Викаат дека во трет триместар се качуваат природно дека до 15 се нормални. Ама дека пред з4 недели ми беа 9. За секој случај направив уринокултура па ќе видиме. Баш ќе видам д-р што ќе ми каже за железото. Ама очигледно се намалува како напредува бременоста.
Драстично паѓа. Јас до сега со исхрана го контролирав ама 9 е веќе под граница. А вегетаријанска сум. Нарачав такава смеса со мед и семе од коприва па ќе видам и Котларова што ќе ми препише да пијам. Пошто очекувам уште да паѓа како наоредува бременоста.
Мораш суплименти да земаш, со храна не можиш да го крениш, никој не го кренал во бременост со храна, плус тоа што не јадиш месо не ти оди во прилог. Мене на пример од тие витамини за железо не ми се крена, ми падна една единица подолу, и тоа плус витамин ц земав заедно со тие за железо. Сега сменив на Флорадикс сируп па ќе видам како ќе ми биди.
И јас мислам така. До сега гледав да имам балансирана исхрана и баш се чудев што имам нормално железо ама ете како влегов во трет триместар одма падна. Не знам дали сега да ја замарам докторката или да почекам до наредна недела. Немам вртоглавици ама ако паѓа повеќе и тоа ќе почне сигурно.
Јас не бројам, од утре сум 34 недела и генерално нон стоп го осеќам, знае некогаш да ме наплаши да не го осетам некое време, ама па и си спијат бебињава, плус докторот ми рече дека како одминуваат неделите така помалку ќе го осеќам затоа што ќе нема толку простор за движење во меше, ќе му станува тесно така да не се преоптеретувај со броењето
И јас се плашам од тие вртоглавици, ако не ми се подобри на наредна контрола, ќе земам тотхема ма колку сака нека се јаки за желудник. Оти овие досега 20 мг имаат железо, тотхемата дупло содржи ама тешка била за пиење и проблем прави со желудникот. А и реално и јас си сум крива, купив семе од коприва, имам мед и го немам отворено пакувањето, еве сега на муабетот ќе си спремам една доза
Сок од калинка, коприва, спанаќ, блитва, аронија, чиа семе, семки од тиква, сусам или таан со мед ете и со семе од коприва ...јас не сум по месото ама ич(сега пројадов во бременост као морало) железото фала богу ми било ок ама се ова сум јадела и салати ... И сега ми е ок ќе видиме понатака како ќе биде
Кај мене железото 20, ама хемоглобинот и еритроцитите се намалуваат (106 хемоглобин и 3,6 еритроцити). Сум била анемична и ми дадоа денес Хеферол. Тој има 350 мг железо фумарат. Ќе мора да почнам да го пијам.
Јас вчера нарачав две тегли па викам додека чекам до наредна недела ќе јадам од тоа. Колку толку ќе помогне ако ништо имунитетот ќе го појача Пијам многу витамини полна кеса ама не сум почувствувала проблем со желудник ама кога мора и тоа ќе се пие. Знам дека треба да се пази со Тохтемата да не се кинзумира временски блиску со млечни производи.
Јас примам терапија клексан и Аспирин а суплементи за железо и таа терапија не одат баш заедно На нет читав да не се јади многу храна која содржи железо, посебно за калинките пишеше
Не не примам клексани. @jagoda777 , @Marijanche33, @fragaria, @EnaEnA30 Девојки ви благодарам за советите и споделеното искуство. Фактори на хемостаза не проверив, само д-димери, наредно ќе проверам плус и фактори на хемостаза. Бебето го гледаа и на ГАК и на приватно др.Димчев, втор скрининг се беше уредно, ќе се консултирам со матичната што поскоро, сепак посмирена сум кога ќе слушнам искуство и од други трудници и како да се постапува понатаму, да не се пропушти нешто.
Ова заради клексаните? И јас примам 1 клексан иако ддимер ми е 616 во 31 гн и времиња се нормални ама заради мутации др Јани рече подобро да се примаат( гинеколлзите викаат нема потреба да примам клексан, дека немам индикации) Ауу сега ова ако го намалува жрлезото, кој знае како ќе реагирам
Пробај и цеден сок да пиеш од цвекло, морков, јаболко, лимон, цитрон и портокал. Оваа комбинација со години од време на време ја пијам исто и во бременост исто и немав проблем а до пред неколку години се на граница бев со железото.
Јас го прашав Јани за суплементи на железо ми рече можам да конзумирам, не ми спомна ништо дека имаат реакција со клексаните, ова на нет го прочитав а и логички така иди некако.
Бејби мислам дека претеруваат и еве сега напуштив од болница по своја волја, потпишав. Леукоцитите 13 црп 3 све мирно друго дури чудно и беше како хемоглобинот ми се средил толку брзо, па сега ми пишале панцеф дома да пијам превентивно, немам друга работа. На двојна терапија таму и сега пак антибиотик незнам дали мозокот им работи или така само се расфрлаат со антибиотици . Катерина Блажевска беше одговорна на одел, им дигнав бука таму да по 4 дена нешто направат со раната несошиена што крвари на секое станување и незаштитена може дс фсти инфекција. Па донесоа спреј оксикорт па да прскаат и гази да ставаат и во еден ден имаше мн подобрување. Секако ќе и треба време не е сошиена добро. Тие специјализанти што се учат на нас, хаха вика Др Тодоровска што ме породи ееее добро де технички не е добро сошиена ивиците не се фатени ќе си затвори таа ама малку повеќе време и треба. Касапи.. све се подржуваат еден со друг. Животни неписмени. Без договор со доктор таму ништо оставен си сам на себе. До мене цимерката кај Тофовски дојде ја посети неколку пати и средил педијатар дојде и го носеше детето уште не изваден катетер да може да си го види и го ослободија од вчера бебето и визита дојде проф им рекол од вчера ја пуштија само сабајле да си замине. Сошиена топ. Значи да се договорат само тие двајца тројца доктори што ги бива ако иде некој на Гак. Другите не ги боли тоа со извинување. Доаѓа Кочовски му јавиле за мене иде.. ех само паники дигаш вика. Ми идеше да го отерам. у пм. Издржав дојдов дома, рана ќе досредам во Ремедика.
Само да си жива и здрава ти и бебето … се изнамсчи и раната на крај не ја сошија како што треба… срамота се на гак!!!! Бебето претпоставувам мораше да остане на интензивна па ќе одиш секој ден да си го гледаш и заради млеко ама биди силна ќе си ја земеш и неа за кратко и веќе враќање таму ни за жива глава
леле како те читам и тебе и други цело време за на клиника ужас се значи... Човек да се моли да не заврши таму Дај боже да сте сега добри и ти и бебето И дај боже да може да се среди тоа кај некој нормален Како бе така... Лотарија на клиника значи
Леле кога читам само лоши искуства во ова државниве болници и каков пристап и какви маки се мора да претрпиме коса ми се дига. Знам и јас си осетив на моја кожа јасно ми е се и сега како иде втор пораѓај јас полудувам кога ќе ми текне за пораѓај. Да не има некој искуство за во жан митрев за пораѓај? Гледам имаат пристојни цени,пишува без скриени трошоци ама незнам ни какви се докторите а и општо онака.