Хелоу мамии, еве ме мене повторно со второ. Едвај чекам да се дружам повторно на форумов, со првото многу бев активна
Па не знам некако, не ме боли. И така повеќе горе го поправа, не копа во месо. Освен кога ми фиксира пломба, па железото го става, тогаш малце непријатно ми е, ама што знам, не е некоја болка. Со години така поправам заби. Анестезија да трпам после 2 саати отпуштање шанса нема. Ко дрвена.
Девојки една консултација за дидимери. Претходните резултати вредностите ми беа 1164.. со два клексани сум и после еден месец еве сеа искочија 600 и нешто. Со мутации сум. Можно е толку да паднати? Или е некоја грешка? 29 недела сум и до сега се качуваа, очекував приближна вредност и сега испаднаа ниски. Знам дека е во ред дека е ниски ама мутациите што ги имам ме загрижуваат за ако ми ги прекинат и не сум упатена дали клексаните ги даваат врз основа на мутациите или според ддмерите. На почетокот исто ми беа 600 и нешто докторот кажа со два клексани почнуваш
Јас скоро ги забележав и баш се изненадив, сега читам пишува дека е очекувано во бременост ама дал ке ни останат ке видиме
И мене од левата страна на градата према вратот ситни кафенки по цел тој дел ми се појавија баш на маж ми му покажував пред некој ден. Да се породам па летово сакам да отидам на кожен да видам што се случува пошто се многу на број
Ако ти ги дале поради мутации нема да ти ги прекинат може да ти намалат по некоја логика... Јас со намалено аптт под граница ми дадоа 0.40 после 3 недели пак ги проверив беа 1000 ддмери а времињата нормални и ми рече гинеколог прекини ги, ама трансфузиологот ми рече не поради цела моја историја и као да не сум без ич сеа боцкам од 0.20 а контрола 2 недели , мутации немам испитано .... Како ќе ти кажат така јас и со гинеколог и со трансфузиолог се консултирав па одреди некоја минимална заштита
Колку што имам разбрано Д-димери не се главен фактор за клексан Терапија повеќе се одредува според времињата и мутации и плус состојба на бременоста, постелката и ехо Не би требало да ти ги прекинат Можеби по логика ќе ти ги намали Секако ќе мораш на преглед па ќе видиш што ќе ти каже
Да во понеделник сум кај Јани, па ке видиме што ке каже.Постелката почната е да созрева II степен накај трет плус малку поднамалена плодова вода. Со мојата историја не верувам дека ке ги исклучи ама ете ми дојде така стресно сабајлечки
Ке ги однесам и овие и претходните резултати со се мутациите па ке видиме. Ке се консултирам и со гинекологот а во понеделник сум кај Јани
Вероватно ќе ти го скрати едниот, пошто и времињата ти се во граница изхледа со еден клексан ќе си бидеш супер
Кај мене една флека на аеролата изгледа како бемче, се појави околу трет четврт месец. Сега гледам две три кафени флекички на лице, и една на врат. Ептен ми паѓаат в очи и ме нервираат, ама изгледа треба да си се помириме со нив.
Devojki, znae nekoj dali se vo red vreminjata? I pishav na maticnata ama ne mi odgovara, tek vo vtornik sum kaj dr. Afrodita. Sram mi e nea da ja maltretiram sega za ova 24ta nedela sum
Јас се немав загледано и пред некој ден така решив да се средам да не изгледам како бездомник хахах гледам на вратот од двете страни ситни испакнати ама по 5 6 на едно место....ме удри дамла. За линијата на стомак читав дека се појавува и еве си ја носам хаха не бев изненадена кога се покажа ама за ова немав претстава дека хормоните и тоа можат да го направат.
Ништо за паника, одмори се не се стресирај не е скратено. И да се скрати не си во лоша недела ќе ти дадат зреење. Со среќа