Девојки што значи степен на зрелост на постелка II-III ( два накај три рече докторката) јас не препрашав што значи тоа бидејки не искоментира ништо туку само тоа го кажа и толку. Не кажа дали е добро тоа или не. Сега прочитав различни искуства незнам дали е во ред или не. Инаку 28 +4 сум, тежина се вака си е во ред, протоци исто. Се истресирав
Да не знаете дали некаде прават скриен шеќер за викенд? Не знам дали ќе ми дадат слободен ден на работа за во работен ден да го направам....Авицена, Биотек проверив, само од понеделник до петок прават...
Хаха прво мајка дозна со неа правев тест, па сестра и др ден му направив изненадување на мм. Не си правите нервози со тоа, хаха како си издржала да не кажеш па на мајка до сега незнам . Ајде чим е во ист ден не го мисли многу, ма да и он е инает баш треба да ти удоволи сега да не се нервираш. Мм за ништо не ми се побунил, прво беше вечерта кај мајками да и сподели дека сум породена во 2ч по полноќ па отиде кај неговите. Ептен беше криза и навечер иначе неа би ја викнала да е тука додека сум на пораѓај.
Рамус работат во сабота од 8 до 1 мислам (за утре) други саботи може работат и до покасно, да прашаш најубаво.
Јас се фарбам имат фарби без амонијак од дм земам, јас имам многу бели влакна и неможам да се гледам, ама не се фарбав толку често, ко не бев бремена одма ко ќе почнеа да се познаваат белите се фарбав сега издржувам за да не се фарбам толку често
Јас друга мака имам, почна позади око да ме боли кога лежам, некоја тапа нерв болка и на офталмолог баш ми кажаа доста чести биле промени со видот ради хормоните. Очекувани промени биле во бременост.
Ова со видот е ужасно. 5ти месец бели линии гледав. Ми беше страв во кола да седнам. Диоптерот кој го носам не можам да го ставам до ден денес. Како пресветло ми е кога ќе ги ставам наочарите. Периодот кога се стемнува ми е хорор. Темно во глава, вртоглавици. На моменти ми се стемнува и сега. Кола само со наочари за сонце можам да возам. Притисок нормален, крвна слика солидна. Останува да е нешто поврзано со диоптерот. Ќе престане ова мачење ајде. Си викам ваљда засекогаш нема да ми се вака очиве.
Леле истово и мене ми се случува. А пред да останам бремена бев на очно се ми проверија супер ми е видот. Откако сум бремена не можам ни во и телефон да гледам ми се гади. Јас пошто сум ивф и се боцкам со хормони и хормонска терапија мислев дека ми е од тоа.
Јас имам правено во сабота, само во Тафталиџе тогаш работеа. Пред пола година ова. Јас испитував инсулинска резистенција а имаше многу трудници за скриен шеќер. Сигурна си дека си се јавила во Авицена Тафталиџе? Ако да, тогаш нешто смениле најверојатно.
Здраво женски, да ве прашам од суплементиве за железо кој најубаво ви делува на желудник? Ги имам скоро сите пробано, Фероглобин, Ферозомал, На солгар, Малтофер, Флорадикс не смеам зошто имам алергија на една од состојките. Железово само надолу оди а што и да почнам да пијам после 2 дена толку силни болки во желудник со повраќање, со проблеми со столица, грчеви и ги прекинувам. Мајка ми ми ги препорача Ферофоликот да ми ги земе од Грција, не и правеле проблем на желудник, ама различен е желудникот во бременост. Дали некој ги има пиено или нешто друго да предложите?