Од Зегин, Дм, имаш силиконски, пластични и едни као органски од Дм, не памтам што состав беа, ама тврди се тие многу, може за после ко ќе почнете со цврста храна. За почеток памтам силиконски имав земено, мекички такви.
И јас ги земав истиве за во болница и за надвор, ради оценката и мислам не згрешив. За дома секако планирам првите месеци само со туфери и вода да ги минам. Од козметика земав Мустела, не ми е ни мене најубавиот мирис на свет, ама не дека ми е па и толку лош реално. Опседната сум со бебешки мириси и сакам бебе секогаш да мириса на чисто и баш така на бебе и затоа перев со Персил бебешки и по малку Ленор бебешки омекнувач. Многу се мислев за омекнувач дали да ставам, ама сестрами две порасна од прв ден со истиот омекнувач и таа миризба ми е омилена, а децата фала богу ништо немаа на кожата. Ако недајбоже појават реакција ќе го елиминирам омекнувачот , ама мое мислење е ако од почеток ги навикнеме скрос само на природно 100% понатаму поголема е веројатноста да појават реакција. Сега секој ден отварам шкафче и мирисам, нема поубаво
За павловичевава, ја користите за пеленска регија? Не знам дали е задолжитрлна ако се користи друга крема за пеленска регија?
Павловичева оригинал земав за ќерка ми ,толку тешка крема ,тежок мирис мислам дека сите пори ги затвора. Ниту еднаш не и ставив неа за мене ја потрошив.
Искуство од првата бременост, изнакупував триста глупости, препораки од едно, друго, трето место... Тотално ништо не ми требаше, само време и пари потрошив. Мрежести гаќи/влошки, сеуште не им ја сфатив употребата (ене ги уште стојат), ако знае некоја, нека ме просветли, да ги потрошам можда сега. Таа на ГАК сестрата ме направи будала, ми рече што носите вакви глупости, кој воопшто ви ги кажува, обична влошка или ВИР и ајт, веројатно беше во право. За козметики филмови триста. Само павловичева, судокрем или нешто слично. Ама едно само. Млеко за тело шљакање новороденче ми е ту мач. Кожата со павловичева/невен секако може да се помине. Гел за туширање има избор еден куп, цената не го одредува квалитетот, битно е како ќе му се погоди на одредено бебе. За моето никогаш не се уфилмав да земам некое конкретно, што сум нашла, купила, сум испробала, среќа па од ништо не изреагира. Тие марамици суви од дм се жесток конзумеризам. Ги купив и апсолутно не ми смени од обична салфета (мада јас со марамици влажни воглавном сум бришела), дури и не ни гледав да се 99% вода, туку обични за бебиња. Пелени Памперс во живот немам земено, прескапи и со 300 гелови, првите 2 месеци дм земав бејбилов, после што ќе начекам на попуст, само canbebe не ми се погодија, црвеноло искочи. Термометар па за во вода уште ни на крај памет, а за сечење нокти од било каде може да се најде. Тоа е мое мислење во врска со работите за оние кои сакаат да заштедат време и пари и нерви.
Па тоа е финтата кај таквите креми, состојките кои се во неа се за да ја заштитат кожата да не дојде во близок контакт со урината, изметот и потта, да не ти се потпарва бебенцето, цинк оксид и ланолин. Најбезбедни се, не содржат штетни хемикалии.
Поубав коментар немам одамна прочитано Се е сега реклама и пари, битно да не содржи штетни хемикалии и да се заштеди на пари колку што можи. Кај нас дојде време, сите користат и јас ќе користам, дали треба или не треба шо има везе, велам јас интернетот не спобудале
И мене не ми де допаѓа мирисот никако, купив за првото се ама речиси ништо не искористив. Ми мириса на хемија мене, премногу се осеќа, некако ми е ту мач за бебе. Инаку во болница ми рекоа да го бањам само со масло од бадем(ставав неколку капки во водата) и бебенце беше многу меко и нежно. Косичка му миев само со вода. Првите три месеци ова и после почнав со мустела и ми фати атопичен, па сменив триста креми за на крај да помине се со Ла рош, така да овој пат мислам дека ќе терам до 6 месеци само со маслото па потоа ќе продолжам со Ла рош. Хемија не им треба, малечки се не се потат а и не мирисаат декако. За газе ќе купам на Веледа и тоа е тоа од козметика за почеток. Влажни исто не користам, само за надвор, а дома од овие на Дм тупфери со водичка, така правев и за поголемиот, а и до ден денес дома никако не користиме влажни.
Какво масло од бадем? И дали го одмиваше потоа. И мене некако не ми иде да користам козметика, мислам дека најубаво е чиста вода ама и маслата се убави за кожа…само на кој начин се користат?
Оваа Знам дека е тоа ама ова ми е преетешка. Пример судокрем не е ич таков. Не знам дали може само од него да користам да не му суши многу...
Да, за пеленска регија ја користев, како најдобра. Никогаш немаше проблем, ни црвенило, ни нешто да и се нафрли на кожичката. Сега и за второво бебе таква ќе земам.
Се е тоа супер, но сама кажуваш- прво бебе и летаме со паметот. Добро е да учиме од туѓи искуства но сепак од сопственото највеќе се учи. На крај краева се што е вишок може да се донира и сепак да се искористи. Јас така гледам и на облеката за новороденче, не знам што ќе и треба и изнакупив се и сешто. Потоа се ќе донирам и ќе се искористи. И јас сум минималист, но мирот (особено околу спремањето за бебе) не треба да трпи.
Не знам како си се породила (природно или царски), но мрежестите гаќи се користат обично во случај на царски. Јас бев со царски (веројатно и сега ќе бидам) и само тие можев да ги носам. Другите се непријатни, ја допираат раната и никако не можев да ги носам, сигурно 1 месец после царскиот. Ми ги дадоа во болница. Ни гаќи ни влошки купив.
Царски бев и јас и веројатно ќе бидам. Ете можеби овојпат ќе ги искористам. @Cvetce_ @Kejt362 Кажав свое искуство, бидејќи сум ocd и не сакам да се деаранжирам, веројатно и така сум мислела, земи ова, земи она. Но реалноста е сосема друга. Пола од работите не ми требаа, а секако можеш и отпосле да тркнеш да докупиш, нема да си во затвор ако си се породила. А тоа со посебните креми и гелови и не знам какви марамици со 24 каратно злато е тотален претеризам, што секако е избор на мајката, но не треба да се претставува како некој must have насекаде или дека павловичевите и бекутаните се токсични или не знам што.
На Гак сестрата сама ми кажа да си облечам мрежасти, ама немав тогаш со мене, а и за брзо си отидов. Козметика и пелени, се си зависи од бебе најреално, што нема да му направи иритација. Павловичева, дали 5-6 пати имам ставено и толку. Ако има црвенило, а ретко се случило, тогаш ставам мустела123 и толку. Не мачкам павловичева, оти апсолутно нема потреба да се затвараат пори на бебе. Се додека нема потреба, не мачкајте на пеленска ништо.
Го купив од аптека, пред 5 год.не се сеќавам баш како изгледаше. Сигурно има во сите аптеки кај нас. Инаку да, го одмивав, во таа водичка си лежеше малку па го одмивав со чиста.
Од искуство пелени 1ца за почеток да купам 50 или 100? Вака по мерки си е стално во нормала за неделата… ни поголема ни помала… немам осет колку се користат 1ца за нормално бебе зборам родено во термин со средна килажа 3кг / 3кила и 200