Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Тоа дефинитивно. Не значи ако е најскапо дека е најдобро. Не знам дали пратите, но поскапата линија за акни од La Roche (за возрасни) испадна дека не е ок па сега ја повлекуваат од пазар. Истото може на секој бренд да се деси. А и постојано нови регулативи и барања има што не знаеме што не очекува следно за производиве.
    Според мене најлоша е споредбата и нагласувањето на цена меѓу мајките.
     
    На NewMember23 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Баш ќе се распрашам. Фала ти
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Баш се согласувам со тебе.
    Секако секоја мајка го сака најдоброто за своето бебе и прави најдобро што знае- во тоа не се сомневам.
    Ама сите овие брендови, не знам.. некако како некое помодарство.
    Да знам дека нешто е стварно здраво за бебето искрено ич нема да прашам ни кој бренд е ни колку кошта ама џабе е ако само го има името а квалитетот за никаде.
    Се става се и сешто на нежна бебешка кожа и после цел живот осетлива кожа иритации… зошто? Зошто слепо сме следеле некои трендови… ако некоја обична крема е здрава за бебето не знам зошто би се замарале со дрги производи
    Јас стварно немам поима од бебешка козметика.. ама знам дека би се водела по правилото како и за себе. А тоа е дека на кожата некогаш и е доволна само чиста млака вода и крема која е на природна база,не ми е битен мирисот се додека нема хемии за мене е ок.
     
    На Ani93, pamelche и NewMember23 им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.002
    Пол:
    Женски
    Најискрено и за мене секогаш сум користела поскапа козметика за лице и тело и имам преубава кожа, и моите не штеделе на тоа, мајка ми ме научила дека треба да се негувам … она ми ги посочила брендовите … она прва ме посоветува за anti age почетни линии на 27-8години … и така го гледам и ова со ќерка ми која тек сега за месец ипол два ќе дојде на светов. Нема ништо спорно и во поефтина козметика … ама јас не ставам било што на мое тело и лице па затоа одбирам и бренд што веќе јас го користам и за неа … не знам што да кажам … можда и грешам ама за козметика и шминка никогаш не штедам
     
    На Feniksgirl, DreamOn, jagoda777 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    5.983
    Скроз исто и јас, еден месец по царскиот ги носев. Само тие не ми сметаа. Ама колку што знам и во болниците ги бараат (во Систина пример со такви мораше - таму ти даваат), па затоа ги допишав од тој аспект.

    На тема козметика, ако за мене гледам состојки и користам природна козметика, за новороденче секако дека најприродното нешто би го одбрала, еве макар и со масло од бадем ќе го бањам ко што даде убав предлог @Amore.Mio. Ако немам за тупфери ќе исечам тетри и ќе го бришам со вода пак, ама онаа хемија од влажни на толку нежна кожа ми нема смисла.
    Мајка ми мене со Косили ме бањала бидејќи во тоа време друга опција немало, ама затоа јас сега мака мачам со преосетлива кожа, реактивна на све и свашта. Во време на милион опции и достапни податоци на нет дека ќе се фатам за рандом хемија, не.
     
    На DreamOn, Mila0000, fragaria и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е претерано за “природна козметика” и погрешно сфатено. И јас за мене користам секогаш убава козметика и медицинска и корејска за нега на кожа и секако би сакала и за бебето убава козметика. Ама ако нешто е природно, не значи дека е океј да се мачка на тело. Лимон на осетлива кожа прави реакција а е природен, куркума ако ставиш на кожа исто прави реакција а е природна. Медот е природен ама кај новороденче може да е и смртоносен. Имам баш зборувано на темава и со дерматолози, природни работи се убави за јадење и цревата ги апсорбираат тие нутритивни вредности, не кожата. Исто и апликацијата “Inci beauty” што не ни знаеме да ја користиме, одредени состојки сами по себе може да се штетни ама ако ги има во поголема количина, ако служат како помошни состојки во мала количина не се штетни, ама нема како да го знаеме тоа кога апликацијата ги анализира самите состојки само по име а не како се врзани во самиот состав, такашто мислам дека е сепак подобро козметика “хемија” тестирана и проверена да се користи за бебе отколку нешто “природно” и “органско”.
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. olly14

    olly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    699
    Za pelenite 100ce ke si zemesh poshto po 7-8 na den ke menjash. Kolku i da se rodi prvite 5-6 dena ke simne kilaza okolu 150-200gr zoshto im spagaat otoci. Jas za maliot se rodi 3150 pa padna na 2980 posle 5 dena. Iskoristiv 4-5 paketcinja od po 50 pred da preminam na 2ka
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Има има разлика од- до... сега кој колку сака со тоа да се замара, лично право. Не мислам дека некој наметнува мислам дека во море производи треба да се изберат тие што се подобри во секоја смисла. Како за храна кога бираме, така и козметика, така и облека. Има козметики кои може да се дозволат еднаш се купува се троши два три месеци за бебенце може и подолго.


