Честитки, да е жива и здрава, да има безгрижно детство и цел живот да ве прави среќни и горди родители! ❤️
@Ladyme честитики мила да е здрава и жива,среќно и безгрижно детство и посакувам а вие горди родители да бидете. Како сте ,како е девојката ?
Знаеш како влијаат сите овие работи доколку не се почитуваат препораките? Дали го покачуваат шеќерот? И јас ќе правам за 2 недели. Каде е најдобро да се прави овој тест? Може препорака за лабораторија.
Најискрено ич не треба да се замарате за тестов. Нема да е валиден ако ти 10 дена претходно држиш диета па после пак се вратиш на твојата стандардна исхрана. Не е финатата да го зезнете тестот туку да покаже како вашиот организам се справува со ова и дали имате дијабетес или не. Само 10тина саати пред да отиде да немате јадено, сабајле секако може вода. Грозна ми беше тоа течноста што се пие ама јбг ќе се истрпи. Препораката е минимално движење за да не предизвика пад на шеќерот таа некоја поголема активност, чисто да е точна вредноста. Затоа е најдобро да седите во самата оргинација или тука во близина, пример во кола. Земете си книга или некое филмче на телефон/таблет и тоа е тоа. Може по голтка две вода дур седите. Досадно е да ама 2 саати се, не се 2 дена, ќе поминат. Јас правев во Срце во Аеродром, чисто ако некој е од близинава, ок е ординацијата.
Ова се што го пишува @Katie90 е за да не даде тестот лажен резултат, бидејќи која е поентата ако резултатите не се точни со тоа што ние сме се движеле во меѓувреме, сме пиеле вода или сме пазеле на исхрана 5 дена пред тоа. Значи тестот треба и мора да покаже реален резултат, за да знаеме што понатаму, за наше добро и добро на бебето, која корист ако ние влијаеме на резултатот и покаже неточен. Јас во првата бременост имав на двата теста покачен шеќер и тоа само тој на гладно ми беше малтене на горна граница, не беше нешто екстремно, ама Германциве тука многу сериозно ја сфатија работава, а и јас. Морав да мерам по 6 пати на ден, да го запишувам секое мерење, да одам на 2 недели кај дијабетолог итн. За време на тестот морав да седам 2 часа, пред тоа 12 да не јадам, немаше вода, немаше станување, тоа е тоа. Кога веќе имав дијагноза, морав да пешачам секој ден после оброк и да пијам по мин 2 литри вода, затоа што тоа влијае многу на шеќерот и го нормализира. Затоа за време на самиот тест, ништо од тоа не треба да се прави.
Ти благодарам. Секако нормално ќе јадам и нема ништо да сменам. Мислев конкретно на движењето за време на тие 2 часа, пиење вода...дали ја зголемуваат или намалуваат глукозата. Се оди со упат во Срце или приватно беше? Боцкаат само на 2 часа или и по 1 и по 2 часа?
Боцкаат 3 пати, вкупно седиш 2 часа. Не бев со упат, мислам беше 600 денари. Мојава матична гинеколог ми имаше кажано дека не оди на упат скриен шеќер. Дали е стварно така не знам ама имав малку покачен утрински и секако беш решена да го направам.
Здрсво девојки. 23 недели сум и забележав на брадавиците како малку поцрнето. Дали се работи за нешто нормално или треба да се обратам некаде и каде?
Normalno e, barem so prvoto koga prashav taka mi rekoa, deka se menuva bojata na areolata (mislam taka se vikashe). Ne crno, tuku kako potemna boja, po kafenko i dosta se pogolemi od prethodno. Duri i venite mi bea poizrazeni, i orviot i vtoriot a i sega. Dokolku e potemna boja malku nema mesto za zagrizenost. Duri moze i bolka da osekjash nekoja kako peckanje ne znam kako da se izrazam, toa e deka se razvivaat mlecnite kanali.
Честиткиии мамичке,да ви е жива и здрава и само радости да ви донесе. Се радувам многу за тебе,ти се една храбра мама,херој.Таква ќе биде и твојата ќеркичка.Мојата прва ќерка е во април деновиве и беше роденден ( овен во хороскоп) ѕверче право ќе биде Господ да ве чува и побрзо да си појдете дома,преубава вест за денес