Исто и јас имам познаници што пушеа под аспиратор во мала дневна споена со кујна, што викаш бебето на метар два од нив. Абе маж ми ко ќе влезе од надвор после цигара не можам да стојам до него, не ми се јасни луѓево со вакви утешителни оправдувања, то корне на цигари цел стан, битно под аспиратор пушеле .
Кај тебе со второ е полеснооо, си го знаеш редот ја во еден момент викам ок скоро сум спремна, наредниот момент викам за кај си спремна жити се поима немаш што ќе те снајде пред некој ден бев кај матичната ми вика ќе тера до јуни секако ќе си влезеш во 9ти без проблем затворено е грлото и долго … така да уште најмалку еден месец имам
Имам и комшивка под мене, скоро секој ден готви на тараса, си има шпорет извадено, за да не си сосмрдува дома. И нема рсзбирачка. Последно ќерка е, ме застана и ми се извини, вика постојано им велам дека не е во ред и џабе. Кромиди, зелки, запршки, ужас...периодов како што осеќаме се поинтензивно, се затворено и пак влага миризба. Немаат осет. Па и пикавци ко ќе видам исфрлени по скали, срамотилоци.
Додека не почне да се казнува со закон тие што усмрдуваат цел влез или у твојата тераса смрди од летна кујна, ништо не им можеме. И да не сум трудна не сакам да смрдам на нечија манџа. Некогаш дома избегавам да готвам за да не се усмрдиме, па смрадот на таа испод ли да го носам. Имаме така некои селски навики на национално ниво и крај.
Кај мене се осека дури можам и да погодам што прави за ручек, вчера правеше каша со ќофтиња кај нас дома морисаше како јас да готвев
Добра е Нате пројдовме родилна килажа, чекаме очен преглед наредна недела , др е добро све и мислам ќе не пуштат среда Многу измешани чуства, ја сакам многу да си дојде а се плашам како ќе се снајдам и дали ќе е добро. Пред неколку дена кога ми ја дадоа да ја држам дише забрзано па застанува потивко па прави фацички.. очи нагоре лелее му викам на мм се препотив душава како зајак исплашена срце чука. Оно све нормално ама дека е родена така па во ум све ми се врти...подобро е човек кога нема многу познавање од медицината пораат во све..
Го поминав истото со ќерка ми со тоа шо она беше 37 ма нед ама беше на кислород првиот ден дома т.е ноќ ако веруваш дежурав до 6 ,дете сшие гајле нема. И шо викаш анализи на дишење ,анализи на мрдање абе на се.. после си реков Господ како сака јас колку и да дежурам џабе. И така еве мојава ѕверка 4.5 г без никакви потешкотии си е. Немај гајле најлошото ви помина Ќе се снајдете сите 3 ца Ти како си со раната ?
Фала ви. Да знам дека највеќе до 200 мг е дневно дозволено ама ме интересираше дека ова нели зелен чај и плус кофеин. Chatgpt и чичко гугл викаат дека е дозволено и супер замена место една шоља кафе, ама баш ќе го прашам и чичко доктор што ќе каже
Па уште тече дренира... има уште едно дупче мало споено е со светло кориче ама низ него тече, ставам вадам гази стерилни, прскам спреј неколку пати во ден да не се инфицира, ја мислам кога сум дома легнувам и ја отварам да диши да се суши. Аман да се среди додека ја земам малата... и незнам дали треба да боли уште, отрнат стомаков и болка на седнување на станување, на подолго стоење. Пијам бруфен еден навечер ме опушта да заспијам. Од прв ден кога дојдов дома јас по два пати во болница, може и затоа потешко се опоравувам не сум застанала да одморам.
Јас си пиев, посебно во прво тромесечие, сега некако ја подзаборавив ама по тоа што проверував смее и е поздрава од кафе секако