Жени каде најчесто ги осеќате бебињата, тие што сте околу 22 23 недела? Значи цело време го осеќам долниот дел од стомакот и дефинитивно над цервиксот. Таму бутка ме клоца дури боли, се мислам ќе испадне. Преку ден го нема ама вака навечер и цела ноќ обавезно таму ме мава. Кога се креваат нагоре?
Така е, јас веќе ком крај на 24, почнав малку горе да осеќам, околу папук и над папук. Сега како врват деновите, се почести се удари погоре, но во најголемиот дел се пак долу. Сега сум 26+4, за три дена полна 27.
Треба да е качено горе во висина на папокот. Јас исто го чувствувам многу доле како клоца, баш над мочниот меур и често ме тера да мокрам. Ептен сум збунета, вчера бев на преглед и наместено е попречно со главчето лево кон десно во висина на папокот, докторката ми кажа дека ножињата и се нагоре, а цело време чувствувам како доле клоца и мрда .
Моето само пред некој ден го осетив малце повисоко и имав два дена киселини. Иначе активно го осеќам на ниво на папокот. 24+5 сум бремена. Која недела си?
Девојки, стигна и мојата убавица на овој свет Малку и се брзаше па се роди точно во 8ми месец. Стабилни сме само ќе ни треба малку време да порастеме
Честитки мама реков ја ќе ме оставите сама да се пораѓам во јунииии Да е жива и здрава и мноооогу сакана