Ќути од тоа убедување коса ми се крева. Од болница излеговме океј и беше кожата, за после два три дена да почне да се перута помалце. Незнам дали беше од бањањето и кремата, дека одма после тоа и се појави. Ми кажаа да не ја бањам една недела ќе се повлечело само. Кога им кажав дека нема да ја бањаме заради кожичето што и се перута имаш како тоа да не ја бањаш, ти се бањаш секој ден за да ти олесни, а неа ќе ја оставаш така, да сум земела пешкирче да ја истријам се ќе паднело итн. Хаха работава пилинг да и направам. Ама па среќа и двете баби ни се млади, тогаш имаа по 48 години, па немаше нешто којзнае колку опирање, фатија и двете да читаат и од нет и книги, дури повеќе и од мене па ми препраќаа да сум видела. Сега и они ко мене читаат состав на се и сешто и препрашуваат што може да се купи . Сега за второво знам, душиче првово ко експеримент
Здраво идни мамички. Ајде дали има уште некоја како мене. Кога почна повеке да ви се познава повеќе стомакот ? Јас сум со прво бебче бремна девојче носам и сум 30 недела тоа е 7 месец. Сите кокј и да ме видат ми викааат дека не ми се познава многу стомакот дека ми бил стомакот многу мал како да не сум била 7 месец. Веке ме нервираат со коментарите.. Докторов на клиника ми вика дека е ок се и дека е се нормално со бебче е секако се во ред одам на конторли често ама ова со стомаков многу ме секира што не ми е многу голем..
Здраво идни мамички. Ајде дали има уште некоја како мене. Кога почна повеке да ви се познава повеќе стомакот ? Јас сум со прво бебче бремна девојче носам и сум 30 недела тоа е 7 месец. Сите кокј и да ме видат ми викааат дека не ми се познава многу стомакот дека ми бил стомакот многу мал како да не сум била 7 месец. Веке ме нервираат со коментарите.. Докторов на клиника ми вика дека е ок се и дека е се нормално со бебче е секако се во ред одам на конторли често ама ова со стомаков многу ме секира што не ми е многу голем.. Како се справувате вие со коментарите на тие што ви викаат мал дека ви е стомакот.. Дали е битно колкав е стомакот ? И дали допрва повекке ке порасне фала ви
ме насмеа иначе и ја не ја бањав секој ден, така ми кажаа од болница, и миев газе, ама класично бањање со се глава се не, мојата е декември родена, па уште на тоа ладно и исто добивав коментири како јас сум се туширала секој ден како не ми било жал
Стомакот не е мерило за тоа колкаво бебенце носиш. Очигледно тие што ти коментираат немаат поим од тоа како функционираат некои работи. Мене стомакот почна да ми се познава некаде кај 8ми месец, а пред тоа никој ми немаше речено дали сум бремена. А веќе во 9ти неможев да правам ништо од стомакот, значи нагло ми порасна на крајот. Секоја жена си е различна , ич да не те додирнуваат такви коментари.
Мојата свекрва има работено долги години кај педијатар како мед.сестра и јас не оспорувам дека е стручна и дека тогаш така препорачувал тој педијатар(можеби и сега така си тера). Ама дека се е сменето, дека многу повеќе информации ни се достапни на нас денес и дека имаме многу повеќе избор, тоа е факт. Имаме блиски во странство и таму уште од болница им кажале дека бањање на новороденчето нема, само да го бришат. Тука се искосија, 'греота дете гадно да седи', 'ќе земам ќе одам да го избањам само'.
