Кај мене многу рано се виде полот, од 12 недела беше натопорен и уште на секој преглед само го пафка, се прчи хаха Јас сум многу слаба и баш неколку доктори ми имаат напоменато дека многу убаво на ехото се се гледа баш поради таа причина, и тоа и на 2д ехо убаво се се гледа.
Сигурно ќе се види сега без гајле биди. Кај мене во 16та недела ми рекоа девојче ама со прашалник, го чувам и ливчето со прашалникот што ми го дадоа во плик. После на нареден преглед веќе се покажа, а и матичната ми рече и кога се кријат ние по одкуцаите на срцето знаеме што може да биде ама чекаме да видиме за сигурно. Биди опуштена ќе дознаеш тоа што ти е желба дај боже да ти се исполни
Кај мене траеше два-три дена. Класична диареа со кркорење на цревата. Јас мислев дека ми е од матнезиумот па од вит ц од 1000. Вода од варен ориз за еден ден ме среди и малку стопирав со пиење јогурт- пошто пирв 1кг на ден.
Јас не сум задоволна ...Кај бебешка имаше црвенило и да ти кажам искрено многу грдо мирисаат ...Јас од sleepy сум задоволна многу сега сме со такви не прокиснува...Имавме и canbebe од нив прокиснуваше
И мојата се криеше до 19та недела, на три прегледи по ред не можеше убаво да се види полот, се со скрстени ноџиња беше и на последниот докторката ми кажа дека е женско ама со 99% сигурност... И сега си чекам втор скрининг за уште една потврда пред да почнам со купување фустанчиња, иако веќе одбрани ми се и веќе си се пофалив на сите дека е женско
Направи малку пауза но спа, спазмолитик е дополнително прави дијареа, земи електролити раствори да не дехидрираш, и јаглен медицински само разлика два три сати од електролитите. Можеш до три пати по две јаглен во вода рствори. Линекс еднаш. Важно е да се хидрираш и да исфрла јагленот тоа бактериите и токсините од телото. Диета со храна ориз варен, двопек, банана.
И кај мене синко се виде дека е уште во 12 недела, на втор скрининг само потврдија дека е син хаха.... Машкиве изгледа одма се натопоруваат хахаха
изгледа да, првата бременост кога носев машко одма го видоа и докторката ми рече машките одма шират нозе иначе имавме сега случај со другари, женско, женско до крај, се купено розево и на пораѓај машко, кога се јави таткото од болница да ни каже јас не верував мислев се зафркава
Јас не правев пренатален, пол дознав тек накај 18та недела може и покасно беше. Лошо беше наместено не се гледаше.
И јас имав таков проблем ,некако го оправив со акаунтот на мои услуги ама не ми текнува ич кај чепнав ако успеам да најдам до после ќе ви пишам И мене ми е тешко да и одберам име за цел живот ,посебно дека на моето му ставија грда варијација и цело основно ме заебаваа и си го мразев... Сеа па си го сакам најмногу на свет Добри се слипи сеа ? јас првата со слипи ја пораснав таму при крај ги сменија памукот се собираше на едно место и не упиваше ич па со виолета довршив. Сда немам поим шо да земам. Проблем е што сум речиси 32 недела Ќе се породам ќе немам име да ја запишат За машки имам неколку.. за женскоо на се најдов маана Едит : за мое здравје ,овој одговпр ми стигнал Почитувани, Доколку се соочувате со технички проблеми, Ве молиме пријавете ги на moezdravje@zdravstvo.gov.mk . За апликацијата Мое здравје одговорна е Управата за елетронско здравство контактирајте ги на 0215444 Ама не се јавував знам сама дека средив ,не знам каде
@Ariel.20 @Iva.T На uslugi.gov.mk се најавувате со истиот акаунт од мое здравје кај профил ќе изберете мој профил па кориснички подесувања ќе ви излезе ЕID профил мислам дека следно беше сертификат за потпишување ,сеа не ми дава мене дека средено е.
Истоо. Уште на прв скрининг во 13 недела Димчев рече јас тука гледам куре(извинете на израз ама буквално негови зборови). Мм беше изгорен за машко и ептен по ќеиф му се погоди. Уште пред да останам бремена се знаеше името кое ќе биде ако е машко. Само нека ни се здрави и живи името е најмал проблем
Бога ми реткост е таков доктор во нашава држава, на жалост. А треба барем поголемиот дел да се такви. Се гледа дека со огромна љубов си ја работи работа. Рано е за купување, имаш време. Мене ме фати еуфорија вчера и затоа си пуштив срце не ни верував дека ќе стигнам до тука после 3 неуспешни бремености, ама фала богу се е океј и нека не дочува господ сите до крај. На тема име, за прва ќере мм одбра име, ми се свиѓаше и мене па се согласив, АМА договор беше за второто јас да бирам испадна не сум стигнала на ред, ќерка одбра име за дада и, и нема компромиси со нејзе. Може ќе имам шанса за 3то здравје
Прв преглед го имав со рака и воопшто не беше болно, а баш се потресов како ќе биде читајќи овде дека бил болен преглед кога го проверуваат грлото со рака. Веројатно има разлика од рака до рака
Ве читам за пол пишувате, јас отсекогаш сакам да имам и девојче и момче. Првото сакав да ми е женско ептен, мазено галено, прва внука и од двете страни, ми се исполни желбата. За второто сакав машко и се молев за машко, ми има посебна убавина да имам и ќерка и син. Досега 3ца доктори ми кажаа машко дека ќе е, јас сум веќе 21ва недела. Ептен се прерадував. Бевме со мм и ќерка да купуваме за неа облека и она јас за бебето да купам и носи на каса фармерки и маичка и тоа 3 месеци најмали зела и вика да се дотера да биде убав да може жена да си најде јас и продавачките се тркаламе од смеење. Ми викаат колкаво е бебето викам не е родено ама ќе го жениме одма За разлика од првата бременост, сега не се стискам ич и почнав пред еден месец да си купувам по нешто по мој мерак. Од играчки до облека. За ќерка ми ништо не бирав јас, неможев од кревет да станам, па корона фати не шетавме и така некако помина цела година, ич не имав шанса да се радувам. Затоа сега надокнадувам