Хелоуу, терам веќе 30та недела ама веќе неколку денови многу ретко чувствувам удари, повеќе се како движења низ стомак и скоро секогаш кога ќе ставам рака чувствувам како се мрда од внатре, не секогаш го перцепирам, доста намалено е со интензитет од минатата недела. Дали и кај други вака се менуваат движењата?
Тука ќе се пораѓам, задутре полагам испит за Германски и тешко да стигнам со виза макар и на прво да положам. 25 недела сум веќе. А и кога размислив подобро тука ќе имам повеќе помош, таму сами со мажот ми, туѓа земја, прво дете, јас со терапии и контроли за тромбофилија. Знам дека условите таму се многу подобри ама во мојот случај е подобро да се породам тука, па по два месеци здравје Боже планирам да заминиме. Плодност иначе ќе се пораѓам
Јас 29та полна и ја почнав 30та и исто. На моменти ке осетам како се превртува ама поретко. Ке ставам рака ке осетам и се смирувам. Најверојатно е нормално. Бев на контрола се беше во ред само ми рече докторот маалку намалена плодова вода ама не значително
Здраво денеска сабајле имав болка која траеше едно 5 мин па се смири, ме болеше лево како јајникот да ме боли, и сега исто ја имав таа болка само што ми помина и ви пишав, сабајле го прашав докторот ми вика ако се смирила и не почнала пак лажна болка е, ама чудно толку многу јака болка свиткана одев по дома иначе сум точно 38 недела
Исто, 30 +5, неколку дена не ги осеќав како порано. За Велигден па ич, многу се нервирав, ама после прочитав дека можело да е и од инекциите за зреење а јас примив 2 дози. Денес се вратија во нормала, ама и нормално е послабо да ги осеќаме, како растат им се намалува просторот за движење.
Jas sum 32 nedela...I jas ka osekam poslabo posledjive denovi ama si vikam roa e mozebi zaradi stomacniot virus aro me.maci veke cela nedela....a sto se ne ispiv I plus na dieta..i navecer sro nw spijam.....kako I da mi rekoa utre krvna slika I da me vidat na eho...neznam kako ke dodrzam do utre...
Не е точно дека никогаш нема да го имаш истото тело. Ако сакаш и ти е приоритет, можеш и подобро тело да имаш. Породи се, стави се на строг режим на исхрана, за целулити и вишок кожа операции се прават секако. Не се ни скапи веќе, а и кај нас се изверзирани докторите на пластика. Какво време дојде, сите трчаат по приватни клиники на пороѓај кај што да трепнеш е 2000 евра, па за свое тело и да се чувствувам добро во него не гледам зошто не би ги дала истите пари горе доле.
Исто да, мене во петокот наеднаш ми го снема, бев цел ден во движење и некако си мислев сум го осетила ама не сум перцепирала, си дојдов дома неколку саати абер нема, отидов на ГАК некако ме фати паника дека продолжен викенд, Ќаев беше дежурен и ме гледаше на ехо, вели бебето си мрда нормално, субјективно да не е чувството и не ми спомна за промена дека може да има… Се си беше океј на ехото.. и од тогаш забележувам дека на допир го чувствувам ама вака нема некои удари или нешто, некогаш кога си се шетка па да почувствувам повеќе.. ама еве кај неколку жени овој период истото е ваљда е нормално
На ГАК со прв царски те оставиле до краен термин? Чудно. И мене ми се поминати повеќе од 4 години, прашував за природно повеќе лекари од истата клиника и ми рекоа најдобро царски пак и така ако не се породам до 38 ќе морало царски ради претходна рана. Почеток на лето е па си реков подобро природно, кој ќе пази рана од сонце.
Леле кај налетав јас на доктор што природно ќе ме чека. По препорака од матичниот сум кај него. Јас сакав царски, зошто и за скрининг кога бев, кај др докторка исто на гак ми рече кај со оваа карлица природно ќе раѓаш толкаво бебе. Сега еве и ова е поголемо бебе, прв царски, а овој природно ќе ме чека... оф налет
Ух не знам што да ти кажам. Искрено се зачудив што до крај те оставил, а и бебето е големко. Обично ако имаш еден царски не те ни прашуваат за природно повеќе и по 38 воопшто не чекаат за операција. Сепак ако ти е шубе и не сакаш да чекаш, имаш право да си побараш царски врз основа на претходниот.
А кога отприлика има индиции за дали ќе биде царски или природно ? Досега на еден куп контроли ниеден доктор не ми спомнал ништо, нареден пат баш ќе прашам. Јас последниве месеци мака имам многу од ишијасот, и дека сум со клексани ради тромбофилијата се ми се врти дека царски ќе ме бапнат, плус и во Плодност планирам да раѓам ...
За вежбање тоа да ќе се вратам пак на вежбање ама нема да ми е приоритет да ги тргнам стриите можеби понатаму ако многу ми сметаат а уште помалку би се нафатила на tummy tuck или како и да се вика, или пак отстранување на вишок кожа во делот на стомакот тоа ниту е ефтино ниту пак сум celebrity да се замарам до толку да изгледам перфектно ниту па некогаш би одела под нож за такво нешто. Ете тоа ќе ми биде reminder дека сум имала 9 преубави месеци.
Сакав да кажам, постои опција, доколку ти пречи ептен. А за скапо дека е, не е скапо. Баш ги гледав цените, кај нас е околу 70тина илјади. Па пороѓај во приватна клиника е ѓавол ипол реално, минимум 1500, 2000 евра, па за себе не штедам ако сметам дека цел живот ќе се гледам и нервирам. Секако, ова не треба на секого, ќе си видиш во која форма ќе ти биде телото после пороѓај. Знам жени кои и со исхрана и со вежбање се вратиле само, некои и сами од себе. Муабетот ми беше дека е мит тоа дека после бременост телото нема да ти е исто, се е ствар на дисциплина.
Од 36та сум си меко грло и 1цм отворена, претходната недела бев 1,5. Кај мене бебе го водат една недела поназад, претходната недела беше 3300 некаде. Синоќе ме фатија болки, едвај ја успав поголемата, ама пуштија и сум заспала. А колку се надевав дека ќе фатат
Зависи и таму секој доктор има своја политика Јас кога одев на контроли ја слушав Чибишева ги прашуваше тие со прв царски дали сакаат да пробаат природно со второто, па ете можеш кај нејзе да си закажеш да видиш можеби ќе пробате природно
Која недела си? Мене од 7ми месец ми велеа дека ќе бидам царски, и така и испадна. На првата контрола во Плодност докторот рече дека има шанси и за спонтано. На следната веќе и тој ми потврди за царски. Бебе не беше спуштено долу, и мерките на ехо го покажуваа многу големо. А си се роди 3110