    Зедов цела козметика од Веледа, мислам дека е најдобра опција за ќерками. Дополнително бадемова крема за пеленска регија, зошто веледа пеленска рачунам да ја користам за навечер кога ќе спие подолго со пелената а преку ден бадемовата. Пелени Бејби лов 0 гледам таман и се за сега, после имам и 1ца снабдено. Физиолошки раствор со шприц игла тоа да вадиш, за очиња лице да се чисти и гази 5x5 малечки зедов повеќе. Туфери од дм за газе да се намократ со вода. Тоа е тоа што имам земено од козметика и памперс. Другото да видам сега ќе не пуштат деновиве и ќе следиме.
     
    На ginger, Thinkerbell., fragaria и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    На апликацијата инчи за секоја состојка е детално објаснето колку е штетна и што претставува истата
    Конкретно за Бекутан содржи толку штетни состојки што и во најмала количина можат да се фатални во одредени случаи.
    Сега тие состојки се во мала количина ама редовно користење можи да направат голема штета, посебно козметиката, после се чудиме како секоја година од канцер заболуваат толку луѓе. Порано не користеле толку вакви препарати, јесте ке ти биди кожата мазна и затегната ама сето тоа си носи последици.
     
    На joy1, fragaria и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  10. stormyy

    stormyy Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, знам дека тука не е место на прашањево пишав во друга тема ама гледам дека тука сте поактивни па можеби некоја членка имала слично искуство. Вчера (11дпо) правев лабоквик со прва урина покажа бледа розе линија (исто ми покажа и со првото дете на 11дпо). Денес да се осигурам дали расте хцг немаше лабоквик купив self clear ама јасно негативен излезе. Имам многу рани симптоми (знам дека е прерано ама ова е нешто невообичаено за мене) ми се гади од мириси дури до повраќање веќе 2 дена, цела недела мочам на пола саат и други симптоми слични.Утре или друг ден треба да добијам чувствувам минимални болки кај царскиот рез како за добивање ама по благи. Дали некоја членка имала слично искуство, дали self clear може да даде лажно негативен или лавоквик лажно позитивен? (до сега секој месец лабоквик купувам скоро година како се бориме за второ никогаш ми нема покажано бледа розе линија ниту евапорациска)
     
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    5.983
    Види, ист ваков пост и јас сум пишувала пред неколку години, дека храната е за јадење не е за на кожа, кожата нема ензими за разградба и бла бла, дури сум седела цела црвена во лицето и мењав милион медицински козметики препорачани од дерматолози куп, нели, оваа линија не ти одговара, ајде сега оваа и така до сите познати што ги има кај нас на пазарот, буквално.

    Се додека во краен очај не решив да си ја земам работата во свои раце и после 10 години негирање конечно да дадам шанса на онаа “хранана” која што во широк лак ја заобиколував, јер нели извикана глупост и помодарство, и сфатив дека сум била во огромна заблуда. Тој што немал мака и со Бекутан ќе помине, тој што имал на сѐ ќе дува и сто пати ќе препрочита и ќе се размисли.

    И жити се кај прочита мед и куркума и лимон на кожа од новороденче, збориме за козметика која посекако е тестирана, само што не е на база на нафта, на пример.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    И јас од мака имам научено што ми одговара на кожата и генерално во ист правец ни оди коментарот. Се согласувам дека треба да се одбере убава козметика со убав состав, баш напоменувам дека и за мене купувам таква.
    Алудирам на коментари од типот поприродно за бебе, за мене природно значи свинска маст да му мачкаш или некој мелем што го прави некоја тетка во домашни услови. Веледа, мустела итн се правени во фабрика, дерматолошки одобрени и секако не се органски. Ама пре би одбрала Веледа отколку да му мачкам “природни” работи на кожа на бебе а се повеќе гледам реклама на “органско”, берено од планина, од билки во двор растени, во домашни, непроверени услови итн. што мене лично не ми се допаѓа.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.225
    ве читам и искрено сфаќам колку и јас бев изгубена пред да се породам.

