Значи само јас спијам Легнувам 23h.и кома сум до 7h За во вц само станувам по 2,3 пати ама не гледам на саат, одма заспивам
од кога почнуваат преглед вагинален? имам заборавено од првата бременост, ама тоа ми остави најмогу траума искрено кога се пораѓјав кога ме прегледуваа ми викаа да кажам кога имам болка тогаш да ме видат и ептен ме болеше и сега страв ми е
Обично мислам дека од 39та, но првото бебе го родив 38+5 и само пред пораѓај ме прегледаа со рака и мене ми беше премногу болно. А денес сум 38+1 но според првото бебе дека е порано од 39та и затоа и ме прегледаа вагинално. Но овој пат не ме болеше толку. Дали имаше разлика до докторката незнам.
Јас со првата бременост имав чешање на нозете и рацете бев дури и нафрлана со мозолчиња никој не знаеше што ми е бев страшна за гледање па родив здраво бебенце, сега сум 9 месец стомакот ме чешат страшно, немој да се секираш само и да мислиш, се ќе си биде во ред, јас и покрај со тоа чешање од што не знаеа што е примав и инекции за алергија и се породив во 41 недела уживај си во бременоста се ќе си испадне како што треба
Не знам јас никако неможам да се сетам ама знам дека болките кога почнаа често ме прегледуваа вагинално и затоа сега многу се плашам од пораѓајот
леле блазе си ви, ја заради тоа станувам и се расонувам и не можам да презаспијам... маж ми вика шо ќе правиш на крај ќе спиеш во вц
И јас со спиењево катастофа сум. Прво во дневната дремнувам од кај 10 до 1 часот, па се префрлувам во спална но се осеќам наспано па листам на телефон до кај 2,3 па заспивам до 6.
Кога се боцкате со клексан односно од како почнавте да се боцкате имате приметено некои промени? Мене ми е 6та денес по ред не знам дали е до нив или општо до бременоста Вчера прв пат ми се случи крварење од непцата при миењето на заби Под очите имам подочњаци ама темни лично јас никогаш не сум имала подочњаци барем не вакви, од умор знаеле да ми се отечени или очите како пропаднати ама темни подочници не... Малку можеби е смешно прашањето Ама ме интересира дали некоја имала некакви промени и какви и/или вакви можеби Левата рака веќе ми е со модрици ќе морам да најдам начин да се боцнам на други места
Исто Инаку сеуште не сум кажала на сите пријатели/ки па и фамилии оти генерално повеќето едвај чекаат да солат памет, а немам некако можност да слушам сеуште немам трпение Така да нека помине време здравје ако веќе ми порасне стомаче и ме видат тогаш... Ги избегнувам искрено повеќето Знаат оние што ми се навистина блиски и имаат осет да не коментираат без потреба И тука што наидов на просторот за разговор и може да се почувствува разбирање
Фала ти што сподели искуство Денеска немам чешање фала му на Господ. Дека бев хоспитализирана на ден и можеби од стрес можеби од некој детергент во болницата сабајлево се убив од чешање. Ама еве сега нема па ќе видиме. Пишува во ноќните часови се појавува. Дај Боже да е минливо. Еве лежам и не можам да се изнарадувам дека ништо не ме чеша.
Можно е да се јави крварење на непцата и од самата бременост, осетливи се непцата. Имам темни подочници и јас ама сум ги имала и претходно. Јас и од нередовно спиење ги имам а и железо ни паѓа па подочњаците до израз идат. За клексани боцкај во стомак најубаво и најлесно, не се плаши до крај се боцкаат во стомак
Ова маживе па ,би ги тепала. Тој да не го носеше Така некни на работа еден ,,извини што те измачив јас најубаво те разбирам и жена ми е трудна " -тикви разбираш.
Јас примам за утре имам уште една, ама немам нешто така приметено некоја промена 10 ми беа препишани, цела бременост промени ќе имаш тоа е од хормоните, знам доста трудници кои имаат проблем со непцата во текот на бременоста
Мене ме чеша стомакот ако ми е подолго време покриен, иначе дома си шетам со голо меше и немам никаков проблем, нон стоп го мачкам ама и сеќавам дека ми пукат имам стрии, знам што имаш читано во врска со чешањето тоа чешање е друго почнуват на дланките и табаните па на цело тело пропратено е и со други симптоми плус ќе бидат покачени и некои вредности во крвта така да не се секирај