Мене ми рекоа од 24 до 28 најверодостојно, па јас сама си реков ај негде на средина ќе го направам. Обавезно ќе одам на ендокринолог, да не ми тежи. Ако знае некоја ОК доктор и да не е прескап, нела пише. Неможам да најдам термин за следна недела, ќе морам приватно.
Со ист уплав сум, прво ме бпцкаа од вена за обична крбна анализа и ми се примати. Се надевам до тоа е.
@ginger единствено што можеш плус да направиш е да пазиш да немаш меѓуоброци, да јадеш редовно на 4 часа и ако ти се јаде нешто благо или овошје да го јадеш во склоп на оброкот. Пробај и пешачењето да ти биде одма после оброк, тоа многу помага. И вода, минимум 2 литри на ден. И ако можеш да направиш замена на производите, пример наместо обични тестенини - тестенини од цело зрно или леб таков. Убаво е да имаш и апаратче кога веќе ти кажале, т.е. не знам дали ти дале официјална дијагноза, ама ако да, добро е да се има апаратче и да се следи, бидејќи не секогаш можеш да знаеш каква храна точно ти годи. Млекото доста го качува шеќерот, да знаеш, ако конзумираш млеко. Јас имав во првата бременост и еднаш изедов овес со млеко и само 5 малини, шеќерот беше лудо висок. Од овошје јадев само мало јаболко, кога ми се јадеше, одма после доручек. Некој праша за масажите пред пораѓај, за мене беа многу многу непријатни. Се друго практикував и имав прлесен пораѓај, ама малку испукав и ме шиеја. Да ги практикував масажите, можеби немаше, ама мене ми беа скроз непријатни. Немаат врска со мастурбација, барем кај мене немаа @Kejt362
И мене ми личи добар резултатот. После 120 мин ти е 7.1 што е во граници таман. Да не ти е мисла појди до ендокринолог иако мислам дека нема простор за паника. Секако може да се повнимава на благо и бели теста ама тоа секако важи за сите некако имале или немале гестациски. Маж ми е дијабетичар и првична дијагноза и на почеток го водеше др Татјана Миленковиќ. Мислам дека е сега во Систина. Одлична докторка. Мене на пример пониски ми беа вредноссте на 60 и 120 мин од тебе ама утринскиот никако не ми е под 5.5. Ама вака ми е и пред бременост.
Кога веќе зборуваме за храна и диети, дали ви се има зголемено апетитот со влез во 8ми месец? Луѓе откако влегов во 8ми мислам дека постојано ми се јаде нешто. Претходно немав ваков апетит. Си јадев се, гледав 90% да е здраво. И сега пазам да е квалитетна исхрана ама сега мислам и чинијата ќе ја изедам. Поправена сум 12 кг до сега. Не се познава многу. Некако се во меше ми отиде. Мада воопшто не се грижам за физичкиот изглед само со волку јадење страв ми е да не му штети на бебето.
Истотоо. И јас од кога влегов во 8ми месец умот само на јадење ми е. Апетитот никогаш толку зголемен не ми бил. Не се грижам ниту јас за изгледот, гледам што ми се јади да јадам, неќам да си кратам од ништо. Искрено ниту припазвав пред бременост ниту сега.. засега машала се е во ред вака
@Baby Girl123 @An43 Кај мене па обратно, за 8ми месец кога влегов не памтам многу, ама еве 2 недели како сум во 9ти воопшто апетит немам, терам со смути, кафе, благо, и ќе осетам као да ми се прислошува па тогаш ми текнува дека не сум јадела убаво. А и дома ме искараа, така да на сила бутам, не знам како во 8ми, 9ти месец немам апетит. Стартна килажа 63, сега сум накај 75,6 сигурно. Ама на почетокот ептен ми се јадеше, не повраќав воопшто. Од таму овие кила плус
Ја па помалце јадам овие недели, киселиниве ме убија… не можам да најдам положба да не се дигаат нагоре по хранопровод … абе од било што во втор дел од денот ми е тешко мислам и од водата што ја пијам. Во втор триместар некако се ми беше полесно за јадење. 7килс сум поправена од старт… вчера се мерев баш само што влегов во 8ми месец. Вака луѓе во околина ми викаат супер изгледаш и мене ми се свиѓа. Е сега на огледало вчера се гледам позади бутовите целулитчето е машала, летово ќе треба со количката маратони да правам да го симнам
Ми е страв веќе да се мерам амаа 10 кила плус имам сигурно (29та сум). Апетит си имам цело време со тоа што последниве 2-3 недели се осеќам прејадена и со помалку, ми тежи кога ќе се најадам и како да немам место повеќе. Се надевам ради ова помалку ќе јадам и здебелам, зошто веќе како топка сум, дури и прстиве си ги гледам здебелени
Јас сум многу потечена, се гледам на слики од пред некој ден, им велам “добро бе луѓе што не кажете дека сум толку подуена?” - Не, не супер си . Во фаца сум ко кошна пчели да ме искасале. Исто и нозете. Одам под итно деновиве за лабораторија, ич не сум редовна на тој план. Споредив слики од претходната бременост и сега исти недели, омг .
Тоа сакав и јас да прашам, како се справувате со задршката на вода? Стапалата ко да не се мои што да направам не знам дури и ме болат кај зглобовите кога движам. Или нема што да се направи?
Мене после три месеци поспартум ми спласнаа отоците, мислам две раце имав, премногу отечена, премногу. А крвна слика и урина беа супер, стварно не знам што беше причината, гуша имав буквално. Сега кога си гледам слики, си викам која е женава
И јас забележав целулит кај мене ама здравје Боже после со бебе ќе се слабее Мада баш мајка ми ми кажуваше кога не доела и брат ми и мене вика апетит до плафон Јас да ви кажам се израдував што ми се јаде пошто некако во последно време со сила јадев. Ама денеска претерав со благо и бели пецива. Ќе привнимавам на тоа малку пошто секако малава нема никава полза од благо и бело брашно иако и тоа понекогаш си треба.
јас не сум отечена ама имам накачено некое килце и приметив самата дека се движам како шатка.. денеска бев излезена ми беше спарно некако дома кога стасав жива вода гаќите како да сум се помочала
Јас потекувам малку во нозе ама ништо посебно не правам за да спречам или лечам. Ама најмногу што приметив е кога станувам на сабајле подочњациве ми се многу потечени, посебно левава страна..
Јас цела бременост во патики и пред некој ден да обујам едни чевли, гледам тесни. Ај викам не се носени одамна. Ама почнаа да ми жарат нозеве и ко се видов вчера, ко ридчиња имам . Јас редам многу сол за мене во јадењето дека сум со низок притисок, ама ќе морам да намалам. Друго чаре не знам. Исто жено, скроз исто искоментирав, како да не сум јас .
Девојки јас се породив дојде на свет нашата принцеза Сите да си дочекате да си ги гушнете малите ангелчиња