    сега се осеќам многу поспремна за второво, а за првото лутав шо ми треба и не знаев кого да слушам и што да купам.

    што се однесува до козметика и јас сум за бебе да се купи поскапа козметика, барем додека е новороденче и додека се нежни. јас лично имав купено мустела за бањање и лосионче, ама за кратко почнаа да и се прават лишаи па свртев на биодерма за атопична кожа, која што уште ја користиме ( три ипол години е сега ),за второво ќе користам биодерма од старт најверојатно затоа што сум задоволна од се што имам ставено на биодерма. исто така не се сложувам со пречесто мењање на пелени, знае тоа да направи иритација, а имав другарки купуваа и ставаа шо стигнат шо е на акција, јас тоа не сум правела и не би правела. за влажните, мене ме посоветуваа дека слипи 99 посто вода имаат најмалце хемија, такви користев, па свртев на виолета 99посто вода. за миење дома сум ја миела, но сум користела и влажни, тоа дека надвор ќе го миете не се лажете, не е така едноставно :D
    друго, што ви ве посоветувала за новите мајки, не мора се да имате дома, особено тие во приватни болници шо се пораѓате. јас ништо немав, ни пелени имав купено , ни гаки , ни влошки за мене ни ништо. дента кога не пуштија со список во аптека маж ми се купи, и така тоа е период во кој што секој ден се оди во аптека за нешто :D не трупајте многу пелени 1, брзо качуваат на килажа, а од друга страна зависи и кои пелени ќе користите. нас кога не пуштија од болница ни дадоа 2ка пелени (бекутан даваа тогаш во систина) малата ми се роди скоро 3.600 не беше за кец бекутан, ама памперсот беа поголем калап, од нив 1 и беа таман. плус ќе ви изнапишат од болница работи како капки, пробиотици итн итн, може некои од вас ќе добијат совети за дохрана и за адаптирано млеко така да сигурно ќе одите по аптеки, не мора од прв ден до ноктарче се да имате :D

    се надевам ви помогнав, ако ви утеха ја имав замисла дека бебето сабајле го облакаш во еден аутфит и дека тоа така цел ден ќе седи па имав купено само 5 бодиња и 3 пара шпикозни, пошо моето е корона бебе па ни мекици не правевме и не добивме ништо буквално немав во што да ја облечам :rofl: па сите идеа докупуваа бодиња и шпикозни, па фала богу се супер искочи :D
     
    На Ani93, LiquidLuna, Thinkerbell. и 10 други им се допаѓа ова.
  14. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Во право си највеќе за тоа дека нема потреба од трупање, секако ќе се тркне до аптека/стружанка за облека во секој момент. Тоа за козметиката скапа/ефтина си е лично право на мајката, без наметнувања од страна, но сепак сметам дека повеќе од едно кремче и гел за туширање бебешки не треба (мое мислење). :)
     
