За влажниве марамици ги читав овие water wipes брендов како најприродни ама само онлајн со нарачка ги има и малце се ѓавол ипол 180ден ај нема везе за првиве месеци што се скапи него што друго ви е испробано и ок без многу хемии за газе? Земав и од тупферите од дм само што се навлажнуваат со вода …
Најубаво и без хемикалии ти е под чешма. Ама дека немам некогаш време за тоа, ги користам на виолета 99% вода марамиците. Супер ни се покажале до сега, без никакви иритации и многу поефтини од water wipes.
И јас земав од тие од ДМ и сакам да пробам само со нив и вода да бришам, барем дома. За секој случај купив и влажни марамици на Hipp Ultra Sensitive, според состојки имаат најдобра оцена. Не се ни овие баш ефтини, 48 марамици се околу 80-90 денари колку што памтам.
Многу убав впечаток ми остави hipp како бренд од путерот за трудници, преубаво чувство на хидрација и нежен мирис, за разлика од weleda маслото ич не ми е пријатно како мириса јако на невен и за бебе ни на крај памет не ми текна таа козметика да ја гледам иако читам дека е супер со сотојки сооднос и пари . а hipp видиш упола цена се и марамициве од water wipes … ако има некоја мајка што веќе ги користи нека ни пише
Јас за во болница земам виолета 99%вода и сестриве рекоа дека се супер.Имаш паковања од 3 пакетчиња за 180 ден планирам и дома да продолжам да ги користам.За water wipes мислам дрка ако нарачаш онлине доаѓаа поевтини другарка ги користеше и онлине ги нарача ама ги смени скапички се.
Јас и за козметика сакав првично на Weleda да купам како природна козметика нели, ама откако разгледав малце и за Hipp и нивните состојки се замислив. Чудно ми е дури сомнително што се толку ефтини, а со добри состојки. И уште ништо не сум купила за бањање, секако нема одма да почнам со козметика фул, ама може да земам Hipp за проба.
Јас пак го користам маслото за трудници на Weleda и многу ми се свиѓа. Размислувам и за бебе да ја земам целата колекција па што ми треба ќе користам. Мене ми се свиѓа тоа што мириса некако природно како на тревки. Ама за влажни уште се мислам.. јас за мене никогаш не користам влажни а не па за бебе… срам не срам дури и кога сме надвор ќе си ја замивам под чешма…ептен кога нема опција ќе земам тетра бели прлени ќе ги исечам на парчиња и ќе ги мокрам.. пошто влажнитњ колку и да се на база на вода пак имаат микропластика во нив… баш ќе ја прашам мајка ми како не средувала пошто тогаш немало влажни…многу сакам да ги избегнам тие влажни..
Првото ми е 40+5 и кога се роди право големо бебе 3700, верувај тешко е за нас мајките плус од термин ама после е подобро, нека си поседи до кога сака, како треба така само се добро да е Те чекаме да се пофалиш
Јас од козметика за бебе купив се на uriage лупнав 3ипол илјади за газето на керка ми ама и јас користам uriage за нега на лице и стварно сум задоволна од цела колекција имаат супер оценки и за бебе со термална вода им се сите производи француски па така ќе почнеме ќе видиме како ќе тера… другаркиве мои сите со мустела
Јас тупфери за синко користам од раѓање, еве три ипол год. Влажни само за надвор. Ако снемам тупфери и го избршам два три пати со марамици одма има реакција, а земам само Виолета 99% вода што се. Козметика зедов на Веледа, немам искуство, за првото користев на Лавера, ама одамна ги нема во Белина, наводно ќе ги донесат пак. Кремчето со цинк што е за газе на Лавера чуда прави. Дури да се снабдам со нив ќе почнам со овие. Моментално синко го бањам со Мустела, ужасно ми мириса, шанса нема бебе со тоа да бањам. На хип имам користено купка на одмор, има океј состав ама исто тешко ми мирисаше и некако тешко се одмиваше.
Мене уште козметика ми остана, се мислам меѓу мустела, уријаж и веледа. Штом ги фалиш уријаж, за почеток што да земам, што зема ти? Викаш 3500
Може да ти има реакција од Виолета, 99% вода се ама пак не се баш нај нај со други состојки. Мене па Мустела преубаво ми мириса, со авокадото колекцијата ама тие не се со толку природни состојки баш.
Да, да, едно време со бебе беа на слика ама по името тие се. Толку само потопуваш со млака вода и бришеш. Иначе јас почесто од Зегин земам, То-То се викаат, дека немам близу Дм.
Да ама на времето само тие беа ко наједноставни, ги немаше WaterWipes уште кај нас. Секако само инцидентно за надвор/на пат ги користевме, ама не му одговараат. Иначе тој шампон гелот со авокадо го имаме и ние, прв пат ко почнав да го користам се мислев дали детево сапун има изедено, после татко му ми кажа вечерта и лице миеле со шампонов, многу ми е јак мене, не знам. Може дека претходниот не мирисаше ич.
Јас кај другарка пред нова година ми го дава во раце да го подржам малиот и кога ми замириса чудно детево … си викам леле зашо вака неубаво ај еднаш ај после некоја недела ме викна демек да гледам како го бања пошта она профи веќе 4 месеци е малиот сама го врти го мие го суши … леле кога го намачка со мустелата сфатив дека тој е мирисот мн лошо ми мириса … и ја прашав ок ти е мирисов на мустелава … ми вика па што знам бе сите со мустела па и ја … ааа не, мене бебе така секако нема да дадам да ми мириса свети мустела нека е
Конечно истомисленик . У глобала сите ја фалат, изгледа само ја и ти сме со изострено сетило за мирис .
Ја па и не сум голем љуботел на авокадо хахаха можда ради тоа ама па сеа у сред скопје дека детево со авокадо требало да го бањам не мора не сме у тропска африка
Јас ги користам за ќерка ми веќе петта година, немаат никаков мирис, кожата никогаш не и се вцрвила, јас сум задоволна. Здравје пак ќе ги земам и за второто. Единствена мана ми е што не стојат долго отворени. Пример имам по едно пакување во секое ранче ставено, за излегување си бира она кое ранче. Ако повеќе од две недели не го потрошиме тоа пакетче од ранчето што не го носела, ми мирисаат на стоено марамчињата.