Дојдов да видам која се породила, машала ве има неколку. Нека ви се живи и здрави! Да уживате со многу љубов и гушкање
Од вчера кога пиша ги меркам овие од Ојшо, кажи ми дали се пријатни за носење во контекст на запотување и сл (читам состав на матерјал - полиестер, а вообичаено се препотувам во такви парчиња)? Во Ист Гејт во ДеФакто некни зедов комплет, широки пантолони на ластик два броја поголеми - 46 и наметка. Ленени се и баш се пријатни за носење. Немав време да влезам во Ојшо, мака ми е.
Не сте во право, што ако е количка као за бебе па нема гајле... да се мавам на секое поминување зошто они немале место, не е дека немаат не сакаат да се замараат и ја чистат па внесат полесно е шлапни ја у ходник...ако е така ај јас сушара за алишта да стаам у ходник зошто дома немам место или куче да врзам у ходник зошто дома може ке се митари ....без врска... А за храна не зборуваме дека не смее да се готви и јас готвам и кромид ќе спржам ама не зезајте друго е коа ќе замириса влез и само поминеш друго е цела миризба од доле да ми иде кај мене зошто она сакала да готви на тераса за на неа да не и мириса ...ако не ,,смрди,, запршка храна е, што не си готви внатре. Заедничко домување е тоа, мора да имате осет дека и други луѓе живеат околу вас. Некој може се вратил 3 та смена од раб, или болен е бил на хемо јас да опнам музика до даска да се тресат ѕидови...осеттт и култура никаква.
Ојшо се поелегантни, по “лизгави” баш ради материјалот. И многу убаво изгледаат. А потат но брзо се суши. Јас имам и од Калцедонија, памук се и преубави. Но нив маана им е што не изгледаат така мазно фенси туку се пообични, може и во колената да се соберат и малку црната боја е побледа. Цената во Ојшо е околу 2000, Калцедонија околу 1500.
Oysho, maternity пантолони ги има фва различни модела и две бои, црни и беж. Не можам доволно да ги препорачам, најудобното нешто што постои плус стварно добро стојат! И ги носам негде од 6ти месец, сега сум 39та недела и еве за на контрола пак нив ги планирам, материјалот е таков што уште ми се удобни мислам дека се околу 2500 што за трудничка облека звучи ко фрлање пари ама ова стварно се исплати.
Од Ојшо се ко драј фит материјал оној за вежбање. Општо на хеланка тој материјал ми е далеку подобар од памук. Памучни ми се по за по дома некако, башка отцртаваат многу и се се проѕира. Имам и од стружанка ене ги едвај и низ дома ги облакам. Не ми се даваа 2000 за хеланки ама па стварно ги дупнав од носење, по спастрено изгледаат од другиве. И јас се потам ко стока да речам онака утоп сум сегде, меѓу нозе и под гради ко ќумбе да имам. Не ми се познавало на овие хеланки ништо.
Како ти стои комплетот 2 броја поголем? Задоволна си како изгледаш? Јас ако земам еден број поголема маичка/блуза/кошула, горе кај рамениците ми е огромна и пливам во нив. Затоа не сум ни купила поголем број.
Ете јас имам мал ходник и сега што правиме? Ако ви пречат згради иселете се во куќи. А за готвењето, што ако е дома и имаш аспиратор, каде ќе оди миризбата од него? Пак надвор и ќе мириса пак на рој над мене...така да исто е тераса и дома со аспиратор
Јас од Ојшо ич не ги износив, удобни се ама ко тренерка ми е материјалот и не ми се за на работа. Но и таква си е колекцијата, спортска. А од овде до онде ги бива. Ни за по дома не ми се бидејќи потат, џабе фрлени пари кај мене. Од Стружанка хеланките сум најзадоволна од аспект на удобност, ама тешко се облакаат дека памук.
Имам и куќа не ме мисли мене, ако ти е мал станот купи си поголем е работава. Ако е направена зградата како што треба нема да мириса кога готвиш на аспиратор еве кај нас не мириса и самиот аспиратор има клапна да не враќа ...А на тераса иде директ кај тој над тебе. И ајде убав ден недела, не брецкајте за карање зашто овде сите сме трудни со хормони до даска има попара да се направиме кој е прав кој е крив. Факт е дека не сте сами во зграда и да се понаша кој како сака.
