Девојки стигнав до киселините некако наивно мислев дека ќе ги избегнам ама јок кажувајте чаре што помага. Пробав со ваја рефлукс ама не ми помага, што друго е дозволено?
Јас не сум со никакви терапии па со истото имам мака. Од самите хормони е и е нормално. После царски какви гасови имав охооо тоа не може никој ни да замисли
Мене ми помага некогаш Рупурут. Гастрогард никогаш не ми помогнало. Во последно земам од кесичките Рефлустат. Ама некогаш баш ништо не помага. Ако се ептен онака јаки и неиздржливи можеш Фамосан. Гледај да не вечераш касно и да не се прејадуваш. А и ќе приметиш која храна ти пречи. Мене промер марула ми смета ептен, ѓеврек, цитрусни овошја, чоколади со пример јагоди малини такви работи, многу зачинети јадења исто. Грицки па да не збориме. Е имам приметено мастика ми помага некогаш, па дури и четкање на заби знае да ми олесни.
Матичен гинеколог може даде упат, но општ матичен не може ако мемаш дијагноза за дијабет. Но, може специјалист да даде упат за огтт. Јас ќе земам следната недела од специјалист-интернист.
Маричниот гин ми кажа дека е извадено од протокол за бременост проверка за скриен шеќер и ич не се ни распрашував. Исто и за уринокултура ми има кажано не иде на упат. Сите различно. А во авицена не се наплаќаат некои анализи за трудници ама само во карпош, не им важело во аеродром. Сеа тоа ќе правам јас ќе одам по цело скопје за упати и 0 партиципации. Безобразни се.
Како бе така ти кажал. Баш безобразно од негова страна. Имам упат за уринокултура издаден од матичен гинеколог. Скриен шеќер правев во февруари, исто издаден од матичен гинеколог. Како сакаат, така си прават, за жал.
Честитки на сите нови мајки... Сакав да прашам бескофеинското кафе некоја да ми го сликни како изгледа кесата... Да знам кај мене да побарам ако има
Мене кока кола ми помага. После појадокот на работа имам страшни киселини, грлото ми гори до устата, бебето е качено погоре и при секое јадење страшни киселини имам. На работа секогаш имаме како кола и случајно забележав дека од нејзе ми разминуваат. Понекогаш и сода растварам во чаша вода на врвот од лажиче и од тоа ми мине.
Црвеното го има само во Веро сум го користела пред бременост, тоа е како турско, има и во ДМ Био тие се безбедни за нив пребарував прееска, важно било да е без адитиви...