Во границите ти се Сами по себе д-димери ваков резултат не е ништо страшно За клексан терапија колку што разбрав од сѐ што се изначитав и се консултирав Треба да се следи ехо, состојбата т.с. вредности на плодот, постелката обавезно, протоци И хемостаза исто е нормално во бременост да е изместена ама да не се многу под долна граница времињата И да заборавив да дополнам Претходна историја и генетски мутации на тромбофилија
И мене од 500 во прв триместар, крај на втор ми беа 1126, ама времињата беа добри, на долна граница, се консултирав и со трансфузиолог, нормално е да се изместуваат вредности во бременост, ми кажа тогаш за клексани генерално давале кога аптт ќе падне под 25 а од 27.9 е нормалната граница ама исто очекувано е да се скрати само не под 25. На скрининг сигурно ти имаат измерено протоци и маточни и во папчаник и во мозочето, штом не ти спомнале ништо и бебе си напредува, нема потреба од терапија. Кај нас е толку честа препораката за клексани, што ако не ти препорача некој да зимаш си се запрашуваш дали е сигурно се во ред, да не случајно пропуштил некој нешто да ми каже..
Ми го препиша гиниколог. Претходно пред да останам бремена пиев Фероглобин во консултација со општ лекар. Имав значително подобрување од под граница сега ми е околу 24-25 железото.
Jas pijam sideline...direkt kesicki...ne ki smetaa na zeludnik posto epten imam osetliv.....od doctor prepisani....do sega mi imaa efekt....utre ke pravam pak krvna slika kontrolna bas ke vidam...vikaaat deka zelezoto pagalo vo tret trimester uste poveke...jas pa i so virus pak ..bas ke vidam utre......
и мене леукоцитите ми се покачени уште од почетокот, за железото првата доза ми беше со ферозомал кесички , а сега со тотхема па ќе видиме како ќе се покаже а иначе доста ги фалат некои феро фолик кои ги имало во Грција.
Како проверувате резултати на мој термин, прееска бев кај матичен 14:30 часот сеуште ги немаа пратено, да не го замарам на телефон да си ги проверам сама. Инаку ме зирна на ехо ми рече дека нема простор за грижи, има минимални лакунчиња, се е во ред со бебе си напредува како што треба. Покриена сум со клексани ионака.
Што значи PVU сакрализирано, долго 2.5цм? OUE вложливо за врв од прст. Цервиксот е, ама сакрализирано што е?
Дали броите удари вие што сте при крај? Јас ни со првата не броев, ни па сега. Битно ми е во текот на денот да го осетам. Ама денес на преглед, докторката ми рече 20 пати минимум треба да мрдне во 24 часа. Односно, да сум си го поделела денот на 2 дела, 08-20 и 20-08 и да мрдне барем 10 пати во 12 часа. Ако мрдне помалку од 8 пати и при лежење на лева страна, јадење благо да одам на дежурен Ме замисли некако, зашто цел ден натака-мавака не ни приметувам кога мрда не па колку пати.
Вчера прв пат ми мереа грло на матка. Моментално ми е 3.7 cm. Ама ми рече докторката и да не се напрегам премногу периодов. Као во граници на нормала е, ама не е лошо да се внимава....
Јас со првото не броев, некако цела таа бременост бев многу порелаксирана, сега повеќе ме фаќа паника. Баш ова го мислев пред некој ден и сакав истото да го прашам. Мене никој ништо ми нема кажано како да бројам, а на сите извештаи ми стои тоа. Не ми е јасно како ќе броиш дури спиеш во втората половина од денот? И плус не ли е пологично да следиш интервали, на пример на секои два саати да го осетиш или што знам јас?
Колку се губат некогаш докторите то чудо едно, само да ти врежат нешто во глава. Прво, како ќе броиш, сигурно нема да застанеш и цел ден да броиш удари, некогаш нема да го сетиш кога ќе те удри, можи во движење ќе си. Доволно е во текот на денот да го осетиш и мирна да ти е главата. Ако не го сеќаваш тогаш е веќе друго и треба консултација со лекар.
Па и јас тоа се чудам, како ќе бројам ноќе кога спијам, или во движење што најчесто сум или одам или стојам, посебно сега. Амоа на дежурен ако отидам, па ќе ме крстат мислиш Бев во понеделникот на дежурен зашто цел викенд имав препонска болка, што мене не ми беше нормална и беше стварно остра. Сакав преглед, да не сум почнала да се отварам и цтг. Сестрата уште што не ми изнакажа само да ме откачи, а не па да одам и да и кажам само 6 пати го осетив бебето има на клоци да ме изнесе од ГАК
Жени како се справувате со мачнините и повраќањата? 8ма недела сум. Цело време сум гладна. Ми се повраќа, тешко ми е ама и ми се јаде. Нит сум да јадам нит па гладна да седам. И ќе рече некој уживај во бременоста, абе важи едно уживање
Иста сум. Ми се гади цело време, и истовремено ми кркори стомакот цело време. Што и да ми текне да јадам, ми се гади (некогаш и си повраќам...). Некако ко со сила поткаснувам по малку. Најмногу леб со јогурт, ѓеврек, гризини. Ич не е здраво, знам Решение не знам дали има Ама ајде, само нека биде сè во ред, ќе издржиме. Викаат најчесто до кај 12та недела било вака
Исто, јадам колку да не бидам гладна по едно парче леб. А ми се јаде се ама само што ќе помислам одма нагон за повраќање ми доаѓа. Со првата бременост ми беше тешко ама не знам дали беше волку. Тогаш ми помина тек во 14та недела. Се надевам сега порано ќе помине ама како и да е ќе издржиме
Девојки, колку ви беше грлото на матката во 26та недела? Мене ми е 3.5 цм и ми даде докторот дабростон. Дали е во ред да биде 3.5?
И јас за секакви глупости имам одено на дежурен, прошлиот пат докторот го изнасмеав, ми го продолжи денот ми вика