Мислам повозрасните многу тешко менуваат мислење, си тераат на тоа што го правеле/знаеле. И ако им укажеш дека сега има нови препораки, нови истражувања за работи поврзани со бебиња, аргумент кој често сум го слушала е: Еее ние како сме ги пораснале децава, сега значи модерниве мајки (и тука си набројуваат нешто )... Сигурно ниедна мајка нема да си го остави бебето валкано, пак ќе се избрише и исчисти, не знам што замислуваат кога ќе се рече не го капиме бебето Ова интересна тема ми е сега и се смеам на муабетиве, ама здравје Боже кога ќе дојде денот може и ќе ме нервира, ако има 'отпор' и упорност од нивна страна (а бабите имаат предиспозиции за тоа). Само здравје, да биде сè во ред, па нахнадно ќе му се секирам за овие работи
Кај мене па беше секој ден требало бебе да се бања и мачка за да било со убава кожа, а да се чудиш сите сме со катастрофа кожа. Јас ја бањав секој ден ама само со водичка и капка две од маслото, косичка не толку често еднаш во неделата. Од бебе и направив рутина дека има вечера, бањање, гушкање и спиење. Еве ја 5 години си знае како и е рутината, нормално според годините прилагодена, со миење заби и читање книга плус. Ама за еден тон други работи се обратно сум правела. Од спиење со капче и чорапи, чорапи и долги ракави под шпихозни обавезно, шетање само на сонце и други работи. Да ти кажам сфатив дека не треба да се замерувам за ништо, они така знаеле така научиле сосема друго време, не израснале како умееле и тоа е тоа. На непознати ич не се објаснувам, ама на нашите да. Сакам да разберат и они. Пример мојата е родена во февруари,ама баш таа година во април имаше снег. До 40 дена на тераса и во двор бевме. После тоа секој ден по два пати по саат ипол два ние шетавме низ насрлба со количката. Буквално на секое време, снег, дожд, ветер, сонце, на се бевме надвор. Можеш да замислиш само каков шок за сите постари . На домашните им објаснив зошто мислиме така треба и крај. Човек имаш од страна баби тетки стринки што на свекрва ми и зборат абе вака не е убаво, зошто вака правите ќе се разболи никој мене не ми кажува дека јас млада 23 години што знам, работава незнам детето да си го чувам сакам болно да е. Свекрва ми за мене стапот го јадеше а она ми е ептен срцка помош број 1 и неа ја научив на дожд да шета . Од денешен аспект се иплатеше се. Фала на Бога имунитетот и е топ. Така да ич око да не ви трепне, мора некогаш да се исфрлат сите тие старски работи за чување и растење деца. Значи свекор ми е сликан на 7 год пред море во јули со волнени чорапи доколеници. Мислам душиче жал ми е после нонстоп биле болни, да се чудиш. Јас малце забегав од темата, извинете
Уште поубо шо не ти се познава И јас имам мало меше и се гордеам со истото, фит трудници сме или шо сме Штом е со бебе се во ред тоа е најбитно, подобро да си слаба отколку сега во жештините да се дуеш и да отекуваш.
Kaj mene self clear pokaza negativen so sure chek a posle toa i preku krv proveriv sigurno bremenost za sleden pat zdravje ne bi proveruvala so self clear
Ако ти е за утеха, утре ми е краен термин, стомакот ми е макс за 6ти. Во маркет дури денес ме примети продавачката, вика ајде со лесно во најжешкото ќе се пораѓаш во сред лето Мене дури после 36та почна да ми се приметува дека сум бремена, освен во нозе и задник не бев никаде поправена, стомакот сега ми порасна ама мал е. Додуша бебе од старт го водат една недела назад, претходната недела беше 3300, што е ок тежина.
Здраво, Поклонувам торба за бебе од Систина, ниту еднаш не е користена. Пишете ми ЛП ако сте заинтересирани.
Ти благодарам многу. Значи има и други како мене . Со лесно да ти е тебе мила. Да си родиш прекрасно бебче.
Така е ти благодарам многу за коментарот. Ама веке последниве 2 недели на глава ми се качија кој и да ме сретне на улица ооо па кај ти е стомакот ми викаат ... Тука е викам еве го.. Па да викаат ама многу мал ..
Јас одма ги сечам со коментар, му викам јас сум фит трудница, манекенка Ич не се замарам со коментари, во мене владее таква енергија моментално шо нема шанса некој да ме падни
Леле јас си викам камо среќа мене да ми беше таква генетиката. Секој ден се гледам во огледало и колку и да ми е убава бременоста се помирувам со фактот дека нема повеќе никогаш да го имам истото тело како претходно. Стриите, вишок кожа, целулит… ама тоа е… Се додека е со бебето се океј не знам зашто се замараш кој што збори. Луѓето секако ќе зборат, а да ти е поголем стомакот па ќе те прашаат дали носиш близнаци ко една другарка што ја прашуваа. Тогаш и тоа ќе ти смета така да чим докторите викаат со бебе е се ок тогаш chill.
Јас во бременоста се "поправив" 9 кг. Значи освен стомаче, друго ништо плус немав. Коментарите беа - леле жено колку си слаба, јадеш ли нешто, како ќе порасне бебето И оп бебе 4.150кг се роди. Не им се замарај на коментарите, каков стомак и да имаш, секако ќе ти зборат
Малку д-димерите ме извадија од памет. Нормално е до 500 вика, а моите се 1772.... Пратив сега и на докторкава да види, али малку паника ме фати...Некој искуство?