Колку време бевте гладни пред испитувањето за скриен шеќер? Еден доктор ми вика 12часа друг 8 часа..ич не ми текнува во првата бременост колку време бев гладна.
Мрежасти гаќи на царски никако. Баш за царски не се користат, си се шеташ угул гола таму само со влошка вир, и толку.
Зашто не смее ништо да смета на раната, мора или над или под рана да има гаќи, памучни. Ама во болница, барем на гак не даваат ништо на раната да ставиш. И само со влошката си се шеткаш.
Зошто никако? Јас со царски прво само со влошка таму,стани од кревет и доле влошката дојде болничарката вика што се мачиш еве ти мрежасти гаќи стави и после супер беше,едино да се пази само при соблаќање тие кончињата од страна влегуваат кроз дупчињата од гаќите.
Во Систина даваат, јас после и дома цел месец само такви носев, баш обични ми сметаа, овие не ги осеќаш.
Незнам може различни болници различно практикуваат. Ова секако гаќите идат над резот има и дупчиња за да диши и не стега.
Значи мит е само ако немам 70тина илјади хахах Не кажав јас никаде дека не постојат опции фала Богу 21ви век сме и не реков дека ќе се гледам и ќе се нервирам ама да бидеме реални телото поминува низ промени и вака и така со годините и низ животот и бременоста ако за секое едно трчам да се променам тогаш малце ќе ми бидат 70 илјади. За пораѓај би ги дала за друго би се размислила 100 пати.
на Гак не даваат ни за царски ни за природно да носиш мрежасти гаки, знам од другарки, ваљда им е таква политиката не е од пред 5 месеци, туку отсекогаш
Јас и пред 3 години се шетав по влошка, природно породена Цимерката царски, исто беше само на влошка. Не е од сега така
Влошкава не паѓа без гаки или нешто да ја држи? Јас природно породена во Систина со мрежести и влошка бев
Лошо се изразив можеби. Сакам да кажам, ако му е на некој приоритет секако дека ќе се скрпи, не е прескапо, релативно сиромашна држава сме, а повеќето се пораѓаме во приватни клиники, што значи или кредити зимаат луѓето, ништо не е невозможно. На некои жени не им пречи изглед на тело по бременост, некои и само со вежбање постигнуваат, но ако ептен сум висната и не можам да се гледам во огледало, најмалку што можам да направам за себе е да си приуштам таков зафат.