хахаха не паѓа, по две ставав а плус едвај одиш со царски до вц и назад во кревет во болница зборам. Дома после имав газа на раната дека ја третирам иначе жар се прави тоа се синтетички гаќи одма иритација прават посебно на чуствителна кожа. Моментално од маж ми боксерки носам хаха немам време не сум купила високи гаќи. Снајди се па живи.
Леле, јас од Ремедика аптеката имав купено неколку паковања, презадоволна бев. Сега ме фаќа паника дали ќе ги најдам пак истите, баш беа меки, преудобни.
Не, брусница и камилица. Магдоносот ќе ти обори притисок, диуретик е незнам за што го земаш. Увин не се препорачува го даваат докториве толку знаат и тие за нив само чај е. Ако имаш мака нешто уринарно подобра опција ти е деманоза, чај камилица и чај брусница тоа е.
Па и јас имав со првото и си останаа ама пошо знаев дека че имам второ кога тогаш не се замарав ни за стомак којзнае колку нк за ова. Сеа здравје после пораѓај повеќе ќе се грижам и за себе оти знам трето нема да имам
Здраво мамички, вчера бевме на контрола 8,3 недела сум. Да известам дека живеам во Германија. Имам 29 години гинекологот рече дека не е морало меѓутоа добро би било да се направи НИПТ тест и вакцина за Nuchal translucency. За НИПТ тестот ми е малце језа ако излезе позитивен и после тоа што следи несакам ни да замислам. Па да си побарам совет дали некој бил во ваква ситуација. Инаку бебче е супер, има напредок ноџиња и рачиња и видовме чукање на срце ама не го слушнавме срцето, докторката рече следен пат.
Баш денес докторката што ми е матичен гинеколог ми рече да земам увин чај пошто имам во мокрачата кристали од Калциум оксилати и откако ќе испијам цела кутија увин чај да одам да ми направи брисеви. Да не знаеш веќе на што и кого да веруваш....
Ковид е едно, преглед за nuchal translucency е сосема друго. Имено, второво е прегледот, вториот скрининг кога се гледа нухалниот набор на бебето (задебелување на вратот) што се поврзува со Даун синдром.
Nuchal translucency е скан за даун. Се гледа на ехо. Искрено, не знам каква врска има со ковид. А ковид вакцината мене не ми ја понудија овој пат, искрено и не би ја прифатила. Не ја прифатив ни претходната бременост. Ако ти понудат за рсв, од неа би имала поголем бенефит.
Јас живеам во Германија и си го направив НИПТ тестот заедно со првиот скрининг. Немаш причина да се плашиш, добро е да си ги направиш сите анализи. А ова со вакцинава незнам, не сум информирана за што поточно е.
Сега проверив, мислам дека лошо си разбрала. Nuchal translucency ти е самиот скрининг - ултразвук. Првиот скрининг што го прават помеѓу 10-13 недела (така нешто мислам дека беше). Се мери на бебето нешто позади вратот и со тоа гледаат дали е можно да има даун синдром. Овие скрининзи ти се многу важни. Сепак твоја е одлуката. Овој ултразвук оди заедно со НИПТ тестот (преку крв се испитува), барем така беше во нашиот случај Ах и да не заборавам, тука матичните не секои прават скрининзи. Ќе мора да си го прашаш матичниот дали прави, доколку не закажи термин со време бидејќи се чека. А после 13та недела не можеш да го правиш
Незнам ваљда може, една членка од форумот која работи како стоматолог ме советуваше дека слободно можам со анестезија после 12 недела, јас мојот матичен стоматолог два пати го прашав кога може со анестезија, ми одговори кога ќе имам полни 4 ри месеци. Па здравје ќе почекам, малку бил расипан, не многу а меѓувреме гледам убаво да ја чистам храната што влегува, правам гаргара од жалфија и масирам го непцето со Гингивал гел
Јас имам поправано заб со анестезија во 5ти месец докторот рече подобро ваков вештачки адреналин отколку ти да го ствараш природно така е поопасно за тебе и за бебето. А вештачкиот не допира толку до бебето плацентата го штити. Тоа беше неговото објаснување. Ретко кој се нафаќа на трудници со анестезија да работи ама кога нема друг начин како тогаш мора…
Денес ако не поцркам од киселиниве не знам кога, ме уништија скроз од вчера ме држат ама денес се преинтензивни. Веќе имам земено Рефлустат, Рупурут и Гастрогард. Не едно по друго секако, туку со ~3 саати растојание и џабе. Дури го пратив маж ми по Фамосан ама дали се пијат 20 или 40мг? Од 20 му реков да земе па ако треба по 2 ќе пијам. Иначе за мрежастите гаќи муабетот има во Ремедика баш земав пред некоја недела. Мене тие ми беа топ, цел месец си ги носев после царскиот. И не паѓаат тие мрежастите улошки не знам како ама топ ми беа и тие. Дури после цел месец се осмелив да облечам памучни гаќи.
Мене за киселините многу ми помага млекото. И ноќе кога имам пијам половина чаша и ми ги смирува па успевам да заспијам. Пробај со млеко доколку до сега не си пробала
Што убаво ме израдува, утре одам да си земам . Кажи ми за бројче ориентационо, по килажа одеа или? Памтам број два поголеми дека земав тогаш ама не ми текнува точно.
Вадено имам со анестезија, нормално. Поправам без. Дури и 8мици. Не ме боли а секако кога ќе ставам на вага расипан заб повеќе боли.