Целта на тестот е да се види дали шеќерот е добро регулиран при нормална исхрана, не треба да се држи диета.
Пиела некоја Флорадикс сируп за железо ? Има ефект или ? Скапо доаѓа, два пати на ден по 10 мл значи 12 дена едно шише ќе оди. Два месеци треба да го пијам континуирано. Аптекарката ми ги спомна на Солгар капсулите, докторот инсистира со Флорадикс да одиме, дали заради тоа што не прави дигестивни проблеми и е полесен за организмот не знам. На природна база е гледам
Нит вода, нит цигари се забранети дур правиш тест за скриен шеќер. Не смееш да се движиш премногу, но никој не рекол дека треба да се лежи. И фаст период пред секое утринско испитување шеќер е 10-12 саати (12 перфектно), а не помалце, ниту па чекај да си лапнам мандаринче во 2 сабајле, што има везе, па после висок шеќерот.
Јас лежев бидејки сум ризична бременост ама имаше уште неколку трудници тогаш и баш докторката се погоди тука и рече вие што испитувате шекер седнете надвор во чекална и без движење во смисла рашетување или идење негде па да се врати за саат време ама за до wc секако е дозволено. Во врска со водата незнам мене така ми кажаа тогаш така пренесов може не е дозволено. Кој може да издржи може и да не пие
За цигарите така читав инструкции на интернет. Подолу прикачив слика препораки пред тестот. Во странство велат голтка вода ако мораш, тестот се прави седејќи не лежејки. За 8 саати гладен да си е минимално не го измислив тоа, а колку максимум треба да не јадеш пред тестот и да се релевантни резултатите немам читано. Гаден е тестот ама се издржува. Она што се мора не е тешко.
Јас се паркирав пред ординација и си седев в кола. Ако одиш со кола можеш и така да направиш. Земи книга нешто да читаш или филм да гледаш. Течноста не е убава нормално, но не е ептен неподнослива, само многу блага. Сабајлето мислев дека ќе сум премногу гладна, но после течноста не можев ни да јадам
Значи јас шербет не јадам ,ништо попарено оти ми е лошо после. Убедена бев дека ќе ми се слоши ,плус седењето таму . Ама правев блиску до дома ,после течноста ми беше малку гадно и ми се матеше затоа и останав таму ,си читав сестрата на 5 мин ме проверуваше. Во посебна просторија бев ми даде ќебе. После второто боцкање отидов до дома им однесов леб поседив 15 мин се вратив за следно боцкање ,само мораш саатот да го запаметиш Маска стави си задолжително и терај не е толку страшно И да ни вода не ми дозволија ,ама само првите 10 мин сакав вода после веќе се навикнуваш. Туку многу голема болка имам на десно ребро под градите одма напати е прободувачка ,напати како здрвено... прашав гинеколог вика од шо се шириш шо и да ти дадам нема да ти помогне... ама има ноќи не спијам буквално од болка. Вчера ибупрофен се напив дури.
За ризична ок. За обична мислев. Кога праев, го прашав тој дали морам да дремам овде или можам со такси да одам до негде и да се вратам. Ми рече, оди кај сакаш, само премногу не се движи. Вода смееш, цигари (ако пушиш) смееш, друго заборави.
Па не си во право или тој што те советувал не е во право. Ги најдов протоколите за изведување на тестот. Значи како што напишав 8 саати минимум до 12 саати не се јаде, не се пијат сокови, не се пуши и не се пие алкохол. -Пушењето е забрането и за време на тестот. Пиењето на вода исто е забрането за време на тестот за да не се добијат погрешни резултати. - Утрото кога се прави тестот може да се напиете чаша до максимум 2 вода. -Пред тестот 3 дена треба нормално да се јаде. Треба да се внесува повеќе или барем 150 гр јаглехидрати на ден и да нема невообичаена физичка активност. Пр. Да почнете да пешачоте 5км на ден а пред тоа само 3. - Не треба да има движење за време на тестот затоа што мускулната активност влијае на вредноста на шеќерот. - Растворот треба да се испие во рок од 3-5 минути. -Првото земање на крв е на гладно, па по 1 час, па по 2 часа.
И мене пред 2 месеци во Зегин ми ги препорачаа тие капсули. Ги купив ама многу ми се гадеше и повраќаше од нив и само 3 недели ги користев, после тоа направив крвна слика и железото беше исто како и претходно.. Продолжив со други капсули од Германија со кои што сум многу задоволна (Ferro Sanol oд 100mg)
Cestitkiiiiii Lejdiiii. Se nadevam deka ste dobri i se ke bide vo red. Ti si primer za istrajnost, verba i borbenost. Sekoja cest. Konecno se nadevam ke mozesh da se opushtish i da uzivash vo novoto poglavje so kjerkickata i soprugot. Vi posakuvam se najdobro vo zivotot ❤️