    На Sladjask и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  15. Ariel.20

    Ariel.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да споделам мислење. Јас за ќерка ми од прв ден дома имав се козметика на веледа и сум презадоволна и ден денес. Но направив огромна грешка што ги послушав мајка ми и свекрва ми за павловичева да земам за газето демек најдобра била. Си викам ај толку години се користи и ние со таа израснати, па да ја пробам. После секое менување памперс бришев со влажни и од кремата ставав, газето секогаш мрсно но гледам црвенко. За веќе после месец дена да и се направат такви рани плачки беше на секое мочкање, пошто рани со крв како изгребано кога ќе паднеш, буквално преку ноќ се направија. И пак совети стави ова мачкај ова. Ништо не послушав. Ја оставив цело време гола да седи замотана во пелена. Ја миев дома на чешма после какање и ја оставав пак гола замотана во пелена без никаков памперс. На гости кога одевме со мене си купив од тие дебелите муслински марамчиња ги мокрев на чешма и со тоа ја бришев и пак ќе поседеше 10тина мин сама да се засуши влажната кожа па памперс. За 4 дена се среди кожата стакло сама од себе. Кремата на веледа за пеленска регија ја користев само кога потпорасна ако јадеше патлиџани, ананас, киви нешто што иритира па да е црвенка, ќе ставев од неа до следно менување пелена немаше ништо. И ден денес ја користам таа крема, дури ми помогнала за кожата под носето кога дува многу често нос па се иритира од хартијата и пече, од вечер ќе и ставам дене слој до сабајлето нема ништо. За бањање ми викаа убаво сапуница да се направи па после цело бебе да го мачкаш со млеко за тело. Свекрва ми зема после првото бањаење со јекодерм ја измачка од глава до пети, демек за убава кожа, цела беше мрсна леплива шпихозните намачкани и никат веќе. Таква козметика за мене не користам не па за бебе. И само веледа и ништо друго, но не секој ден мачкање. Детево никакви алергии нема, кожа прекрасна мека. За бањање секој ден е бањата но во водата ставав маслото од веледа и така ја миев а на косичката само шампон дека најчесто за косичка ја пипкаа и бацуваа домашните. Млеко за тело преку зима ставав еднаш неделно. Козметиката ми траеше со месеци дур ја истрошам така да не ми беше скапа. За памперс земавме памперс премиум бр.1 за почеток, после памперс обичен ми беше страв да сменам читав често од промена на памперс се иритирала кожата, нејќев пак проблеми. Од број 1 три пакетчиња искористивме, па сменивме на 2ка. Се роди 3150 а излезе 2930г 1цот и беше таман. За ова бебче дефинитивно ќе гледам да биде бејбилов пелените, ем поевтини ем мислам подобри се со состав и не мирисаат толку. А веледа не ја менувам. Што помалце работи се шљакаат на бебе поубаво ќе е, а не кожата се навикне на козметика само па после цел живот сува кожа. Јас така сум, мачкам секој ден дека без крема како змија сум се перутам ептен. А како мала сум секој ден мачкана од прв ден со павловичева и јекодерм и незнам уште што. Цел живот имам сува кожа. Ќерка ми сум презадоволна каква кожа има, свети кожата и зимо и лето со минимална нега. Влажни сме пробале и бекутан(немав еднаш избор), хипп розевите со парфем што се и виолета дабл, ама се ужасни за бебешка кожа, барем за нас. Хипп сензитив сините се супер и супер состав, ги користев кога сме излезени било каде, само кај блиски на гости и дома цело време со вода ја миев. Што поприродно тоа поубаво. Ништо фенси не ви треба, ни ноктарчиња ни турпии, ножички обични за ноктиња вршат супер работа. Чешел за коса никогаш не искористив ни со меките влакна ни обичен чешел.
     
    На Baby warrior, Cvetce_, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    17.378
    За влажни убави имаш од babylove, јас од почеток ги користев тие за поголемата (кога ја бришев со влажни) и сега пак од тие планирам, секако зимам големо паковање 4х80. За пелени исто babylove користев за поголемата, сега за бебето земав исто babylove само natural. Земав за почеток две 2ки по 28, да видеме како ќе се покажат ако се добри ќе продолжам, ако не ќе одам со обичните.
    И дефинитивно за почеток не треба никакви шампони и млека за мачкање. Мене патронажната ми кажа уште тогаш само со мокра пелена да ја бришам, дека првиот месец воопшто не треба ништо да и ставам, но што викаш првиот ден дојдоа мајка ми свелрва ми ајде шампон, едвај се убедивме во водата малку да и стават а не на нејзе, и јас тогаш со Веледа почнав. После ја измачкаа со јекодерм, па свекрва ми купила и за кај нејзе едно и за кај мене, да не снемаме случајно (facepalm)
    Па се убедувавме дека педијатарот рекол никако да не и ставам (facepalm)
     
    На Ariel.20 и fragaria им се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.225
    среќа мене не ме убедија за јекодерм иначе пробаа :rofl:
     
    На Puffy2019 и pamelche им се допаѓа ова.
  18. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Ако си во можност најдобро провери преку крв
     
    На stormyy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Девојки во поодмината бременост или со искуство, спуштање на стомак кога почнува? Кај мене гледам дека полесно дишам, киселините значително се намалија а и имам простор за повеќе јадење. Осеќам повеќе движења од бебе но стомакот како да ми подспадна. Јас сум доста слаба, 5кг сум поправена до сега, 34 недела.
    И повеќе лажни имам сега, или па бебе притиска не знам… кратко траат, не се болни и не се на интервали. Се мислам да тркнам денес до лекар
     
  20. stormyy

    stormyy Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мене почна да ми се спушта стомакот во 35 недела точно пред да влезам во 9ти месец. Тогаш испукав почнаа стрии и почнав да се ширам (преслаба трудница бев и јас). А скроз ми се спушти стомакот вечерта пред да ми пукне воденикот 39+2.