Јас ги пијам IronFoliq, од Виола ги купив и не ми пречат на желудник воопшто, а општо имам проблем со осетлив желудник.
Јас ги имам пиено ферофолик и не сум имала никаков проблем ниту пред бременост ниту додека ги пиев во бременоста. Сега ги пијам Фоливит Феро исто и тие се покажаа добри. Железото од под граница го доведов до 25ка. Бо комбинација со Витамин Ц
Во првата бременост бев таква. Потечени нозе ко Шрек бев. Докторот ми рече никако солено, сол да исфрлам или намалам скроз, што се вика на 3 зрнца. Тоа мене ми влијаеше на притисокот (170/100) па си добив прееклапсија и завршив 7 дена во болница додека се породам. Малку фалеше за царски ама среќа природно се заврши. Сега планирам да припазам на исхрана поготово со соленото да не ми се деси пак исто
Јас пијам Глобифер, ок се на желудник, имам јас мн осетлив желудник, ама не знам да ти кажам резултат 10тина дена ги пијам. Почнав претходно со тотема али ужасни грчеви со болки ми направија.
Со лесно Јас немам проблем со притисокот, знам дека е нормална задршка на вода ама едвај се движам со два трупци
Сакав да прашам од кај купивте торба за во болница ( mom bag) ,може и некоја страна да препорачате во која ги носевте работите за во болница за вас и бебе. Рано ми е уште немам купено ништо,ама ете сакам да почнам по малку,иако соба,креветче количка си имам од првото дете. За ова немам уште ништо купено и рано е,здравје ќе купиме.Се смеам на еден пост на интернет што го прочитав скоро а во смисла дека ништо уште не спремиле за бебето кое е пред раѓање- моето бебе од обезбедени работи има само постелка( плацента)
Јас пиев ферофолик од Грција Ги почнав уште пред бременоста поради ниско железо 2ка ми беше паднато... плус земав ц вит И се качи над 10 до крај на дозата и 18 се качи По препорака кажаа дека треба да се прави пауза после не памтам колку кутии беа ама од прилика 3 месеци Сега пијам прегнатол дха мулти во нив има железо ама не знам дали е доволно, ќе видам на наредните резултати Инаку исто имам осетлив желудник и склоност кон алергии Не ми направи никаков проблем ферофолик
Еден месец ги пиев паралелно со витамин ц и на контрола една единица ми беше пак паднато железото. Јас не сум задоволна, а ужасен запек ми правеа
Јас на тему гледав многу практични торбици и ефтини и интересни во дизајн. Истите по продавници кај нас пет пати поскапо ќе ги платиш .
Да, сигурна сум. Смениле сигурно. Почнале и со закажување да работат скриен шеќер. Ми рекоа од понеделник до петок во Тафталиџе
Во торбица што си имав дома, една практична како мало ташниче е, па се отвара и пушта, во неа бев спакувана.
Јас купив торба од Локо Кроко на КикаБу многу е убава, практична. Во неа ставив за на болница алиштата за бебе и за мене да ја донесе мм, се закачува и на количка. А за мене што ми требаше си зедов во ранец
Смееш, мене јагленот највеќе ми помогна. Најубаво ако можеш со пробиотик и јаглен да го истераш, многу течности, електролити и одмор. Мене ми пројде за 2 дена ама ептен ме истошти.
Мене на гнездото од првото не ми се вадеше и тогаш со чистев со чистач на пареа и обавезно пеленка ставав долу, сега го ставив во машина и се собра целиот сунѓер внатре.