. страшна ли е ? Првпат ја слушам, упте се немма консултирано со докторкава.. аман веќе
Ете ја исто како кај мене… од гастро тракт е … јас од петокот сум на алмацин / антибиотик … 10 денови ми препиша докторката од систина. Ми рече не е страшна ако се третира од самите нас си е не е фатена од надвор …. Ми вика секоја трета трудница на крај е со уринарна инфекција ради пад на имунитет се надевам ќе ја уништиме за 10тина дена
Мене ми беа 11000.. ги средив дојдоа до 2000 шокови и со таа циркулација цела бременост.. пред да ме примат на гак првиот пат 3800 беа а ми скратија на еден клексан и дојдоа 11000 и вратив на два клексани и ги намалив.
Ох и пишав на докторкава сеа ке чекам да ми врати, ако ми врати. Ако не ке го пратам мм да отиде до систина да му пише терапија. Ми е страв да не ја имам и вагинално, наредна недела сум на контрола ке барам брисеви обавезно
Сто пати сме збореле за пробиотициве во темава ама за овој не ми текнува… баш за уринарни бактерии во зегин ми го предложија, има некоја што го користи во бременост?
Па кога пиеме антибиотик се бориме да заштитиме вагинална флора да не се појави и кандида … тоа е генерално идејата
Мене ми стоеја во место цело време. Повисоки ми беа. Битно протиците беа одлични, што е најбитно. А и клексан и аспирин примав.
Високи ти биле ама битно се намалиле, да не ти скрателе еден клексан можеби и на нормала ќе ти се врателе ама доктоеиве ни се такви сакаат да експериментираат, мојот матичен небеше ни да примам клексани ама на оделение докторот ми рече дека ако се над 2000 ќе мораш да примаш, јас имам плус и притисок ај тој се средуват со терапијата и башка имам страшни отоци на нозете и ептен ме болат
мене за две неделе од 1800 и нешто 2080 се направија сега се надевам дека ќе се намалени или пак да не се покачени, а тоа протоците на ехо се гледаат така!? Мене докторот ко ме гледаше ми спомна дека протоците се добри
ng/ml, значи јас на забременување имав 580 ддмери, после во 16 та 1700, во 21ва 2700 за кога ме примија на гак 28ма да се 3780 со два клексани што сум примала, после две недели лежење на пин, 11000 и со толку ме пуштија дома јас преплашена они искулирани не било страшно. Јани ми врати терапија и 2000 сега кога ме примија пак на прва крвна слика. Пак сум на 1 клексан.
На нет некаде читав и дека од хемороиди се јавува таа болка. Значи ишијасоѕ болката го опфаќа делот на грбот и се спушта надолу, мене само една точка кај трката ме боли