Тоа трпнење како да ме лазе нешто, скокотка незз како да објаснам мене ми се јавува на препонот и само од десна страна ... Пребарував на нет може некој нерв да притиска па да прави така ... А може и од магнезиумот мојот е со б витамини па во комбинација дава енергија... Ставам перник дигната ногата и само се вртам те лево те десно или шеткам низ соба. Ама мислам дека од клексаните кога почнав да се боцкам се намали тоа трпнење скокоткање ...пак е нешто поврзано со циркулација и нерв. Другарка моја цела бременост си ја помина со здрвена нога и кажаа дека бебето така се наместило притиска на некој нерв и само кога ќе се породи ќе и помине и така беше, ама тие неколку месеци така си ги помина со укочена нога, утрната...
Не се секирај слободно ако си се напила, плус опушта мускулатура, ќе намали и грчеви малку. Кога си напната телото е повознемирено и реагира матката.
Мене за мачнините ми помогнаа солени крекери како tuc со сол или bake rolls само со сол по неколку тркалца наутро на гладно. Со повраќање немав мака амааа мачнини ме убија првиот триместер уште ми се гади од некои јадења
Во однос на чуството на нозете го имам истото кога железото ми е слабо и неможам да заспијам од тоа чувство. Но откако ќе си го средам железото тоа чувство го немам. Ова го имам и во бременост и пред бременост. Така да провери железо ако ти е под граница земај суплементи, посебно сега на крај кога нагло опаѓа железото.
За дијазепамот јас имав многу стресна ситуација и гинеколог ми рече б6 само ти е слабо можеш колку сакаш дневно да пиеш ама дијазепам ако испиеш не е страшно нема да го пиеш цела бременост, овие две недели додека ти помине шокот.
Лејди баш се распрашував за нега на бебиња.ГАК се најдобри за тоа. Ова и доктор од Систина ми го потврди. Вика и кај нас е добра негата ама они се најопремени и спремни. Може за нас мајките третманот е подруг кога сме во приватна болница ама за бебињата најопремени и со опрема и со персонал се на ГАК така да бебушка ти е во сигурни раце и верувам и посакувам дека за брзо ќе си ја донесете дома
Девојки, размислував за масажата на перинеум. Матичната вика помагала, се почнувала од 32 недела. Јас од утре веќе 34 сум. Но, тоа не му доаѓа како некој вид мастурбација? Знам не се масира баш таму, но кога веќе масираш ќе фатиш и нешто друго
Резултатите од Огтт: Матичниот ми вели не е страшно, немаш гестациски, ама потребна ќе биде диета и консултација со ендокринолог обавезно. Јас цела бременост сум на диета, ни благо, ни сокови, ни лебови, овошје само јаболка претежно зелени и киви (парче до две на ден макс). .. Не знам што уште би скратила. Ве молам за искуства ваши, што сте примениле. И дали знаете ендокринолог приватно, поефтин а да е ОК лекар? Нема термин на државно, а систина ми е прескапа, во срце нема термин следен месец и пол.
Јас скоро цела бременост не се движам во смисла да пешечам, спортувам и сл. Ако смееш да движиш, само пешачење и активност е лек за шеќер. Кај мене за чудо шеќерот ми е дури и низок. Не претерувам со ништо ама знам да си земам десерт после јадење и тоа да биде чоколада сладолед. Кај мене конкретно мислам дека помогна што ептен вежбав аеробик пред да останам бремена па некако бенефитите од тоа ги имам и сега во бременост. И тоа што на гледно пијам вода, топла вода со лимон . Некогаш кога ме мрзи само ќе земам вода и на гладно две чаши. Придржувај се кон диетата, гледај секој оброк да имаш протеин, посебно јајца. И пак ќе речам ако смееш да движиш, фаќај мм под рака и некаде во природа на свеж воздух и движење.
Баш утре ќе правам крвна слика и ќе обратам внимание на железото, до сега ми беше добро ама ќе видиме утре. Мене ме плаши да не ми е нешто од клексаните бидејќи еве веќе цела бременост ги примам а докторката ми нагласи дека ради нив е зголемен ризикот од реума, не земам Идеос како некои членки што ги имам читано, никој ми нема препорачано. А според апликацијата за следење бременост такво чувство е нормално во овој период од бременост. Нормално е ама ела издржи Исто, мила, се погоди да отидам на скрининг во стресен период. Докторот ми вели според се што гледам нема причини за покачен мал притисок плус си со терапија. Да не се нервираш нешто? И ми рече дека дури и од 5 мг не е страшно по потреба. Тогаш не се напив ми беше страв, сакав прво да се консултирам со мојата докторка. Затоа сношти си зедов за право да си препишам еден на своја рака Иначе како што некои членки ме советуваа, одмарам, ставам облоги ациди борици веќе цела недела ама не попушта. Ќе издржам уште месец и нешто, само да ми дојдат живи и здрави ама не било лесно.
Секој ден имам две прошетки и сигурно 10.000 чекори, пред бременост вежбач бев, сега не вежбам, јога правев до петти месец негде. Како што кажав, отпочеток сум на диета и храната ми е супер, имам протеини во секок оброк, 26 недела здебелена само 4 кила, ептен малку се познава меше. Ептен не знам што повеќе да правам. Најискрено десерт ми е непознат поим, еднаш само за роденден од мм. Постелка, плодова, проток се е ок, нема индикации за гестациски.
Ама добар ти е резултатот, продолжи си како и до сега со исхраната, не знам ни што те испаничиле, се си е во граници на нормала. Отиди на ендокринолог да не ти е на мисла ама не се преоптеретувај многу, така побрзо ќе го качиш шеќерот.
Јас бев на едно предавање и исто и таму ни кажаа за масажата дека многу помагала. Јас сакам да почнам ама некако ми е страв
Ако нема влијание врз бебе, плодова вода тогаш може и нешто да имаш изедено синоќа што ги качил шеќерот малце. Пошто знам дека посакувано е 12 ч пред тест да се внимава. Може и некој стрес мал дека сите викаат многу грозно е па може и тоа да влијае…
12 саати не бев јадена, а вечерав јогурт. Ок ми беа вчера оброците, доручек јајца и зеленчук, ручек стек и грашак, вечера јогурт околу 300 мл. За стрес, не бев без ич периодов, а тестот сам по себе ми беше уплав, пишував баш и некни.
Vo vrska so testot, ima nekoj stav koga e podobro 24ta ili ponatamu da pocekam pri kraj na 27-28? Ne znam koga da go pravam iskreno, ne znam koga bi bile poverodostojni rezultatite ili nema vrska? Jas vo sabota sum 23ta
Да баш те читав. Може од тоа Јас не сум доктор најдобро со стручен некој да се посоветуваш ама колку што знам ако бебе си е соодветно на недела и нема покачена плодова вода, тогаш ова не е страшно.
и јас не сум доктор, ама маж ми има уплав од игли и се онесвестува кога му зимаат крв, шеќерот му е секогаш покачен и му рекоа дека му е од стресот џабе нејадење туку он иде таму под стрес на боцкање... така да нишо чудно и да ти е од тоа