Не знам зошто се препирате околу зградиве, миризбава, узурпирање простор. Кај нас прво фали основна култура на народот, почитување, емпатија па после се друго. На крајот на краиштата постојат и закони за заедничко домување а има соседи кои не ги почитуваат. Јас дома имам аспиратор кој не го употребувам бидејќи комшиите над мене се веројатно постари и готват потешки јадења и доколку го пуштам во употреба мојов аспиратор миризбата од таму цела ќе доаѓа навака, сега се осеќа помалку... Комшиите под мене се со поголеми деца и секоја вечер на тераса седат се собираат, јас имам помало дете сега и бебе, немам право ништо да им кажам и не, не ми смета тоа, треба толеранција. Тоа што ме вади од такт се комшии кои реновираат со месеци, бушат со хилти, а точно во зграда со 15 ката живее секаков народ, од болни од бебиња деца, тука треба разбирање, а не да се фаќаме за ситници ко што увек како народ знаеме да се фаќаме.
Горната наметка си ја купив во мој број, има комоција. А за панталоните да бидам искрена не се бендисав многу во моментот на купување, ама ги зедов така за да можам барем месецов и осми месец да ги поминам во нив. Еве од некни до сега, си се пополнети малку. Уште ми чинат стари хеланки и пантолони со ликра, ама ептен почнуваат да ме стегаат во стомакот и ми создаваат непријатност, па два броја поголеми ми беше најдобро решение хаха. Влегов и во Хм, имаше убави ленени панталони и големи броеви, ама во моментот ми беа скапи и не си зедов. Ми излегоа на инстаграм некои тибба облека за трудници, ама и тие скапи, бициклистички 1800 ден.
Не се грижи имам голем стан, но ходник мал. А тоа што има клапна аспираторот гледам не се разбираш. Зборувам за аспиратор изваден надвор како што е во многу згради и кога ќе работи аспираторот клапната се отвора и миризбата ќе ти дојди горе ако живееш над мене. Поздрав
И јас до сега си носев хеланки со ликра обични ама веќе почна на мешето да сметаат Досега земав само од Стружанка едни памучни убави се удобни ама малку проѕирни, и едни си најдов во hm кратки хеланки памучни убави и не беа многу скапи околу 600ден има сите броеви. На друго место немам забележано Допрва ќе барам трудничка облека Со тоа што мене битно ми е да е памук или лен не можам друг материјал Така да фала ви на сите што споделивте
Јас цел 7ми, 8ми и 9ти месец ги поминав во два пара памучни труднички хеланки од Waikiki, а дома пижами под стомак, не трпев ништо друго. На патолошка бев па барем не морав да мислам за на работа што да носам, тоа ми беше облека за на секој преглед
H M mi se mnogu skapi. Aj so nemaat nekoj izbor na modeli nemat ni brojcinja. Zimoaka zemav helanki kako pantaloni debelki 1800 gi iznanosiv . No koga I da vlezam vo diamond nema nikakov izbor a vo city mall voopsto ne najdov.
Исто, тешко поднесувам на мене полиестер, полиамид и сл. Вискозата ми е прифатлива. Има едни хеланки од струмичка фирма - МБ се вика, памучни се, има и нормален и труднички крој, ги има по трикотажните дуќани 450 ден ги земам. Уште не сум зела од трудничките, кај да е ќе ги земам. Исто ко и другиве памучни, и на овие од перење како да им подизбледнува бојата, ама не паѓаат, не се лизгаат и не се проѕирни. Во маливе градови ние па ептен немаме избор, едно waikiki е со поголем избор и пак ништо трудничко.
Бициклистички на Ојшо (копија) имаше во Јуратекс Ѓорче и не се лоши, и материјал ок, беа 400 денари е сега не знам дали ги има има. И хеланки Ојшо имаа, и тие исто супер се. Јас имам неколку пара од Папи Коко, ама не сум ги пробала дал ќе ме стегаат у стомак. Во Папи Коко беа 700д на Ојшо, а во Јуратекс 400д. Може да им пишете на ФБ, Инста дали имаат пак.
Да исто на патолошка сум и не сакам некоја многу облека да купувам оти нема потреба, не одам некаде посебно Ама хеланки ќе морам Широки блузички имам Waikiki немаше буквално ништо последниот пат кога проверив